Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПРЕМИЕРИ : „КАРМЕН“ НА БИЛЈАНА ДРАГИЌЕВИЌ ПРОЈКОВСКА

May 25, 2021 Filed Under: Ревија

„Кармен“ е работена по мотиви од романот „Пет часа со Марио“ од шпанскиот писател Мигел Делибес, во драматизација на Дејан Пројковски.

СЦЕНА ОД ПРЕТСТАВАТА: Ремек-делото на Делибес е објавено во 1966 година и е сместено на листата на „сто најдобри романи на дваесеттиот век

ЛИЛЈАНА МАЗОВА

Актерката Билјана Драгиќевиќ Пројковска и режисерот Дејан Пројковски создадоа, најверојатно, нова хит претстава во Драмски театар во Скопје: монодрамата „Кармен“ со која Билјана повторно и повторно ја докажува својата зрелост, иако на театарската сцена/сцени ја има повеќе од две децении.

Билјана и Дејан изградиле свет/тема со која се соочува човекот/жената од било каде и било кога.

„Кармен“ е работена по мотиви од романот „Пет часа со Марио“ од шпанскиот писател Мигел Делибес, во драматизација на Дејан Пројковски. Преводот е на Ненад Велковски, сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите се на Раде Василев, композитор на музиката е Горан Трајкоски, сценските движења се на Олга Панго, автор на дизајнот на постерот и на фотографиите е Елена Бојаџиева, видео спотот е на Студио 2С и Горан Наумовски. Сите добро знаеле што сакаат. И заедно стигнале до целта.

Преку целосна посветеност на она што го имале како цел создаде претстава која публиката ќе ја гледа/сака/почитува.

Единствено за сите е што сакале и создале претстава/приказна во која е доминантна зрелоста на Билјана Драгиќевиќ Пројковска. Низ играта се следат лажниот морал, заблудите, идеологиите и пропаднатите соништа.

„Кармен“ на Билјана е точен одраз/слика на жена, која и покрај својата просечност, сонува за живот како на филм. Што, се разбира, не и успева. Нејзината борба е јалова.

Билјана Драгиќевиќ Пројковска ликот на Кармен го игра и со доза на комика. И тоа  во услови/настани кои се, всушност, трагични. Низ луцидност што на ликот му дава нова димензија. Сето тоа го постигнува низ многу знаци.

На сцената на која е и куклата/сопругот, го раскажува/игра живот на Кармен. Секој дел е одигран со совршено чувство, со емоции, со радост или тага, со прецизни назнаки на нејзината вовлеченост во секоја ситуација, во секој дел од она што го одживеала, посакувала, тагувала…

И покрај тие изјаловени сништа во кои има и многу трагика, Билјана ја игра Кармен и низ комика.

Нејзината „Кармен е чувствителна: тажна, среќна, несреќна, разиграна, емотивна…

И внесува живот/живост на жена која поминала низ многу премрежија. Тие ја зајакнувале, и давале импулс да продолжи. И да оди напред.

 

Има и едно друго чувство: откако ќе го раскаже/доигра животот на Кармен, кај гледачот провоцира и потреба од уште. Или уште да ги има на сцената Билјана и нејзината Кармен.

Оттука Билјана ја создава Кармен (како што вели и самата) ,како лик кој е „огледало на нашата малограѓанштина“. И уште како одговор на изминат живот кој е најмногу трагичен, а сепак и комичен. Тоа е и дел од концептот врз кој е градена  изведбата.

Во тој процес на трагичност и комичност е големината/совршеноста на Билјана како Кармен. Тоа се две различни чувства на кои инсистираат режијата на Пројковски и играта на Билјана. Предност е и фактот што во животот (вон театарот) се брачна двојка која го знае животот на еден со друг, но и оној кон театарот.

Токму затоа и разултатот е таков – успешен. И затоа треба да се види за да се почувствува играта/радоста кога се создава добар театар.

Filed Under: Ревија

БАБАНОВСКИ: НИКОЈ НЕ ЗНАЕ КАДЕ ЗАВРШИ ОРУЖЈЕТО ШТО МУ ГО ДОНЕСЕ АРКАН НА МИЈАЛКОВ
СО ПРИКАЗНАТА ЗА ШТРКОТ СИЛЈАН ОДИМЕ ВО СВЕТОТ
КОРИСНИ ЛЕКЦИИ ОД ИСТОРИЈАТА НА ПРИТИСОК ВРЗ МЕДИУМИТЕ ВО СРБИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ (141) ЕУ СМЕТА ДЕКА ПРЕДЛОГОТ ЗА ТЕРИТОРИЈАЛНИ ОТСТАПКИ ЗА МОСКВА СЕ ЗАМКА
ЕВРОПСКИОТ ВЕК НА ПОНИЖУВАЊЕ

Најново

  • БАБАНОВСКИ: НИКОЈ НЕ ЗНАЕ КАДЕ ЗАВРШИ ОРУЖЈЕТО ШТО МУ ГО ДОНЕСЕ АРКАН НА МИЈАЛКОВ
  • СО ПРИКАЗНАТА ЗА ШТРКОТ СИЛЈАН ОДИМЕ ВО СВЕТОТ
  • КОРИСНИ ЛЕКЦИИ ОД ИСТОРИЈАТА НА ПРИТИСОК ВРЗ МЕДИУМИТЕ ВО СРБИЈА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet