Левица во стартот беше резултат на изборниот инженеринг на Груевски – пред помалку од една деценија да ја кусури тогашната левата опозиција а сега се чини одново postoi експремиерова јасна намера да се потпира на овваа партија во судир со своите опоненти во земјава. Место да формира своја партија, за што постоеше најава, тој сака да ги искористи своите пулени и да го казни Мицковски со потпирање на постојната политичка инфраструктура. Врските на Левица со кметицата на Скопје засега се откриваат преку отворените врати на порталот Инфомакс, додека промената на вордингот на шефот на ВМРО ДПМНЕ кон Левица окткрива дека нему му е јасно кој ќе биде за него новиот Брут
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Скандалот што го направија двајцата пратеници на Левица во Собранието на СРМ не ја повторуваат само сликата која оваа партија постојано ја пласира во јавноста – да позира пред камерите како насилна
и рушителна, туку означи и разделување на пратеникот Апасиев од својот патријарх, како во драмата на Бабељ „Зајдисонце“, кога синот Љоска со насилство му покажува на татка си Мендел дека му ја презема неговата главна улога во семејното двориште. Ова секако не е театарска поставка иако драма постои ама е само дел од прегрупирувањата што настанаа во десната коалиција после за нив успешните локални избори пред две години; распадот беше инициран со аферата „рацете во медот“ а по истата се покажуваат јасно раседни линии а се јавува и чувство во Левица дека „пораснале“ и сами ќе си одредуваат нови или други патрони.
Запалка на истурениот бензин на незадоволството
Кога во 2015 година беше најавено формирањето на нова партија во еден од медиумите осамна наслов – утописка идеја или освежување на политичката сцена? (https://mk.voanews.com/a/macedonia-levica/3066942.html). Во тој миг се’ уште постоеше иницијатива за партија која би се нарекла Левица и која најавува левичарско дејствување и борба со двете најголеми партии: ВМРО ДПМНЕ и СДСМ. Иницијаторите беа дел од движењата „Ленка“ и „Солидарност“, некоја форма на група граѓани што се обидува да стане синдикат од „општа насока“ и да ги собере плодовите на отсуство на заштитници на пауперизираните работници. Во она време ССМ под раководство на битолччанецот Живко Митревски беше длабоко заседнала во гнездото на братијата на Груевски, додека нивниот божемен ривал, кој израсна под превезот на т.н. Независен, уште од стартот и беше креиран да биде антипод на стариот Синдикат, па претходно веќе се беше одомаќинил на истата адреса.
Самопромоција во една од прошетките на Шарените
Иницијаторите, тоа мора да се истакне, учествуваа во Шарената револуција и внесоа жестокост која нив ги издвојуваше а секако кулминирашње со упад во просториите на претседателот на државата Иванов, кај познатиот „Рекорд“, што тој подоцна ги позајми на она здружение од Крушоради што градеше споменици на коњаници низ градот. За оние кои се сведоци на тие настани секако чинот на палење на дел од инвентарот на канцеларијата со непристојна квадратура делуваше како забележлива епизода во изразувањето на револтот на „Шарените“.
За идната партија Левица овој настан беше своевидна тактичка себепромоција – некаква трамбулина што на левичарењето би му дало бројност, би се приграбил дел од масата на незадоволни граѓани и тоа по ерата на претходната повеќедецениска омразата кон комунизмот и се што би било многу лево. Овој метод секако бил испробан во политичката пракса низ светот а кај нас би бил насочен да се најде идеолошка запалка за истурениот бензин на огромниот отпор кон груевизмот.
Тешко и до илјада потписи за регистрација
Еден од иницијаторите од Левица Маргилен Демири (името, по негови зборови е желба на родителите да направат спој од имињеата на Маркс, Енгелс и Ленин) во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик, потврди дека до тогаш општествена ситуација биле неповолна за таа идеја за нова партија да се реализира. „Првичните планови ни се засега да ја регистрираме партијата, а она кое ние сакаме да го исполниме и на кое ние планираме и како движење, индивидуи и политичка филозофија, е департизација на институциите, враќање на минимум демократија, борба против сите форми на шовинизам, национализам и исклучување“, рече тогаш Демири.
Но за тоа колку условите беа се’ уште неповолни за нови политички субјекти се покажа уште на стартот кога идната партија не можеше да ги собере потписите на барем илјада граѓани со право на глас. Иницијаторите поднеле барање до Уставниот суд да се преиспита уставноста на одредбата од Законот за политички партии. Проценката е дека секој потписник мора да влезе со трошок од барем пет евра (нов документ за државјанств а плус нотарска такса) што за пауперизираните работници било обесхрабрувачко?!
Што во таква ситуација? Некои интересенти од власта очевидно дојдоа на идеја да ја искористат можноста за да помогнат формирање на партија на свој трошок за да ги разбијат одвнатре опозиционерите со цел истите, под нивна закрила да станат конкуренти на социјал-демократите кои беа единствена сериозна закана за црвено-црните.
Демири во споменатото интервју рече дека тие размислуваат да не учествуваат во наредните избори (2016 г.) бидејќи условите се уште не се сериозни. Но изборниот инеженеринг на Груевски веќе тргна кон искористувањето на таа партија, кога преку исцениран судир на состанок на раководството на Левица еден нивен член практично стана поседник на печатот (сценарио кое се повторува и кај една друга партија, што укажува дека треба да се открие кој го има авторското право на ваквото формиорање на партии). Да не должиме – регистрацијата на новата партија ја поддржаа членови на ВМРО ДПМНЕ по директива, посебно огранокот од Куманово. Сецесионистот Апасиев учествуваше на изборите во 2016 година и совои
(види htps://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9B%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D1%86%D0%B0_(%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0_%D0%BF%D0%B0%D1%80%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0) над еден отсто од гласовите (12.000) што не донесе место во Парламентот ама замислете колку малку му недостасуваа тие гласови на СДСМ за на тие избори од прва да го добие мандатот за формирање на Влада! На изборите во 2020 година Левица доби два пртенички мандати со 37 илјади освоени гласови. Анкетите покажуваа и потоа пораст на популарноста на Левица. На локалните избори во 2021 година, кога земјава бележеше најниска излезност во плуралистичка Македонија -(https://kajgana.com/mala-izleznost-na-izborite-levica-so-najgolem-rast-vo-brojot-na-glasovi)кога иамвме само 49 отсто излезени гласачи, Левица единствена имаше раст и освои 50 илјади гласови, двојно повеќе од коалицијата ЛДП/ДОМ на пример. Ова беше пример дека таа всушност добро ја искористи расцепканоста на дел од претходните поголеми „армии“ на гласачи.
Далеку од почетните идеи
Таа партија во рамките на борбата за гласови на изборите беше далеку од почетниите идеи на основачите на некогашното движење (добро е да се прочита текстот „Расколот и шовинистичката дегенерација на Левица – http://novaiskra.mk/?p=1138) а забележливо беше дека пред се влезе в во националистички, особено антиалбански води, што одговараше на патронот од Палатата „Павел Шатев“ за да сочува дел од својот коалиционен капацитет. Немаше видлива корелација со проруските партии и движења, но постоеше блискост во погледите на геополитичките збиднувања а Левица потоа „ги покоси“ како поактивна оние дребни групички со руски знамиња на митинзите на ВМРО ДПМНЕ. Во секој случај оправдано е крстењето од страна од провладините партии со атрибути за внесување на пропутиновска сенка во нашиот политички пејсаж. За волја на вистината, се доби впечаток дека провладините функционери со ваквото крстење на Левица всушност ја имаат на ум онаа народната „сети се снао“, сметајќи дека Мицковски и екипата имаат некаков капиџик во даден момент да се извлечат од промосковските прегратки.
Левица е калкулаторска дружина која лесно се вклопи во амбиентот на губење на идеологијата од каталогот на партиските обележја. Двајцара пратеници доаѓаат на првата сдница на новиот Парламент со велосипеди а некоја недела потоа Апасиев се жали дека му го изгребале автомобилот на паркингот кај Домот на ЈНА! Користат антиалбанска реторика а одат на гробот на Енвер Хоџа кој не бегаше од миксот на марксизмот-ленинизмот и фолклорните национални пароли. Отидоа во Куќата на цвеќето во Белград иако многумина се сомневааат дека тоа бил повод само да се видат со некој жив „вожд“… Треба секако да кажеме дека Демјири и другите осниовачи бргу се оградија од Апасиев и за нив се што се случи потоа со оној кој го приограби печатот е само лош спомен.
Насилството по повод т.н. француски предлог
Каде дојде до расколот на Левица со екипата на Мицковски? Првата кавга дојде во време на појавата на т.н. „француски предлог“ лани летото, како начин Брисел да го надмине бугарското вето за старт на преговорите за влез во Унијата на земјава. Левица одново настапи со својата жестокост, нејзините членови фрлаа коцки извадени од улиците врз полицијата, користеа практично оружје кое можеше да биде смртоносно по полицијата, водеа вистинска војна со државниот поредок додека Миџковски ги поддржа само со неколку мали чети на пензионери кои доаѓаа во паркот Жена борец, во очекување на порција од некогашните вмроовски сладоледи. Слатка ужина на жештината за старците немаше а самиот лидиер на опозицијата си седеше настрана, дозволувајќи Апасиев да ги троши своите сили. За последниов тоа беше доста болно сознание дека послужил како жртвен јарец на десницата! Секако, неговите бојовници добија и самите ќотек а дел беа и затворени. (Најголемиот дел добија сепак само прекршочни казни за погрешно паркирање).
Ова секако не беше обично искречење меѓу партнерите. Апасиев требаше да ја игра до крај руската постановка за балкански немири, да имровизира антинато и воопшто антизападни претстави додека Мицковски одлучи тактички да игра поинаку. Неговите телали престанаа да говорат против НАТО (прекрупен залак, нели) а филипките проптив Брисел ги концетрираа само против „бугарското вето“. Професорот од Машински во Апасиев веќе почна да гледа конкурент а ја намириса врската на левичарот влезен во десен чевел со својот претходен претседател – Груевски и со Будимпешта преку Арсовска.
Бизнис интересите ја скараа десницата
Овој раскол стана поочевиден кога додјде до судир кај бизнис интересите на релација градоначалничка Данела Арсовска – Мицковски околу парите наменети за големата инвестиција за прочистување на канализацијата во главниот град. По едно таинствено патување во САД во траење од неколку дена Арсовска се одлучи да ја смени директивата да се турка веќе избраната одлука за ангажирање на конкретна фирма околу изведбата на проект вреден 135 милиони евра. Таа застана зад друга, турско-американската понуда (по она патување во САД, да повториме) која била наводно поевтина од конкурентската за 30 милиони евра и ја отвори аферата „фатени со рацете во медот“.
Бизнис судирот во градот продолжи со автобуска блокада на градот од страна на приватните превозници. Тој чин на вознемирување на граѓанството (!) Апасиев не го прифати, покажа со прст кон Мицковски како човек кој несомнено стои зад организацијата на тие протести. Блокадите на терен ги водеше без сомнение Ленин Јовановски, миленик на Путин, како дел од моторџиите под име „Ноќни волци“ а Апасиев рече дека протестантите му пречеле под прозорите на неговата канцеларија (сместена кај скопскиот Црвен крст). Таа ланска есенска дифгеренцијација на десницата значи започна како судир околу парите кај градските проекти (Бидимпешта е нели убав ама скап град) ама одново мора да се гледа и во поширок контекст.
Во тоа разоткривање на трагите помогна познатото интервју на Мицковски за Франфуртњер алемајне цајтунг каде тој откри што му тежи – дека Груевски му готви смена преку активирање на опозцијата во неговите редови. Тој тоа го оцени акко задкусилен договор меѓу власта (поголем акцент е ставен врз учеството на ДУИ) за да се отвори простор за гласање на дел од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ во Собранието за дополнување на Уставот: Овој страв беше потенциран во јавноста низ текот ан анстаните во Парламентот – дел од пратениците на ВМРО ДПМНЕ, евентуално отуѓен од својот шеф, беше подготвен да се пазари со власта околу измена на КЗ а потоа и за смена на Деловник со учеството одново на дел од гласовите на ДПМНЕ! Без тие опозициски гласови немаше да се увојат овие документи а последното гласање (за Деловникот) го разбесне Апасиев и неговиот „паж“ Крмов во Собранието и тие го направија најновиот скандал! Обајцата проценија дека се дефинитивно се оставени на некаков процедурален пуст остров со нивните две илјади амандмани и оттука извираше нивниот бес. Тие оденаш влегоа во портретот во кој се гледа дека нивните активности се користат само кога на една поголема партија и требаат потреси во општеството а таа, корисничката ги занемарува ако вреднувањата им се разликуваат без предрасуди!
Нови раседни линии и потенцијални мински полиња
Што мислите кој сега застана во нивна одбрана? Тоа секако не го стори Мицковски, туку за помалку од 12 часови Апасиев ја почувствува студената тупаница на сите орудија на својот довчерашен сојузник! Зад професорот по римско право не се ниту медиумите што ги држат и онака топтан црвено-црните бидејќи тие не ги прикажаа во најдобра светлина „левичаритер“ можеби за прв пат. Потоа уследи комнтарот од Шампитата дека кога требало, „за псоериозни прашања“ Апасиев и компанијата не биле така жестоки. Таа дефиниција на Шампитата е секако поставување на грнаичник по кој нема да има помиртување меѓу двата десничарски субјекти.
Гледано од извесна дистанца околу ВМРО ДПМНЕ сега се позиционираат помали партии на кои Мицкопвски секако порано сметал. Денес тие може да се нагазни мини кои ќе му го стеснуваат маневарскиот простор. На пример единствен медиум кој отвори неограничен простор за насилникот Крмов беше порталот Инфомакс што на тој начин безревно ги оправда испадите во Собанието. Главниот играч во овој медиум е Александар Митковски чија сопруга Наталија Ивкова, која смени многу партии претходно сега е советничка на градоначалничката на Скопје. Се слуша дека советите и се добро платени. Ова значи дека уште појасно се гледа мостот, иако можеби понтонскиот што Левица го фрла кон потенцијалите што ги дава Арсовска и нејзината екипа. Арсова секако може да смета на гласовите на Левица во Советот на град Скопје, гласови кои се драгоцени бидејќи практично таа нема своја партија.
Во таа интересна заедница од политички влегува и градоначалникот на Карпош Стевче Јакимовски кој се смета за голем фан на Инфомакс и кој формално е во коалиција со Мицковски во Парламентот: неговиот ГРОМ има еден глас таму?! Без пратеници е и еден од опозиционерите во ВМРО ДПМНЕ Филип Петровски кој исто така минува низ овој портал со свои прилози, но за … Конечно, каде да се смести новата партија на кумановскиот градоначалник Максим Дмитроевски кој беше постојан опортунист во СДСМ по демисијата на поранешниот претседател на партијата Бранко Црвенковски од политиката. Нема сомнеж дека се чудни полу скриените врски со ВМРО ДПМНЕ, партијата која ја подржа во вториот круг неговата кандидатура дури и на штета на својот кандидат Шанац (Тони Михајловски) на истата функција. Тој во партијата важеше за човек кој е добро позициониран кај Груевски и оваа епизода со неговото изневерување јасно покажува дека Мицковски се ослободувал од сите оние за кои сметал дека нема да му се верни нему а на оној кој го поставил на сегашната функција! Е каде приапаѓа Максим Димитриевсдки?
Актуелниот кумановски градоначалник Максим Димитриевски во гостувањето во Само интервју на Канал 5 телевизија од поранио најави иницијатива за формирање на нов политички субјект во Македонија. Тоа се случи на 9 октомври во Скопје ама кумановци (вмроовци) велат дека
дошле во Хоклидеј ин за да ја пополнат и онака не многу големата сала на овој објект! Дел од нив се квисковци кои беа искористени да дат „пристапници“ по налог на својата партија за да се формира Левица?! По нивни зборови токму поддржуваниот Максим ќе привлече многу членови симпатизери токму од кај Мицковски, после неговиот раскин со Груевски, човекот кој според некои анкети е многу повисок со личниот рејтинг од некогашниот послушник и прислужник. На некој начин услугата која ја прави за Димитриевски и новата партија ЗНАМ поранешниот директор на ЕЛЕМ може за него да донесе непријатни моменти…
Расцепот што се случува во денсицата не е ниту малку наивен и најавува дека зад ридот, како што вели еден наш колега од Независен.мк се теркалаат многу работи. Левица е задолжена само за штимунгот.