БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Сега го видов приказот на зградата што почнала да се гради кај Мајчин дом. Тоа е зградурина од можеби 300 или 500 станови. Тие две -три илјади нови жители со своите автомобилски, сераторски, ѓубраџиски и испарувачки и усмрдувачки капацитети и потреби, ќе го руинираат просторот во пречник од неколку километри и ќе ја декапацитираат комплетната инфраструктура, од струјата, водата, сообраќајот, забавата, здравството, до се
Сакам да ги предупредам инвеститорите кои мислат да градат врз прекрасните парковски површини во Аеродром, стои во анонимната порака што ја добив од некој наш Банкси, дека е во тек формирање на специјални одреди за одбрана на сегашната урбана структура на населбата. Ние, се вели во пораката, не го признаваме криминалното наследство на поранешната власт како правен контекст на кој тие се повикуваат кога говорат за правото да градат. Можните компензации нека си ги бараат од општината, од владата, од надлежните министерства или од други инстанци; ако оцениме дека навистина треба нешто да им се плати, ќе ги поддржиме во тоа.
Нашето мото ќе биде да им го изедеме сиот ќар од агресијата што ја прават во Аеродром и уште да ги однесеме во многукрано повисок минус. Ние ќе најдеме начин да ги оптовариме нивните инвестиции со неподносливи трошоци за обезбедување на градилиштата и објектите во градба, за санации на теренот и на градбите од појави што ќе изгледаат како природни, со блокади, со предупредувачко известување на потенцијалните купувачи да не купуваат станови и деловни објекти што ќе бидат предмет на нашата одмазда и на многу други начини во кои насилството нема да го исклучиме ако другите методи не дадат резултати затоа што тоа го сметаме како надправно природно право на живот во достоинствени услови. Така што, Маринчо, пишува во обраќањето, освен инфраструктурни објекти, еколошки програми и некои видови на елегантен и чист бизнис, ти друга работа околу градењето, нема да имаш. Олабави се. Уживај. А можеш и да одиш по ѓаволите ако мислиш дека таму има слободни парцели.
Опасна парцела!?
Анонимен извор ми дојави дека теренот на кој ќе се гради новата зграда во Аеродром е контаминиран. Всушност, дека здравјето на градителите и на идните станари ќе биде опасно загрозено. Човекот одби да ми каже за каква контаминација се рабити, само ми препорача да се сетам дали на толкава тревна површина сум забележал некогаш да си играат деца, кучиња и кучкари и кучкарки. И навистина, таа ливада отсекогаш беше чудно празна и пуста. Тука нема ниту мачки, макар што на работ стојат отворени контејнери со богато мени. Не сум сретнал еж да претрча или некоја желка да тргнала на лесковачка скара од спротива. Дури и малото црквиче што во меѓувреме го изградија не помогна просторот да оживее и заживее. Некои луѓе зборат дека кога минуваат пред парцелата со автомобил кон центар, чувствуваат благо занесување на колата в лево, а кога одат пешки, се случувало ремените на панталоните или на чантите да им се откачат без друга видлива причина. Исто така, велат дека свеќите во свеќарникот во дворот на црквичето гореле за помалку секунди отколку што некои луѓе според изворите во вмро дпмне гласале на референдумот. Еден бивш пилот ми рече дека хелихоптерите на МВР и АРМ никогаш не летаат над оваа локација. Дали е тоа случајно? Не, тврди пилотот кој вели дека некои чудни бранови ја нарушуваат навигацијата на леталата и тие се секогаш во опасност кога ќе се доближат до мистериозната парцела. Можеби е најдобро да се организира топ-тема или боки-шема со некој кучкар од овој дел на Аеродром, со пилот на македонското воено воздрухопловство или се багеристите кои го чистеле теренот, а кои, наводно, веќе чувствувале тешки главоболки, а имале и проблеми со ерекцијата. Да, мислам дека задолжително треба да се викне и некој од иднинте станари кој би можел да каже дека се се тоа прикаски со кои некои сакаат да го одвратат да купи стан во најубавата зграда јужно од Единбург, особено погодна за бојкоти и други слични скотови. Нека институциите и проституциите на системот си ја работат работата. Нека ги проверат овие гласини и нека кажат има ли во нив вистина или нема, зашто јас не тврдам ништо, ама од „Златна вилушка” кон центар одам преку Драчево па од другата страна на Вардар, по стариот пат во Скопје.
Ова мора да се спречи
Сега го видов приказот на зградата што почнала да се гради кај Мајчин дом. Тоа е зградурина од можеби 300 или 500 станови. Тие две -три илјади нови жители со своите автомобилски, сераторски, ѓубраџиски и испарувачки и усмрдувачки капацитети и потреби, ќе го руинираат просторот во пречник од неколку километри и ќе ја декапацитираат комплетната инфраструктура, од струјата, водата, сообраќајот, забавата, здравството, до се. Тоа е злосторство од најтежок вид. Мора да се спречи со сите средства на земската и воздушна одбрана, мораме да ги впрегнеме сите имагинации на граѓанството против мафијата и против нивните бандитски планови, против квазиправната држава која им служи само на нив, да им ги ебеме сите дупови и шупаци, повторувам со сите средства што на граѓанинот му стојат на располагање: цигли, дронови, коктели, лопати, говна, мочки, кофи, кал, до тоа да ги замолиме Биљана и Сузана, Гордана и Тања, да се запалат на лице место, нешто како некаков огнен бојкот!
(Фејсбук статус)