Барем како професорка требаше да знае дека не треба да го меша карактерот со преземањето на обврските на државата. Грчката амбасадорка го напушто Собранието, каде се даваше заклетвата
„Изјавувам дека функцијата претседател на Македонија ќе ја вршам совесно и одговорно. Ќе го почитувам Уставот и и законите и ќе го штитам суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Македонија“, рече Силјалновска-Давкова давајќи ја свечената заклетва
Новоизбраната претседателка на државата Гордана Силјановска-Давкова ја даде свечената заклетва во Собранието со што и официјално беше инагурирана во шестиот по ред шеф на државата од нејзиното осамостојување
При давање на заклетвата повторувајќи по претседателот на Собранието, Јован Митрески кој го користеше уставното име на земјата Република Северна Македонија, Силјановска-Давкова употребуваше само Македонија.
Го молам претседателот на Република Северна Македонија да го повторува по мене текстот на свечената изјава, рече Митрески.
„Изјавувам дека функцијата претседател на Македонија ќе ја вршам совесно и одговорно. Ќе го почитувам Уставот и и законите и ќе го штитам суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Македонија“, рече Силјалновска-Давкова во свечената заклетва.
Откако ја потпиша свечената изјава, претседателот на Собранието на претседателката на државата и го честиташе преземањето на должноста и ѝ посака успех во работата.
Грчката амбасадорка Софија Филипиду, која заедно со колегите амбасадори дојде да ја проследи седницата на Собранието за инаугурација на Гордана Силјановска-Давкова за претседателка на државата, ја напушти пленарната сала. Заминувањето е во знак на протест поради тоа што Силјановска-Давкова, при давањето свечена заклетва, не го употреби уставното име на земјава – Република Северна Македонија туку користеше Македонија.
Веста прв на Икс ја објави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.
За потегот на Филипиду, „360 степени“ доби потврда и од Амбасадата на Грција во земјава.
„По инструкции од Министерството за надворешни работи на Грција, амбасадорката Софија Филипиду ја напушти салата“,
велат од грчката амбасада.
Силјановска-Давкова во изборната програма и во предизборните настапи наведуваше дека при обраќањата и именувањето на државата, нема да ја користи придавката „северна“.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за телевизијата „Алфа“ рече дека иако тој лично претходно не се согласувал со Преспанскиот договор, особено со деловите „македонска нација“ и „македонски јазик“, сепак го прифатил во рамки на континуитетот на државата. Затоа тој се надева дека и новото раководство на нашата земја ќе се држи до одредбите на овој меѓународен договор.
„Да бидеме трпеливи. Сакам да се надевам дека оние работи што се слушнаа предизборно, нема да бидат официјална позиција на новата Влада постизборно, бидејќи ако се случи ова ќе имаме проблеми“,
рече Мицотакис.
Тој кажа дека изјавите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ ги следел со загриженост, но и дека „со голем интерес“ го чека официјалниот став на новиот премиер за да види на кој начин ќе се осврне на името на неговата земја.