Предлагам: да ги здружиме силите и да ја спречиме екстрадицијата на Асанж од која било европска земја во САД, за да може тој да отпатува во Стокхолм и да им дозволи на неговите обвинители да го слушнат неговиот глас. Ние работиме заедно за да ги зајакнеме позициите на жените, истовремено заштитувајќи ги обвинувачите кои ги објавуваат мрачните тајни на нашите влади, армии и корпорации кои би им овозможиле уште повеќе да ја сокријат моќта од јавноста
ЈАНИС ВАРУФАКИС
Сите мои средби со основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, се оиграа во истата мала соба. Како што на разузнавачките агенции во светот им е познато, во периодот од есента 2015 до декември 2018 година, повеќепати отидов во еквадорската амбасада во Лондон, во посета на Асанж. Она што шпионите не можат да знаат е како чувството на олеснување ме обземаше секој пат кога ќе излегов од таа зграда.
Се сретнав со Асанж, бидејќи, длабоко ги почитувам првичните принципи на Викиликс. Кога бев тинејџер, го читав „1984“ на Орвел и јас бев исплашен од државата под надзор на високо-технолошки можности и можните последици за односите меѓу луѓето. Асанж ме привлечен на почетокот со текстовите – особено со идејата дека технологијата создадена од страна на државата треба да се користи за да се создаде огромно дигитално огледало кое ќе им покаже на сите што се случува – ме исполни со надеж дека заедно можеме да го поразиме Големиот Брат.
Но, кога се запознавме, таа прва надеж веќе беше избледена. Седевме и разговаравме до доцна во ноќта, опкружени со полици за книги, полни со еквадорска литература и владини публикации. Уредот на врвот на една од полиците емитуваше бел шум што го спречува прислушувањето, од чиј звук на човек му се слошуа. Поради клаустрофобичноста во таа мала соба, заради лошо сокриената камери на таванот вперена директно во моето лице, звукот на бел шум и застоениот воздух, како што одминуваше времето, чувствував растечката потреба да истрчам надвор..
Критичарите на Асанж веќе со години пресудиле дека домашен притвор е негов избор: тој се скрил во амбасадата на Еквадор бидејќи ги прекршил условите за ослободување во Британија, за да избегне обвинение за сексуални напади во Шведска. Како маж, немам право да изразам мислење за овие обвиненија, бидејќи гласот на жените што пријавуваат напади мора секогаш најпрво да се слушнат. Јас еднаш му кажав на Џулијан дека ќе се соочам со неговите обвиненија на негово место, за да ги сослушам внимателно и со почит, без оглед дали обвинението е официјално покренато или не. Тој одговори дека тоа и тој го сака. „Но, Јанис”, рече тој, „ако одам во Стокхолм, ќе ме затворат во самица, а потоа ќе ме стават на авионот и ќе ме испратат во посебен затвор во Америка, пред да добие шанса да одговори на обвиненијата.” Да ми го докаже тоа што зборува, тој ми го подаде писмото од неговиот адвокат кои властите во Стокхолм, каде тој нуди да се појави пред судот, со гаранции дека тој нема да биде екстрадиран во САД под обвинение за шпионажа. Шведска не одговори на овој предлог.
Со текот на годините, поминати во еквадорската амбасада, со оглед на околностите, кои Обединетите нации ги опишаа како „неосноваан притвор”, многу од моите пријатели и колеги ми се потсмеваа на моите стравови и ме нападнаа за поддршката што ја давам. Минатиот септември, историчарот и феминистка, Гермејн Грир, го сумираше тоа во својот коментар за австралиското државно радио. „Тие нема да го екстрадираат во Америка”, рече тоа потсмешно и ги обвини адвокатите на Џулијан за тоа што го убедуваат да верува дека таквата екстрадиција е можна додека во исто време земаат пари од правата на неговата книга.
Сега се наоѓа во Белмарш, англиски озлогласен затвор со висока безбедност, во ќелија без прозорци, со уште помалку светлина и воздух отколку што имаше во еквадорската амбасада, без право некој да ги посети, и чека екстрадиција во САД. „Нека изгори во пеколот” колнат низ целиот свет добрите луѓе кои беа шокирани од фактот што Викиликс објави е-пошта на Хилари Клинтон пред претседателските избори во 2016 година и на тој начин му помогна на Доналд Трамп. Зошто, велат тие, не се објави ништо скандалозно за Трамп или рускиот претседател Владимир Путин?
Пред да објаснам зошто оние што го напаѓаат треба да ги преиспитаат своите ставови, дозволете ми да ја изразам мојата лична фрустрација со неговатат поддршка на Брегзит, нападите на феминистичката критика, поради уредувачката политика која одеше е во корист на Трамп и, пред се, заради неговата комуникацијата со луѓето на Трамп. Ова му го кажав неколкупативо лице.
Но, нападите на Викиликс поради тоа што не ги објавуваат материјалите кои се подеднакво штетни за сите страни есе неосновани. Викиликс е создаден како дигитално сандаче во кое информаторите депонираат информации кои се вистински и чие откривање е од јавен интерес. Тоа е единствената обврска што ја има Викиликс. По дефиниција, луѓето од оваа организација немаат влијание врз она што ќе им биде дадено; Технологијата што се користи не дозволува Асанж да го открие идентитетот на информаторот. Фактот дека повеќето од објавените материјали се однесуваат на западни земји и нив ги срамоти е дел од голема услуга, која ја обезбедува Викиликс – услуги чија вредност е, на мое големо жалење, обезвредена со Асанжовата уредувачка политика..
Неодамнешните настани покажуваат дека ситуацијата што се случи со него нема никаква врска со обвиненијата во Шведска, ниту услуги кои му ги направил на Трамп во неговиот конфликт со Хилари Клинтон. Од Челзи Менинг се врати во затвор поради тоа што одби да сведочи дека Асанж нареди или помага во протекување на докази за злосторства на САД во Ирак и Авганистан, најдобро објаснување на тековните настани е веројатно она што гој нуди Мајк Помпео, поранешен директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) и сега државен секретар во Белата куќа.
Помпео го опиша Викиликс како „непријателска недржавна информатичка агенција”. Што е точно. Но, овој опис се однесува на секој медиум што држи до себе. Даниел Елсберг и Ноам Чомски ги предупредија новинарите дека ако не се противат сега на екстрадиција на Асанж во САД и тие лесно потоа ќе се најдат себе си на листата за отстрел на некој нов претседател кој ќе ги прогласи за „непријатели на народот”. Славењето на Аанжеовото апсење и повторното затворање на Челзи Менинг е голем подарок на непријатели на либерализмот.
Освен либерализмот, прогонувањето на Асанж на барање на безбедносниот и индустрискиот комплекс на САД има уште една жртва: тоа се жените. Ниту една жена во Шведска или која било друга земја нема да добие правда со тоа што Асанж ќе биде фрлен во висококвалитетен затвор за откривање на злосторства против човештвото, извршени од страна на некои лоши луѓе, било во униформи или во костуми. Новото затворање на Челзи Менинг не придонесува за целите на феминизмот.
Затоа предлагам: да ги здружиме силите и да ја спречиме екстрадицијата на Асанж од која било европска земја во САД, за да може тој да отпатува во Стокхолм и да им дозволи на неговите обвинители да го слушнат неговиот глас. Ние работиме заедно за да ги зајакнеме позициите на жените, истовремено заштитувајќи ги обвинувачите кои ги објавуваат мрачните тајни на нашите влади, армии и корпорации кои би им овозможиле уште повеќе да ја сокријат моќта од јавноста..