Во трагични околности, случајно, научниците успеаја да регистрираат што се случува со човечкиот мозок кога човек умира: снимките наликуваат на сон, на последно сеќавање
Се работеше за коинциденција во една трагедија: по пад, 87-годишен маж во многу тешка состојба бил донесен во ургентен центар многу брзо по несреќата. Поради тоа што човекот имал епилептични напади и грчење, невролозите го приклучиле на ЕЕГ-апарат. Со овој апарат на одредени делови на главата се прикачуваат електроди кои може да мерат мозочни активности. За време на прегледот човекот доживеал срцев удар и починал.
Но, благодарение на овие трагични околности за првпат е снимена мозочна активност на човек на умирање, велат невролозите кои ги анализираа податоците. Според студијата објавена во медицински журнал, тие веројатно се приближиле до одговорот на прашањето што ни се случува во моментот на умирање.
Сон или сеќавања?
При анализата на снимката од 15 минути мозочна активност околу времето на умирање, тимот се концентрирал пред сѐ на последните 30 секунди пред да настапи смртта и 30 секунди кога срцето престанало да чука. Тимот открил зголемена активност кај одредена форма на мозочни бранови, таканаречените гама-осцилации. Моделите на ритмички мозочни бранови снимени за време на смртта на мажот биле слични на оние што се случуваат за време на сонување, враќање на меморијата и медитација.
Специфичниот тип на мозочни бранови снимени во мозокот на умирање – наречени нервни осцилации – исто така сугерираат дека човекот веројатно го гледал својот живот како се одвива пред неговите очи преку „потсетување“, вели организаторот на студијата д-р Ајмал Земар, неврохирург на Универзитетот во Луисвил, во американската сојузна држава Кентаки. Според Земар, резултатите укажуваат дека нашиот мозок може да остане активен и координиран за време, па дури и по преодот кон смртта.
„Генерирајќи осцилации поврзани со враќање на меморијата, мозокот веројатно игра улога како последен потсетник за важни животни настани непосредно пред смртта, слично на искуствата на луѓе во кома или кои биле блиску до смртта“, вели д-р Земар.
Споредливо со искуствата што ги имаат клинички мртви луѓе
Научно, ваквите искуства се случуваат во времето помеѓу клиничката смрт и реанимација. Дел од лицата кои го доживеале ова пријавуваат блиц-спомени кои им се вртат како на филм, „одвојување“ од телото (автоскопски искуства или искуства на напуштање на телото), пејзажи или силна светлина на крај од тунел. Некои пријавиле дека почувствувале голема среќа, други доживеале вознемиреност или паника.
Очигледно, таквите искуства се јавуваат почесто кога реанимацијата траела особено долго и кога снабдувањето со кислород во мозокот е нарушено подолг временски период. Ова недоволно снабдување на мозокот првенствено влијае на темпоралниот дел и париеталниот лобус на мозокот, како и на клучната точка Gyrus Angularis. Сè уште е нејасно дали таму се случуваат овие блиски до смртта искуства.