Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПРЕД НОВ БРАН НА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА ВО ЗЕМЈАТА

June 24, 2019 Filed Under: Македонија

Во делот на обезбедување на поголема финансиска независност на единиците на локална власт клучни се барањата за зголемување на зафаќањето од ДДВ за најмалку 10 отсто (сега е 4,5 отсто) во полза на општините; зафаќање од 50 отсто од персоналниот данок на добивка( сега е 3 отсто) зголемување на висината на сите блок дотации; зафаќање од данокот на добивка на игрите на среќа

ВЕСНА АРСОВСКА

СТРУШКА СРЕДБА Продолжува пренесување на надлежности од централно ниво на ниво на локални заедници

Од 1 јануари, 2020 година се очекува да започне реализацијата на нов бран во стратегискиот развој на децентрализацијата на локалната власт во земјата. Обезбедување на поголема финансиска стабилност на единиците на локалната власт и фазно пренесување на надлежности од централно на локално ниво, во областите каде ќе биде оценето дека е тоа можно и потребно.

Ова беше генералниот заклучок од средбата што Управниот одбор на ЗЕЛС ја реализираше со Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, на 22 јуни, 2019 година, во Струга, на која присуствуваа и советници од неговиот Кабинет, задолжени за ресорите коишто се важни за функционирањето на локалната самоуправа. На оваа средба беше договорена и временската рамка и динамиката за реализацијата на обврските. Беше утврдено да се формира малa оперативнa групa со претставници од двете страни, кои до крајот на јули ќе работат на темите за промени во процесот на децентрализацијата, со цел преземање на понатамошни законски измени за обезбедување на нивна објективна реализација.

Барањата на локалните власти ги изнесе Претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов на почетокот на средбата. Станува збор за систематизираните ставови на ЗЕЛС, кои беа ревидирани уште минатата година и кои се поделени во повеќе области. Во делот на обезбедување на поголема финансиска независност на единиците на локална власт клучни се барањата за зголемување на зафаќањето од ДДВ за најмалку 10 отсто (сега е 4,5 отсто) во полза на општините; зафаќање од 50 отсто од персоналниот данок на добивка( сега е 3 отсто) зголемување на висината на сите блок дотации; зафаќање од данокот на добивка на игрите на среќа и друго.

– Сакаме финансиска стабилизација за досега преземените надлежности. Потребно ни е да го стабилизираме финансиското работење на нашите институции, а доколку добиеме соодветни финансиски средства спремни сме да преземеме и нови надлежности“ истакна претседателот на ЗЕЛС, кој во своето излагање ги презентираше и другите предизвици со кои се соочуваат  општините.

Тој посочи на предизвиците во противпожарната заштита, во процесот на легализација на дивоградбите, потоа за потребата од  скратување на роковите за донесување на планска документација, поддршката на руралните општини, концентрацијата на капиталните инвестиции, недостатокот на одредени  професионални кадри во  општинската администрација ( урбанисти, архитекти, информатичари..) и слично. Шилегов ја потенцираше и потребата локалните власти да се поконцентрирани во собирањето на сопствените приходи, особено на данокот на имот, обезбедувањето на негова комплетна база и репроценка на даночната основица.

ПРИСУСТВО На средбата организирана од ЗЕЛС земаа учество голем број на претставници на локалните заедници

– Владата е подготвена час поскоро да пренесе нови надлежности од централно на локално ниво. Со префрлените 51 милион евра за покривање на долговите на општините покажавме како Влада дека сме фокусирани да обезбедиме функционални локални заедници. Средствата што се предвидени од централно ниво за патишта и за водоводи, дополнително ќе им олеснат на општините, средствата од нивните буџети за овие намени, да ги насочат кон други потреби. Општините можат да помогнат многу во економскиот развој. Потребна е креативност во обезбедувањето средства преку проекти и рационалност каде што е можно. А интеграциите на нашата држава и отворањето на преговорите со ЕУ ќе значат и достапност на европски фондови и повеќе пари и за инфраструктурата, за животната средина, за проекти во социјалната сфера, образованието, културата. Владата подава рака за вистинска функционална децентрализација, потребно е пофункционално и попосветено решавање на работите“, потенцираше на средбата,  Премиерот Зоран Заев, додавајќи дека од особена важност е секој локална власт да ги јакне сопствените административни капацитети ,кои ќе можат ефикасно да го понесат  „товарот“ на сите промени.

И членовите на Управниот одбор на ЗЕЛС изнесоа одредени актуелни предизвици, како и предлог-решенија, при што преовладување атмосферата на подготвеност за  зафаќање со нови надлежности,  доколку се создадат адекватни законски услови за нивно непречено спроведување. Стана збор и за можности за  промени во организација на локална самоуправа од едностепена на двостепена; за рамномерниот регионален развој; за префрлање на блок дотациите во една заедничка дотација со цел поголема самостојност на локалните власти со нивното менаџирање; за јавните претпријатија, за долговите ; за обезбедување на мотивирачки фактор за оние локални власти кои  успешно  ги собираат своите  приходи, како и  искористување на компаративните предности што ги има секоја општина во сопствена полза.

Средбата заврши со охрабрување од двете страни дека само со ефикасна соработка на локалната и централната власт може да се обезбедат поквалитетни услови и услуги за граѓаните

Filed Under: Македонија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet