Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПРЕМИЕРА НА ДЕЛОТО НА ДВОДОМНИОТ ПИСАТЕЛ ТАЛЕВ

June 25, 2018 Filed Under: Ревија

„Железниот светилник“ во изведба на Театарот на бугарската армија беше претставен на сцената на МНТ

НАЈАВА Плакат за претставата во Охрид

Претставата „Железниот светилник“ заснована на првиот роман од тетралогијата на извонредниот бугарски писател Димитар Талев, роден во Прилеп, се изведе на 11 јуни, во Македонскиот народен театар (МНТ) во Скопје. Генерален спонзор на одржувањето беше Фондација „Илија Камчев“, а се реализираше под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија, Министерството за култура и Министерството за одбрана на Република Бугарија. Иако имаше голем интерес кај публиката билети во слободна продажба речии и да немаше.

Димитар Талев е дводомен писател кој е исклучително почитуван и се смета за врв на бугарската книжевност и еден од најчитаните и најпопуларните литературни творци. Оние кои го читале знаат дека тежината на неговите дела не се мери само во напишаните зборови, туку и во емоциите кои тој умешно ги постила низ редовите.

Отворајќи ја својата душа и предавајќи ја целата своја креативна енергија, Талев остава зад себе дела со неизмерна големина, неодминливост и трајност. Неговото трпеливо испитување и бележење на настаните кројат бурни приказни за едно време и едни судбини кои тој успешно ги оживува преку зборовите и прави истите до денес живо да пулсираат и греат.

Помеѓу другото, Талев е доживеан и како писателот кој во „Железниот светилник“ преку измислениот град Преспа во кој се одвива дејството неповторливо и со неизмерна љубов го опишува својот роден град Прилеп како никој дотогаш.

СЕДУМ ГОДИНИ Претставата се игра седум години на репертоарот на Театарот на бугарската армија

Овој културен настан говори за тоа дека потпишаниот Договор за добрососедски односи помеѓу двете држави покрај тоа што обезбедува отворени можности за економски и политички развој, пред сè, со проширување на аспектите на истиот и запознавање на културите на двете земји ги поставува и темелите на пријателството и добрососедството.

Иако се очекуваше гости на претставата во Македонскиот народен театар да бидат и премиерот на Р. Македонија Зоран Заев, како и премиерот на Р. Бугарија Бојко Борисов, кои на овој начин, заедно требаше да ја изразат својата поддршка во насоката на развој на културата во двете земји, во МНТ дојдоа двајцата министри за култура од двете земји.

ИНТЕРЕС Публиката имаше голем интерес за оваа претстава, ама биле во слободна продажба речиси и да немаше

Театарот на Бугарската Армија кој е еден од најголемите и најуспешните театри во својот репертоар ја вклучува оваа претстава од 2011. година со повеќе од 150 изведби. Освен во МНТ во Скопје, претставата беше одиграна и во Охрид на 12 јуни во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, во Народниот театар во Битола на 13 јуни, во родниот Прилеп на Димитар Талев на 14 јуни во Народниот театар „Војдан Чернодрински“, во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица на 15 јуни и во НУ центар за култура „Ацо Шопов“ во Штип на 16 јуни.

Нескромните квалитети на Димитар Талев и маестралноста на „Железниот светилник“ претставуваат неверојатен предизвик да се постават на сцената и ветуваат спектакл за кој што и да се каже, пред да се погледне, ќе биде малку.

 

Filed Under: Ревија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet