И официјално е објаснето дека преговорите меѓу Димитров и Коѕијас дале ефект – стручни екипи работат за данаправат прифатлив документ за премиерите Заев и Ципрас. Решението поврзано со Илинденското востание и Крушевската република
По последните преговори, водени во Вашингтон, меѓу двете страни во спорот со името а со посредство на медијаторот Нимиц, малку кој се запраша зошто екипата се сели во Брисел. Самите штури вести за ефектот од последната министерска рунда не даваа основ за да се наслути ефектот од новата, бриселска епизода, иако изјавата во врска со резултатите кои ги добивме во понеделникот покажаа дека работите се движеле напред! Работата на Димитров и Коѕијас ја пофалија и сите министри на земјите членки на ЕУ, објави Могерини пред камерите, со што моќта на нон пејперот некако нагло омекна.
Дводневната средба на министрите во Њујорк имаа различна должина – првата била маратонска, втората доста куса, практично резимирачка, но со целосно зачувана дискретност.
– Имавме продуктивна средба, имаме рамка што треба да се доработи и на неа во моментов се ангажирани правни тимови од двете министерства во Атина, работат.Се планира важен разговор на премиерско ниво, меѓу Заев со Ципрас кон средината на оваа недела, каде се надеваме дека ќе се пресечат некои важни работи од опциите што се во игра, изјави Димитров за МИА.
– Мислам дека тоа треба да го оставиме на премиерите. Видовме колку комуникациите околу процесот влијаат врз него, го имаме веќе тоа искуство да му дадеме шанса на процесот, додава Димитров.
Шефот на македонската дипломатија утрово имаше неформален појадок со министри за надворешни работи на ЕУ или нивни заменици. Франција и Холандија биле најтврди во однос на почетокот на преговори, како што беше очекувано. Но, министерот смета дека „чуда се можни“.
-Убаво е да знаеме дека ова не е едноставно… Внатрешната консолидација во ЕУ е комплементарна а не спротивна на консолидацијата на Балканот, а доколку се случи овој историски пробив ќе биде шанса и за цела Европа да се создаде успех. Не сме во ситуација да имаме луксуз да пропуштаме историски шанси, изјави Димитров за МИА.
Високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, утринава по појадокот со македонскиот министер Никола Димитров во Брисел излезе со изјава за поддршка на процесот за изнаоѓање решение за името.
– Сите сме многу охрабрени од напредокот меѓу Скопје и Атина за името, сите ќе работиме да поддржиме и придружиме позитивен исход, изјави Могерини.
Најмалку еднаш, а можеби и два пати, телефонски разговарале премиерите на Македонија и Грција, во периодот откако ги известија политичките сили во двете земји пред една седмица, објави грчката телевизија „Скај“.
Темата на разговор, била имплементацијата на ерга омнес за име од пакетот предлози на медијаторот Нимиц. Како што јави дописничката на МИА од Атина, според грчката телевизија „откако потона Илинден се чини дека е во тек маратон за да не се загуби можноста“ и да се затвори прашањето до Советот на ЕУ на крајот од јуни.
-Според информациите што ги имаме, Алексис Ципрас и Зоран Заев, откако минатата сабота, ги известија претседателите и лидерите на политичките партии, контактираа телефонски најмалку еднаш или два пати и треба да додадеме дека дипломатските канцеларии на двајцата премиери се во континуиран контакт. Во овие телефонски разговори темата беше ерга омнес, односно кое име би можело да се одбере од пакетот на Нимиц и да се користи како во внатрешноста, така и надвор, објави грчката телевизија.
Димитров во понеделникот остана во Брисел, каде има билатерални средби со неговите европски колеги а утре ќе зборува во Европскиот политички центар (ЕПЦ).
Неговиот грчки колега денес, по министерскиот состанок на ЕУ во Брисел, патува за Берлин на средба со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер, со кој има многу пријателски односи од времето кога тој беше шеф на германската дипломатија а во вторник ќе се сретне и со новиот шеф на германската дипломатија Хеико Мас.
Потоа Коѕијас патува за Москва (!), што отвора некои дилеми околу можното руско влијание на нерешавањето на спорот, за што Путин е доста заинтересиран а секако и неговиот министер Лавов. А подоцна во текот на неделата ќе му биде домаќин на францускиот министер за надворешни Жан-Ив Дриан, кој доаѓа од земјата која во последно време игра улога на сериозен опонент на влезот на Македонија во Унијата. (Да се надеваме дека тој отпор не е така тврд во однос на влезот на Македонија во Алисајнсата).
Премиерите на Грција и на Македонија ќе треба да ја донесат конечната одлука за спорот околу името, откако ќе завршат преговорите на ниво на експертски групи.
„Двајцата министри за надворешни работи завршивме со она што го презедовме од премиерите на двете земји. Денеска и веројатно утре, ќе продолжат преговорите на експертско ниво – она што треба да се реши се техничко – правните прашања. Веднаш штом завршат и тие и штом ќе бидат разјаснети техничките и правните прашања, текстовите подготвени на ниво на министри за надворешни работи ќе им бидат дадени на двајцата премиери, кои ќе разговараат и ќе постигнат конечен договор, рече шефот на грчката дипломатија.
И шефот на македонската дипломатија Димитров оцени дека преговорите се наоѓаат во крајна фаза. Во изјава за грчката новинска агенција АНА – МПА по завршувањето на состанокот во Брисел, тој кажа дека е изводливо до Самитот на ЕУ на 28 јуни да се најде решение.
„Во врска со средбата што денес ја имаше со министрите за надворешни работи на ЕУ, Димитров рече дека ги информирал за текот на преговорите, за напорите што се прават на билатерално ниво за изнаоѓање решение во прашањето за името, како и за тоа колку би било важно решавањето на ова прашање за целиот регион на Балканот, објави грчката новинска агенција, пренесувајќи ги ставовите на шефот на македонската дипломатија.
Дипломатски извори за МИА откриваат детали од средбата утрово. Министерот Димитров ја отворил со воведен говор за напредокот на преговорите со Грција каде ги упатил истите пораки како и оние во јавноста: дека е постигната рамка за решение и дека експертски групи во двете земји го чешлаат текстот во Атина денеска. Ги брифирал и за текот на реформите кои ги бара ЕУ.
Тој на министрите им порачал дека ова се „историски моменти за мојата држава“.
– Кога започнавме имавме значителни разлики, но како што напредуваме во процесот имам впечаток дека сѐ повеќе сме на иста страна, изјавил Димитров. Министерот потоа настапил со список на реформи и напори кои ги направила Македонија во последните години од судските реформи, борбата против корупцијата, дијалогот со опозицијата, ослободувањето на медиумската сфера, како и подобрувањето на добрососедските односи. Тој од земјите членки побарал да и помогнат на Македонија со тоа што ќе и дадат старт на преговори
Грчката телевизија Скај, повикувајќи се на свои извори, објави дека Ципрас и Заев, откако минатата сабота, ги известиле претседателите и лидерите на политичките партии, контактирале телефонски најмалку еднаш или два пати, а дипломатските канцеларии на двајцата премиери се во континуиран контакт.
– Во овие телефонски разговори темата беше ерга омнес, односно кое име би можело да се одбере од пакетот на Нимиц и да се користи како во внатрешноста, така и надвор, објави грчката телевизија, пренесува МИА.
Министерот Димитров денеска во изјава за МИА најави дека е планиран разговор на премиерско ниво кон средината на оваа недела.
– Имавме продуктивна средба, имаме рамка што треба да се доработи и на неа во моментов правни тимови од двете министерства во Атина работат, се планира важен разговор на премиерско ниво, Заев со Ципрас кон средината на оваа недела, каде се надеваме дека ќе се пресечат некои важни работи од опциите што се во игра, изјави Димитров за МИА.
– Мислам дека тоа треба да го оставиме на премиерите. Видовме колку комуникациите околу процесот влијаат врз него, го имаме веќе тоа искуство да му дадеме шанса на процесот, додава Димитров.
Могерини и Хан со поддршка
Високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, утринава по појадокот со македонскиот министер Никола Димитров во Брисел излезе со изјава за поддршка на процесот за изнаоѓање решение за името.
– Сите сме многу охрабрени од напредокот меѓу Скопје и Атина за името, сите ќе работиме да поддржиме и придружиме позитивен исход, изјави Могерини.
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на својот твитер профил порача дека ЕУ е охрабена од последната рунда преговори помеѓу Скопје и Атина за спорот за името. Хан, кој присуствуваше на неформалниот појадок вели дека состанок бил „плоден“ и дека сите упатиле поддршка за преговарачкиот процес.
– Консензусот е дека решение за името ќе биде пресврт за следните чекори во пристапниот процес за Македонија, напиша Хан.