Проектот „Вистината за Македонија“ го разобличи вистинското лице на Никола Груевски и на неговите соработници. Реакциите на власта беше повеќе од нервозна и очекувана, но ситуацијата во земјава не беше иста. Иако пожестоки реакции доцнеа и требаа месеци за да се покажат очекуваните ефекти. Зацементираноста на поголем дел од медиумите кон оваа тема секако придонесоа во опстанокот на режимот

Како новинар присуствував на сите објавувања на телефонските разговори кои селективно беа објавувани во прес салата на СДСМ на Бихаќка. Тие веројатно беа собрани при крајот на 2014 година и потоа селектирано беа испраќани до јавноста, која, на шокантен начин не беа објавувани во поголем дел од македонските медиуми, пред се во оние мејнстрим. За тие материјали некако се наслутуваше при крајот на таа година, секако имаше кртови и во редовите на СДСМ, но сето тоа не беше можно да се претставува како доказ. На почетокот на 2015 година
Претседателот на партијата Зоран Заев побарал средба со лидер на ВМРО ДПМНЕ и премиер на Владата Груевски. На таа средба – очекувано – било порачано Груевски да си даде оставка како услов обвинителните материјали да не се објавуваат. Средбата, да биде појасно била тајна, за неа малку се знаело иако,м секако на првиот човек на УдБ – Сашо Мијалков му било јасно со каква „драгоценост“ располагал политичкиот противник, иако, секако, не го знаел обемот со кој располагаат на Бихаќка. Веројатно имало повеќе тајни средби потоа за нив прва официјално јави ТВ Сител и тоа на централниот дневник кога сите дознаа за содржината на средбите на 2 февруари, непосредно пред веројатниот краен рок што го поставил СДСМ. На снимката се слуша како Груевски го прашува Заев дали е сигурен дека материјалите што ги поседува ги добивал од странски служби, на што соговорникот потврдно му одговара. Според телевизија „Сител“ снимките се објавени и преземени од „Јутјуб“ (https://meta.mk/proteche-snimkata-od-tajnata-sredba-na-gruevski-i-zaev/).
И бидејќи Груевски поверувал дека тие прислушкувани разгвори нема да му наштетат во обем кој би барал негова оставка или само за да купи време и да бара некое решение што би било поволно за него на 9 февруари 2015 година дојде до објавување на првата „бомба“. Пред тоа во некакво пледоаје Заев изјавува: „Од денеска СДСМ и опозицијата го започнуваат проектот ’Вистината за Македонија’. Целта е единствена – да ја вратиме слободата и демократијата во Македонија, да ги вратиме европските вредности”.
Уште пред пред Заев да почне да ги објавува прислушуваните разговори, Груевски на прес-конференција го обвини за „Пуч“ по што Јавното обвинителство отвори и предмет против Заев кој потоа го презема СЈО. Груевски за материјалите кои ги објавуваше Заев, велеше дека се сечени, лепени и монтирани, а оти прислушувањето се првавело од жолти комбиња.
Да се вратиме на 9-ти февруари 2015 година македонската јавност ги слушна првите аудио-снимки од морето незаконски прислушувани разговори на околу 26.000 граѓани: опозиционери, новинари, судии, обвинители, бизнисмени, пратеници, министри, академици, верски лица, невладини организации.
Првите „бомби“, односно снимени разговори, слушнати на таа прва прес конференција, беа прислушкуваните разгвовори токму на Зоран Заев.
„Денеска ќе слушнете како јас, Зоран Заев, сум следен и прислушуван во континуитет во последните неколку години. Сум бил следен и прислушуван и кога не бев лидер на СДСМ, како разговарам со мои партиски колеги,со луѓе од Општина Струмица, со граѓани, како разговарам со моите деца.“
Таквите прес конференции беа одржувани два до три пати неделно. Од февруари до средината на јуни 2015 година, лидерот на тогаш опозицискиот СДСМ, Зоран Заев одржа четириесетина прес-конференции, на кои под мотото „Вистината за Македонија“ објави дел од од незаконски следените разговори од страна на Управата за безбедност и контразаузнавање (УБК), која ја нарече прислушкувачки монструм.

Преку овие „бомби“ јавноста слушна како Владата на Никола Груевски ги уредувала и контролирала дел од медиумите, како течеле партиските вработувања, како се договарале изборни измами, како се избирале судии, како се преговорало за името, зошто се уривал „Космос“, како се одмаздувала власта кон политичките опоненти, како се купувале возила, плацови… На третата бомба лично очекував дека народот ќе „пламне“ – таа говореше за тоа како е наместен тогашниот опозиционен политичар Љубе Бошковски, кому му беше наместен човек кој го подмитува (дава потпора за неговата партија) во скопска „Воденица“. Потоа тука чекаа тв екипи а апсењетѕо беше спектакулрно – по наредба на Мијалков тој е испружен до контејнери и наредено е повторно да се снима истата понижувачка сцена бидејќи доцнел камерманот на Канал 5. Се слушаат од разговорите фалбата на Мијалков а од другата страна на „жицата“ е уредникот на Сител – Драган Павловиќ Латас со неговото восхитувачко „па,па, па“!
До тогашното објавување на „бомбите“, во земјата веќе имаше политичка криза која потоа дополнително се продлабочи. Некои од „бомбите“ предизвикаа масовни протести, но беа и причина за формирање на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) врз основа на Пржинскиот договор кој го посредуваше ЕУ.
СЈО започна со отворање низа процеси базирани на разговорите. Првата прес-конференција на обвинителството беше одржана на 12 февруари 2016 година на која беше презентирана истрагата именувана како Титаник за изборни измами, па потоа следуваше истрагата Тортура каде како осомничен беше посочен директорот на УБК Сашо Мијалков.
СЈО одржа серија прес-конференции, меѓу кои и истрагата за Тврдина за тоа кој го вршел незаконското прислушување, како и Таргет, Транспортер и 15-тина други обвиненија кои почнуваат со буквата Т, за кои беа иницирани бројни судски предмети.
Во еден од тие предмети осуден е пораншениот премиер Никола Груевски за случајот со „Набавка на мерцедесот“, за кој доби две години затворска казна, но сепак тој не се појави на издржување на казната и избега во Унгарија од каде објави дека добил политички азил.
Во меѓувреме, СЈО веќе не постои, откако на 15 јули 2019 година година јавноста беше изненадена од оставката на специјалната обвинителка Катица Јанева која дојде пред да бидат приведени Бојан Јовановски познат како Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец кои се осомичени во предметот Рекет на Јавното обвинителство, откако во јавноста беа објавени текстови дека се уценувани бизнисмени вклучени во истраги на СЈО, а следуваа и снимени разговори каде на интерфон се слуша и гласот на Јанева како учествува во разговори за постапки кои се воделе против бизнисменот Јордан Камчев. По проширувањето на истрагата за предметот Рекет, притвор беше побаран и за Јанева.
Знаат многу за прислушувањето, ама „не сакаат да зборуваат за тоа“
По низа судски одлуки, жалби и повторни судења, Судот во октомври 2023 година донесе решение за запирање на кривичната постапка за делата злосторничко здружување и злоупотреба на службена положба и овластување во случајот за „Таргет-Тврдина“ за обвинетите Горан Груевски, Сашо Мијалков, Надица Николиќ, Владимир Варелов, Маријан Шумуликоски и Васил Исаковски поради настапено застарување
Со ова застареа кривичните дела за нелегалното прислушување за предметот, а во судница останаа обвинетите што се опфатени со делот за ништење на опремата, односно делот „Тврдина“.
На 13 јануари оваа година, точнио десет години по првата објава за „бомбите“ од „Вистината за македонија“, Кривичниот суд ја објави пресудата за „Тврдина“ само за делот од предмет за масовното прислушување на СЈО „Таргет-Тврдина“ што не застареа со измените на Кривичниот законик, односно уништувањето на системите за следење на комуникацијата во УБК.
Во овој предмет Судот ги прогласи за виновни обвинетите Тони Јакимовски и Валентина Симоновска, кои беа присутни во судница, како и Горан Грујевски и Никола Бошкоски, екс разузнавачи кои избегаа во Грција, на кои им се судеше во отсуство.
За делата злоупотреба на службената положба и фалсификување исправа обвинетиот Тони Јакимовски беше осуден на една единствена казна затвор од три години, во која се засметува и притворот, обвинетиот Горан Грујевски на една единствена казна затвор од 14 години и шест месеци и обвинетиот Никола Бошкоски на една единствена казна затвор од девет години и десет месеци.
Обвинетата Валентинa Симоновска, доби условна осуда со казна затвор од две години, доколку во период од пет години не стори друго кривично дело.
Тие се виновни за ништење на системите за следење на комуникациите Веринд и Најс трак на отпадот „Бубо металика“ во Скопје во 2015 година. Балираните делови од ништената опрема, потоа биле однесени во дробилница во „Еко цирко“, со цел прикривање на трагите. Со тоа нанеле штета на државата во вредност од 1 милион и 418 илјади евра.
Екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска беше ослободува од обвинение, бидејќи обвинителството во текот на судењето не го докажало делото што и се става на товар.
Судијата Илија Трпков, на почетокот порача дека случајот Таргет-Тврдина е најголемиот случај со незаконско прислушување на над 20 илјади граѓани кои со тоа биле држени во заложништво, а со тоа и самата држава и целокупниот општествен живот.
– Не смееше да се дозволи застарување на делот од прислушувањето на овој предмет. Но, се случи упад во судството со измените на Кривичниот законик и тоа се случи. Овој предмет се уште има шанса барем делумно да ја задоволи правдата во делот за ништењето на опремата, изјави судијата Трпков.
Судијата Трпков, посочи дека обвинетите во текот на судењето се однесувале коректно, но дека неговиот впечаток е дека знаат многу за прислушувањето, ама како што рече „не сакаат да зборуваат за тоа“.
Случајот со нелегалното прислушување „Таргет-Тврдина“ започна во јуни 2017 година. Во овој предмет со обвинението опфатени беа поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во бегство во Грција, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.
Гледано од денешен аспект се е секако поинаку во однос на тоа како се извле4коа сите протагонисти на „бомбите“ кои сами говореа за своите злодела. Премиерот пиобегна таинствено со помош на унгарските известувачи во Будимпешта каде се наоѓа и денес. Вториот осомничен по тежината на обвиненијата – Сашо Мијалков го гледавме како се перчи со своето богатство во Монако, иако не смееше да биде пуштен на слобода а и другите осомничени, особено по промена на власта се најде надвор од решетките, но и надвор од обвиненијата.
(Љ.К.)