Провидни се оидие на одбраната на обвинетие да с бара најмалку една причина за одолговлекување на процесот. Никако да се најде сведокото Иво Котевски! Гласот на Виолета Бошковска не влегува во записник
Во Кривичниот суд Скопје денес се одржа ново рочиште за предметот „Тортура” кој го води судијката Александра Ристеска а застапник на обвинението е јавниот обвинител Љубомир Лапе.
Иако сите странки беа на време пристигнати во Кривичниот суд, сепак рочиштето беше поместено за еден час подоцна а причината за тоа беше недостаток на опрема, прожектор кој во истиот момент се користел во друг предмет.
Бидејќи Кривичниот суд Скопје располагал со само три прожектори, од таа причина мораше да се чека и рочиштето започна во 11 часот кога и беше веќе поставена опремата во судницата.
Во судница сите странки беа на време пристигнати со исклучок на полномошникот на оштетениот Љубе Бошковски, Константин Картовалиев кој не присуствуваше на денешната главна расправа.
Се продолж,и со доказна постапка, изведување на доказите на обвинителството.
Обвинителот Лапе на самиот почеток ги достави до судот видео материјалите кои беа оштетени на минатото рочиште за да се изведат на денешната главна расправа.
На самиот почеток судијката Ристеска ги предупреди сите присутни за мобилните телефони да бидат исклучени во спротивно ќе им ги одземе.
Се гледаа повеќе снимки од увидот на лице место пред „Воденица”, како и нумерирањето на доказите од возилото.
Обвинетиот Ивица Анчевски-Пуки по гледањето на една од снимките побара од обвинителот Лапе да наведе во записник кое е лицето кое се појавува на снимката. Обвинителот Лапе со одговор дека не го знае тоа лице и дека на снимката не морал тој да ги знае сите лица кои се појавуваат на истата. Обвинетиот Пуки наведе во записник дека тоа лице е началникот Роберт Николовски кој тогаш ја водел акцијата а веќе и бил сослушан сведок пред овој суд.
Во дел од снимките се слушаше и гласот на сопругата на сега оштетениот Љубе Бошковски, Виолета Бошковска, но обвинителот за во записник наведе дека во позадина се слуша женски глас,иако многу јасно се слушаа нејзините зборови :
„Кој главен за акцијава, што се случува, јас треба да знам што се случува”, пото „Кој е овде одговорен“… Во еден момент на снимката се слуша коментар на некое службено лице присутно на самата акција:
„Долина на волците” … Одбраната побара од судот при гледањето на снимките да биде и нивното времетраење на самата снимка се со цел да имале во предвид колку би траела истата.
На снимките се гледа собирањето на доказите од возилото и се слуша машки глас кој дава насоки за начинот на собирањето на доказите при што првите зборови му беа: „Ставете прво ракавици”…
По завршувањето на таа снимка обвинетиот Ивица Анчевски-Пуки повторно побара да влезе во записник пронајдената метална телескопска палка која била пронајдена од страна на возачкото седиште и истата спаѓала во категорија на опасно оружје за напад.
Потоа беше дадена пауза од 30 минути и судијката Ристеска им се обрати на обвинетите за да дојдат на време во судница.
По паузата сите странки беа на време пристигнати во судница.
Судијката Ристеска ги извести сите присутни дека по изминати 2 месеци П.С. „Центар” тогаш до судот доставиле допис со кој ги известуваат за лицето Иво Котевски, кој не бил пронајден на наведената адреса по упорната проверка со тропање и ѕвонење.
Обвинителството одамна го повлече овој сведок од листата на сведоци, а известувањето кое пристигнува по 2 месеци до Кривичниот суд е ништо друго освен приказ на реалната состојба на меѓусебната „соработка” помеѓу овие две институции.
Снимките кои се одвиваат во затворена просторија каде се пребројуваат парите обвинителот предложи да не се гледаат, бидејќи, за обвинителството немале никаква доказна вредност во оваа постапка.
Одбраната не се согласи, потоа обвинителот Лапе побара да ги повлече како доказ тие снимки, но одбраната не даде согласност и како што наведоа адвокатите на обвинетите, токму тие снимки оделе во нивна корист.
Судот донесе решение да се гледаат снимките.
Иако по барање на одбраната се гледаа снимките, сепак единствените кои внимателно го следеа изведувањето на тие докази беа обвинетите припадници на единицата „Алфа” кои денешната главна расправа ја следеа со големо внимание за разлика од нивните адвокати и обвинетиот Сашо Мијалков кои беа во постојана гласна меѓусебна комуникација и користеа мобилни телефони.
Судијката Ристеска во еден момент им се обрати со зборовите :
„Го гледате доказот”?!
Потоа судијката Ристеска ги извести странките дека на следното закажано рочиште е неизвесно дали ќе има проекции, бидејќи добила информација дека прожекторите веќе биле планирани за други предмети.
Обвинителот Лапе веднаш предложи да се изведат сите снимки на денешната главна расправа се со цел за економичност на постапката, но одбраната не го ни дочека да се доизјасни обвинителот веднаш го одби предлогот, иако токму на нивно барање се изведуваат повторно овие снимки.
Судијката Ристеска се обрати до одбраната :
„Судот го одредува темпото на работа.”
Судот одлучи да се изведат уште две снимки а останатите да бидат во целост изведени на закажаните рочишта на 2 и 6 декември.
Во текот на гледањето на снимките за кои одбраната посочи дека се во нивна корист за овој предмет, тие воопшто не се произнесоа за нешто што би влегло во записник, ниту пак наведоа делови од тие снимки кои би биле суштински за нивната одбрана.
Единственото произнесување беше пред крајот на самото рочиште кога адвокатот Петар Василев се обрати до судот :
„Судијата ќе моќе ли да знае до колку часот ќе работиме”.
Во закажувањето на нови термини за овој предмет може да информираме дека беа одредени само три датуми помеѓу кои има простор од 46 денови во кои спаѓаат и новогодишните празници и викенди.
02.12 и 06.12. 2019 а третиот термин беше закажан за 20.01.2020 година.
Во текот на денешната главна расправа може да ја информираме јавноста дека обвинетите не ги користеа мобилните телефони, но нивните адвокати постојано ги користеа со заедничко гледање со обвинетиот Мијалков на кого му беше посочувано нешто а потоа и гласно си комуницираа и коментираа.
Опомена од страна на судот воопшто не е добиена за начинот на комуникација. Единствена опомена беше упатена кон присутното обезбедување на обвинетиот Мијалков кој го следи рочиштето во својство на јавност.
Напоменуваме законот за сите писутни во судницата треба да важи за сите подеднакво.
Без оглед дали станува збор за човек кој бил на висока функција или се уште е, без оглед дали е обвинет, адвокат, јавност, обвинител, законот за почитување на редот, мирот и работата во судницата мора да се почитува од страна на сите присутни но исто така и мерките на усна опомена, опомена на записник или соодветна казна треба и мора да важат за сите подеднакво.
На денешната главна расправа беше опоменато само едно лице од присутната јавност а останатите адвокати и обвинетиот Мијалков кои без проблем користеа мобилни телефони и беа во постојана гласна комуникација овој Судечки совет одлучи и овој пат да сврти глава на истото, без усна опомена, без опомена на записник и без изречени казни за непочитување кон судот, како што се прави на повеќе други предмети во Кривичниот суд Скопје а се пропишани правила за однесување во судница токму од судот.
Во овој предмет обвинети се: поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфа” Ивица Анчевски-Пуки и петмина припадници на единицата – Новица Станковски, Филип Атанасов, Петар Милошевски, Јован Боцевски и Метуш Шабани.
Според обвинението им се суди за мачење и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување и казнување за начинот на лишување од слобода на лидерот на политичката партија „Обединети за Македонија”, Љубе Бошковски на 6 јуни 2011 година ден по предвремените парламентарни избори.
Следното рочиште е закажано за 02.12.2019 во 10 часот.
(Настанот го зледеше Зелена лупа а опремата е на Глобус).