Мицкоски вели „очекувам жилава, тврдокорна и напорна работа во овие сто дена“,како да ги испраќа новите функциоинери во техничката влада на фронт или во најмала рака на работна акција!
ЕКИПА НА ГЛОБУС
Со 101 глас „за“, без пратеници кои се воздржани и против, Собранието избра техничка влада, која во следните сто дена треба да ги организира предвремените парламентарни избори. За премиер е избран досегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски. Освен нов премиер, во преодната владата има нови министри и заменици министри, чија цел е спроведување на фер избори, кои треба да се одржат на 12 април. По предлог на најголемата опозициската партија, собранието го избра Наќе Чулев од Агенцијата за разузнавање за министер за внатрешни работи и докторот на науки Рашела Мизрахи за министерка за труд и социјална политика.
ИСКРИВЕН ПРЖИНСКИ МОДЕЛ Навидум имаме техничката влада која е крирна според таканаречниот „Пржински модел“ кој првпат е применет за изборите во 2016 година, а кој уследи по кризата која настана, откако досегашниот премиер Зоран Заев, како лидер на опозицијата во 2015 година, почна со објавувањето на нелегално прислушувани материјали, по што следеа предвремени избори. Но тоа е нели навидум – најнапред го нема супервизор странскиот елемент, кој внимаваше за тоа дали изборите ќе бидат фер и кој имаше во рацете и стап и морков. Денес тој елемент го нема а пред се го нема ни морковот ниту стапот, да не објаснуваме зошто.
Во такви услови пржинските избори многу лесно ќе се превртат во карикатура доколку само едниот партнер на изборите (опозицијата, гледаме) однапред се прогласува за непобедлива и тоа не само како себехрабрење, за што има мотиви, туку и како форма на некаков поготвен политички харакиркири – „ако не победам јас, системот може и да падне“.
Додуша, техничкиот премиер Спасовски во експозето пред пратениците рече дека новата влада ќе ги преземе сите потребни мерки за да бидат обезбедени услови за спроведување на успешни предвремени парламентарни избори, а надлежните институции за спроведување на изборите ќе ја добијат севкупна поддршка.Тој очекува професионална соработка меѓу Владата и Собранието, но и со другите институции и организации.
РЕТОРИКА КОЈА НЕМА ВРСКА СО УЛОГАТА НА НОВАТА ВЛАДА На предлог на ВМРО-ДПМНЕ беа избрани и тројца дополнителни заменици министри. Досегашната пратеничка Невенка Стаменковска Стојковски ќе биде заменик во Министерството за администрација, магистерот по економски науки Гордана Димитриеска Кочоска во ресорот финансии, а поранешниот пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски во Министерство за земјоделство. Ротација има и во владината структура, на местото на вицепремиерот Кочо Анѓушев доаѓа досегашната министерка за труд и социјална политика Мила Царовска. Двете заменички министри во преодната влада ќе бидат Славјанка Петровска во МВР и Санела Шкријељ во министерството за труд и социјална политика.
Главна задача на техничката влада е да ги организира изборите. Во текот на нејзиното функционирање не може да има вработувања, унапредувања, инвестиции. Оваа ќе биде втора техничка влада во Македонија. Првата се формираше пред предвремените избори во 2016 година, а технички премиер беше Емил Димитриев.
Почетната реторика, пред констиуирањето на техничката влада а особено во првиот миг после нејзината инаугурација покажа дека опозицијата нема да си доволи таа влада да има уставни, односно скусени ингеренции, туку дека ќе настојува своите времени членови во Владата да ги претвори во главни орудуја во спречувањето на воспоставување на нормална атмосфера. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од новите технички министри јавно изјави дека очекува жилава, тврдокорна и напорна работа … и во рамки на нивните можности и овластувања да направат нешто за граѓаните во следните сто дена. Тој на прес-конференција во партиското седиште ја образложи нивната „програма“ кога рече дека имаат сериозни индиции за злоупотреба и прекршување на законите и овластувањата во последните денови од мандатот на Зоран Заев и дека сето тоа ќе биде презентирано и изнесено пред јавноста. Овие пак не чекаа ни пет минути за да бидат на ниво на таквите очекувања и излегоа со осмнежи, наводни докази (не ги презентираа, нели) кои божем ги имаат за предмети во фиока или непримерни вработувања.
Прашан зошто двајцата министри од ВМРО-ДПМНЕ не присуствувале на приемот кај претседателот Стево Пендаровски, Мицкоски рече дека нема вообичаена пракса министрите да присуствуваат и дека претпоставува дека тие одлучиле да се посветат на екипирање на нивните кабинети. Да беа филмаџии или смисол за хумор ќе речеа дека биле „да местат паркет кај некои јарани“ (Кустурица).
ХИГИЕНА НА КАБИНЕТИТЕ Навистина, колку може да направи ВМРО ДПМНЕ во „редењето на паркетот“ во новите кабинети? Профсорката Најчевска тоа јавно го постави како прашање – што може фактички да направи министер за три месеци?
1. Може да се запознае со структурата и начинот на работа на министерството, законските и подзаконски акти со кои се регулираат процесите и организацијата и внатрешниот тек на документите.
2. Може да обезбеди континуитет во работењето на министерството со цел што е можно помало нарушување на редовното пружање услуги на граѓаните.
3. Може да го подготви министерството за изведување на изборите.
4. Може да го наруши работењето на министерството и да оневозможи негово функционирање.
Што не може да направи ниту еден министер за период од три месеци?
1. Не може да се зафати со долгорочно планирање и системски промени во министерството
2. Не може да се зафати со долгорочно планирање и системски промени во областа која што ја покрива конкретното министерство.
3. Не може да направи темелна реорганизација на министерството која заради краткиот рок не би го нарушила континуитетот на работење.
Човекот поставен на раководна позиција кој тврди дека може нешто суштински да промени во работењето на едно министерство за три месеци, или намерно лаже или е шарлатан кој нема појма што зборува, оцени на својот фејсбук статус професорката Мирјана Најчевска.
Но, стратегијата од страна на опозицијата е поставена, улогите се напишани зад завесата од пропагандисти и верни новинари, па преодната влада е дочекана со стара реторика. „Ова е почеток на крајот на политичката кариера на Зоран Заев кој на сопствениот народ и сопствената држава им донесе само порази и срам во изминатите три години“, се вели во едно од последните соопштенија на ВМРО-ДПМНЕ., прво после инаугурацијата на владата на Спасовски. Најпрвин беше нападнат токму техничкиот премиер – „неуспешниот министер за внатрешни работи“, како што беше наречен и опишан како „човек пред чии очи се случија десетици убиства, престрелки и запалени автомобили, а тој наместо да го гони криминалот се стави во одбрана на истиот“, се вели во соопштението“.
ЧУЛЕВ И ДИВЉЕ НАСЕЉЕ Јасно, од штапските простории на СДСМ, не можеа да не одговорат барем на дел од критиките. Прв на удар беше новиот министер за внтрешни – Наќе Чулев. Вистина е дека социјал-демократите ја прифатја кандидатурата на Наќе Чулев, иако се свесни дека тој бил директор на разузнавање за време на настаните од 9 и 10 мај во Диво Насеље, за што велат дека ќе има импликации. „Оваа хипотека ќе има негативни импликации во јавноста, но и кај вработените во МВР. СДСМ изразува жалење што во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило. Мицкоски, и преку овој избор за негова номинација, се обидува да ја враќа земјата назад во деновите на сериозни внатрешни конфронтации“ велат од СДСМ. Инаку, Чулев на чело на Агенцијата за разузнавање бил од 2013-та до 2017-та година. Потоа, до 2019-тата беше генерален помошник на директорот на Агенцијата.
Следна цел беше дополнителниот заменик министер во ресорот земјоделство, предложен од ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски.
„Опозициската партија останува верна на режимот, целосно раководена од Будимпешта. Последен доказ за тоа е назначувањето на Цветан Трипуновски, кој е кадар на Никола Груевски и остаток на режимот“, обвинија социјалдемократите. Од партијата обвинуваат дека со години Трипуновски ги поддржувал погубните политики во земјоделството и дека бил меѓу главните организатори на партиските собири на ВМРО-ДПМНЕ кои лажно биле претставувани како протест на незадоволни земјоделци, иако на нив присуствувале само членови и активисти на опозициската партија. „Против Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ има и кривична пријава за злоупотреба на службената должност со што го оштетил министерството за 117.000 евра (…) Со таквата понуда, ВМРО-ДПМНЕ ќе се соочи со извесен пораз на изборите на 12 април.
Тимот на дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ се уште е заглавена во режимската матрица. Не одминаа од критики и советниците на Трипуновски, Златко Стојчев (се слушна во снимените разговори како со Трипуновски и Мицкоски, ги организираат партиските таканаречени „земјоделски” протести кај Росоман), советникот Митко Јанков е познат како организатор на неуспешниот протест на сточарите во Велес, каде не се појави ниеден сточар, освен неколку партиски активисти. И советникот Драгољуб Гаврилов од Кочани имал неуспешен обид да организира протест на оризарите во Кочани, каде се појавиле само партиски активисти. Истиот има земено трактор преку ИПАРД во време на ВМРО-ДПМНЕ. Николче Илиевски е истакнат член и активист на ВМРО-ДПМНЕ во Могила. Зоран Илиевски од Ресен е поранешен советник во советот на Ресен, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и истакнат член и активист на оваа партија Познат е по тоа што на многу трибини на СДСМ, се појавувал како провокатор, сакајќи да исценира инциденти.
Новата министерка по труд и социјала, ашела Мизрахи излезе со тезата дека во Комисијата за помош и нега од друго лице се блокирани над 8.500 предмети. Таа е вистински падобранец во материјата (биохемичар), ткстот на прсот го читаше (!) и ниту случајна таа не може да „фрли око“ на тоа што наследила ако некој веќе не ја насочил и неа ја искористил како линк на Шампитата.
Профеисоналниот кадар во Министерствоо веднаш реагираше и ја изрази загриженоста од непознавањето на системот на социјална заштита на техничката министерка, која пред да излезе на прес конференција за нерешените предмети за помош и нега од друго лице требаше да знае дека согласно стариот Закон за социјална заштита потребата од помош и нега од друго лице со наод, оцена и мислење ја утврдуваше стручна Комисија која била при јавна установа која во рамките на својата дејност третира проблеми од областа на психо -физичкиот развој на лица со одреден вид на попреченост и дека МТСП немаше надлежност над работењето на оваа Комисија.
Токму поради нејзината нефункционалност, МТСП со новиот закон за социјална заштита ја укина оваа комисија која не беше составена од лекари специјалисти. Со новиот закон за социјална заштита потребата за помош и нега од друго лице со наод, оцена и мислење ја утврдуваат стручни комисии формирани во јавни здравствени установи во состав од тројца доктори специјалисти или супспецијалисти од следниве области: интерна медицина, неврологија, психијатрија, физикална медицина и рехабилитација, ортопедија или офталмологија.
Формирани се наместо едната нефункционална комисија, 15 стручни комисии, од кои 5 се во Скопје. При формирање на комисиите се водеше сметка за бројот на предмети кои во просек како вкупен број секоја од нив треба да ги реши, притоа земајќи го во предвид и регионалнот пристап. Со тоа и на лицата кои имаат потреба од ова право им е олеснет пристапот до Комисиите – се вели во објаснувањето од стручњаците во Министерството за труд. И додаваат дека целосна невистина се тврдењата на новата техничка министерка Рашела Мизрахи дека во Комисијата за помош и нега од друго лице се блокирани над 8.500 предмети.
Така, започна харангата против политичкиот противник дури и во деновите кога сите, пред се оние кои се издаваат за демохритсијани треба да знаат дека треба да се чуваат од лоши мисли, невитини и лаги.