Непоправливите оптимисти излегоа подобри прогнозери за редоследот на настaните на дипломатскиот ринг во кој се претставниците на Скопје и Атина. Изненадувачки е само како во последен миг се сепнаа извесни наблудувачи на настаните кај нас, што би се рекло во последен миг, во стилот запрете ја Земјата, сакам да се симнам… Што добива Грција а што Заев со евентуалниот двегодишен тајминг за прилагодување?
Во саботата многумина пијачи на кафе во скопските кафеани погледнуваа кон часовникот и се прашуваа дали завршила средбата меѓу министрите за надворешни работи на „скопјаните“ и „елините“. Погледот кон времемерачот е врзан со дилемата дали преговарачите ќе отворат пат за конечно ракување меѓу Заев и Ципрас, со што повеќедеценискиот спор меѓу РМ и РГ ќе добие свое финале.
Евенетуалното ракување и „давање на збор“ треба да се случи во четврток, на 17 мај во Софија. На Самитот ЕУ – Западен Балкан, на одделна билатерална средба треба да се видат македонскиот и грчкиот премиер, што го подвлече медијаторот Нимиц по средбата со шефовите на двете дипломатии.
– Средбата можам да ја окарактеризирам како многу сериозна, работевме напорно, многу пати тензична. Направивме одредена позитивна работа. Двајцата министри ќе ги брифираат премиерите во подготовките за нивната средба во Софија следната седмица на 17 мај. Во основа ова е пораката што ја имам, рече Нимиц во саботата за оние кои беа крај екраните или радио апаратите во доцно попладневните часови тој ден.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, разговорите и преговорите во еден хотел во Сунио на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас со специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц, траела речиси шест часа.
Вообичаено, нема коментари кај нас, но затоа грчкие медиуми се полни со оценки дека решението сега е во рацете на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.
„Средба Ципрас – Заев: Нов прозорец за решение“; „Скопското прашање: Палката во рацете на премиерите“; „По шестчасовната средба на Нимиц, Коѕијас и Димитров соопштена средбата Ципрас- Заевт“; „Во рацете на Заев и Ципрас палката за скопското прашање“; „Сунио ги обнови амбициите за решение на скопското прашање“ се дел од насловите во медиумите во јужното сосдство.
– Средбата на Коѕијас и Димитров доведе до поклопување на позициите и го отвори патот за средба на двајцата премиери, објави грчката државна телевизија ЕРТ.
– Ако немаше напредок во разговорите, немаше да се закаже средбата на двајцата премиери, рече новинарката од грчката телевизија Алфа во синоќешното издание на централните вести.
– Во рацете на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев поминува следниот круг преговори за скопското прашање. Коѕијас и Димитров во сенка на храмот на Посејдон во Сунио ги доведоа преговорите во крајната фаза и сега клучните одлуки се пренесуваат на највисоко ниво, објави телевизијата Антена.
– По продуктивната, според Нимиц, средба на Коѕијас и Димитров во Сунио, состанокот Ципрас – Заев во Софија е одлучувачки за преговорите, пишува порталот Њуз 247.
– Палката за решавање на името веќе е во рацете на премиерите на Грција и ПЈРМ, по средбата на министрите за надворешни работи на двете земји со Метју Нимиц. Разликата и понатаму е за ерга омнес, додека пак во изминатите часови се чини дека на преговарачката маса се наоѓа конечниот предлог на Скопје, напиша доцна синоќа грчкиот информативен портал Ин, пренесувајќи ги информациите објавени во весникот „Та неа“, односно како што вчера објави МИА, сценариото за решение со период од две години за имплементација.
Ова сценарио го пренесоа и други грчки електронски медиуми, како наводен предлог од македонска страна.
Грчките медиуми потсетуваат дека средбата на Заев и Ципрас на маргините на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Софија ќе биде втора по ред, по разговорите во јануари во Давос.
И така непоправливите оптимисти излегоа подобри прогнозери за редоследот на настните на дипломатскиот ринг во кој се претставниците на Скопје и Атина. Изненадувачки е само како во последен миг се сепнаа извесни наблудувачи на настаните кај нас, што би се рекло во последен миг, во стилот запрете ја Земјата, сакам да се симнам… Што добива Грција а што Заев со евентуалниот двегодишен тајминг за прилагодување?
Најпрвин Грција добива шанса да ги среди односите со Меркел. Ако немаше компромис за името – како што веќе се пишуваше – се заканува социјално стампедо по исполнување на обврската преземена кон странските кредитори, односно намалување на износите на пензиите и социјалните давачки за една третина. Ципрас ќе ја изгубеше социјалната база, онаа од која ја црпи својата изборна сила и тоа ќе се претвореше во дебакл на следните, скорешни парламентарни избори.
Значи ако добие двегодишно одложување на соочување со националистички настроените 60 отсто од своите сограѓани, Сириза и Ципрас би имал шанса да издржи „во седло“. Тоа е најмалата добивка на едната страна за која обично македонските коментатори велат дека „нема што да изгубат во преговорите“.
Заев после преговорите од претходниот викенд излегува со ореолот дека не попуштил по сите точки (на маса е скопскиот предлог, напишаа некои грчки весници) и дека се приближил на најкусо можно растојание од вратата на влезот во Алијансата, каде и онака ќе му остане оној двегодишен простор за позитивен одговор од сите членки на НАТО, освен веројатно од Атина. Грчкиот парламент веројатно ќе оди на максимално оддвлекување на гласањето во својот Парламент во однос на примеот во НАТО, но го има и ризикот да остане веројатно многу осамен во својот отпор, што сега не е случај.
Прашањето на почнувањето на преговорите со Брисел полесно треба да биде со отворена врата, од сосема јасни причини, бидејќи, финалноти конечното одлучување по однос на приемот во Унијата е ем далеку ем поврзан со многу прилагодувања. Ама, главно тој беше закочен на почетокот на патот и сега, во јуни, може да тргне.
По слегнувањето на правта излегува дека тоа за што ќе се договорат Заев и Ципрас нема да будев vремен договор, туку двостепен или тростепен договор , со одредување на времето што за некои прашања треба да се добие кај двете страни за да се надминат сопствените внатрешни отпори. Кои се евиденти и во овој миг даваат на вкупната атмосфера непријатна сенка.
Во однос на колегите со коперникански пресврт кај оваа тема да им цитирам сегмент од крајот на колумната на Гордана Попсимонова во „Независен“, каде вели:
„….на ум ми доаѓа една реченица од мојот премудар пријател Давид од Израел, кој по мојата едночасовна емотивна експликација за сите апсурди и неправди поврзани со грчкиот проблем со нашето име, внимателно ме сослуша и кратко рече: ’Па, заебете ги Грците!“ На моето чудење како тоа да го направиме, умниот Давид само рече: „Па, прифатете им сѐ што бараат’. Сепак, равенката имала две решенија.“