Како главната штрајбрехерка од охридската гимназија во 2015 година, тогаш сметководителка, сега е една од „најревносесните борци“ да нема настава. Дотичната е сега – наставник!
Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) го става штрајкот во мирување, а учениците од петокот започнаа со настава. Причина за ваквата одлука на СОНК е добиеното известување од Министерството за труд и социјална политика за мирно решaвање на работните спорови.
Претседателот на СОНК, Јаким Неделков по тој повод изјави дека по направените консултации со правни лица, донесена е одлука да се стави штрајкот во мирување додека трае решавањето на спорот.
„Ова е само почитување на законот, доколку не се договориме, повторно ќе го активираме штрајкот. Уверени сме дека во периодот на помирување ќе ги најдеме соодветните решенија и дека нема да има потреба да го активираме штрајкот“, изјави Неделков. Тој се надева дека платите ќе бидат зголемени, дневниците за време на штрајкот нема да бидат скратени и дека колективните договори ќе бидат потпишани и утврдени со рокови.
Во понеделникот (25.04), раководството на СОНК и Владата постигнаа договор за зголемување на платите од 12 проценти со јулската плата, по што одлучуваше членството на Синдикатот, кое не го прифати предлогот. Одлуката беше под притисок на дел од членството кое по СМС било повикамно да протестира (врши притисок) под прозорците на оние кои одлучуваа. И Неделков се премисли – го прегази договорот со Владата. Сепак, се чини имало и други притисоци, бидејќи, во еден голем сегмент на општеството не е можно секогаш да „царува“ една политичка мантра.
Штрајкот во основното и средното образование и детските градинки почна на 11 април. СОНК бара зголемување на платите за 18,4 проценти и усогласување на останатите со минималната плата.
Инаку, СОНК со своите неразумни барања со децении го дискредитира образовниот процес. Исклучок е периодот на владеењето на ВМРО ДПМНЕ кога претходно Дојчин Цветановски а сега Јаким Неделков стануваат алатка во рацете на амбициите на опозицијата. ВСекогаш кога споменатата партија е во опозиција!
Деновив е на ова не потсети пратеничката Жаклина Лазаревска, говорејќи за неусопешниот штрајк на СОНК од 2015 година.
– Во 2015 година имаше штрајк во образование а Регионалниот СОНК Охрид одби да влезе во штрајкот кој го организираше СОНК , па во цел град само охридската Гимназија, поточно 23 колеги и колешки штрајкувавме за: повисоки плати, укинување на екстерното тестирање, укинување на казните за професорите и укинување на страмниот закон за Академија на наставниците. На нашите колеги кои одеа на часови изгледа тогаш не им требаа повисоки плати – се потсетува Лазаревска (58 – која стана подоцна и пратеничка во македонското Собрание. –
Не им сметаше и тоа што дел од нив и други наши колеги беа казнувани и ставани на ѕидот на срамот на тогашното МОН како наставници кои отстапуваа во оценките од фамозното екстерно тестирање. Дури една колешка која гледам сега еволуирала и станала свесна за потребата од барање на правата на просветните работници преку штрајк а тогаш сменоводителка, доаѓаше и редовно по барање на тогашниот директор бараше да се запишеме и потврдиме присуство ние штрајкувачите.
Е има разлика колеги и колешки – вели Лазаревска – Сега никој не ви прави притисок и не ви се заканува , сега предвреме почнавте да штрајкувате и во тек на преговори кои се движат кон решавање на евидентните проблеми кои очигледно постојат.
Тогаш овие сега најгласниве молчешкум работеа и го угушија штрајкот па 2015 добивме :
– 0% зголемување
– не се укина екстерното тестирање
– не се укинаа казните за професорите
– не се укина страмниот закон за Академија на наставниците.
ПЛУС вмровците го надоградија понижување за наставниот кадар со т.н. заменаски наставници.
По промена на власта и доаѓање на власта предводена од СДСМ прв закон кој како пратеник го гласав беше Законот за укинување на екстерното тестирање, Законот за укинување на казните за наставниците и ставање во мирување со Законот за академија за наставници.
За 11 години владеење на ДПМНЕ реално 4% зголемување на платите во основното и средното образование насспроти 21% досега плус 12% со сегашниот предлог или 33% зголемување на платите за 4,5 години власт.
Има разлика од 700 денари покачени плати за 11 години и над 7000 денари плата покачена за 4,5 години! – е финален заклучок на Лазаревска.
„Предлог-законот за наставници и стручни соработници кој заглави по блокадите на опозицијата во собраниска процедура, меѓу другото го регулираше и усогласувањето со минималната плата“ рече пратеничката од СДСМ, Санела Шкријељ во емисијата „24 анализа“ на ТВ24.
Таа додаде дека да не беше блокиран законот од опозицијата наставниците веќе ќе земаа плата усогласена со минималната.
„Секогаш повторувам дека просветните работници треба да имаат високи плати, но треба да зборуваме и за тоа што го испорачуваат. Да не зборуваме само за повисоки плати, туку и за тоа како ја вршат работата“ рече Шкријељ.
Пратеничката рече дека со предлог-законот се предвидувал и систем за професионален и кариерен разој со кој наставниците кои се вложуваат повеќе ќе имаат и повеќе можности за напредок.
За разлика од некои домашни „згрижувачки“ организации кои треба да ги штитат децата ама тоа не го прават со децении добивме зџначајна изјава на УНИЦЕФ, со повик да се преземат мерки за да се спречи создавање на идна изгубена генерација.
„УНИЦЕФ е сериозно загрижен поради продолжениот прекин на наставата и повикува да се преземат мерки со кои ќе се овозможи децата од основното и средното образование да ја надоместат изгубената настава веднаш откако ќе се вратат на училиште. Пропуштеното мора да се надомести за да се избегнат долготрајни штети по добросостојбата и продуктивноста на децата.
Со години наназад, Северна Македонија се соочува со криза во учењето при што повеќе од половина од учениците на петнаесетгодишна возраст не ги постигнуваат основните нивоа на знаење по читање и математика. Згора на тоа, не беа воведени програми за надоместување на пропустите во наставата предизвикани од затворањето на училиштата поради КОВИД-19 и учењето на далечина“ – стои во апелот.
И се продолжува – „оваа учебна година, учениците веќе пропуштија две недели настава поради задоцнетиот почеток на учебната година. Сега, со пролонгираниот штрајк на наставниците кој влегува во својата трета и евентуално и четврта недела, постои веројатност децата да изгубат до 6 недели настава во оваа учебна година и сето тоа во време кога требаше да се надоместува знаењето пропуштено како последица на КОВИД-19.
Сега, повеќе од било кога порано, треба да донесеме мерки за надоместување на пропуштеното знаење и за забрзување на образовната реформа за да може да се одговори на образовната криза којашто му претходеше на КОВИД-19. Доколку итно не се преземат вакви мерки, економските последици од пропуштеното во учењето ќе влијаат на намалена заработувачка во животот на децата од денешната генерација. Овие загуби не само што имаат тековно негативно влијание врз децата, туку ќе влијаат и врз нивниот живот во иднина и идниот економски развој на државата. Веднаш по враќањето во училишните клупи, најважно е наставниците да го оценат нивото на знаење на учениците и да им обезбедат настава прилагодена на потребите и нивото на детето. Треба да се размисли за мерки од типот на продолжување на времетраењето на наставата, организирање часови за надоместување на пропуштеното, прилагодување на наставата за да се задоволат конкретните потреби од учење на учениците и ставање акцент на стекнување клучни вештини. На матурантите ќе им треба дополнителна поддршка да го совладаат материјалот за да може непречено да го продолжат своето школување во повисоките нивоа на образование“ – стои во документот.
Затоас УНИЦЕФ ги повикува сите учесници во преговорите за платите на образовните работници пред сè да го имаат предвид најдобриот интерес на детето, да прифатат дека состојбата со кризата во образованието е алармантна и да изнајдат взаемно прифатливи решенија со цел да се спречи создавање идна изгубена генерација. (Р.Г.)