Најнова претстава во Македонскиот народен театар е „Само глас“. Работена е по текстот на младата авторка Нина Плавањац. Таа е родена 1998 година во Белград. Режисер, композитор, сценограф и дизајнер на светлото е Марјан Неќак. Претставата е и праизведба на текстот
ЛИЛЈАНА МАЗОВА
„Само глас“ е претстава на актерката Звездана Ангеловска, која го игра единствениот женски лик – Таа. Ангеловска и го превела текстот. Ликот на Тој, што го слушаме како снимен глас, е во интерпретација на Никола Ристановски, а третиот лик – оној на Балетанат го игра Мирослав Митрашиновиќ. Преводот на сонговите од англиски јазик е на Елена Китановска, видеодизајнот на Марин Лукановиќ, а костимите се на Наташа Павлиќиќ. Има и уште низа други соработници.
Таа на Звездана Ангеловска е уметник/жена која се бори со осаменоста. Како што и пишува авторката Плавaњац се „бара“ лек за осаменоста и како да се пополни празнината во себе. Со бегање или со самоизолација, прејадување или гладување, самоизмама или сурова искреност, фатална љубов, опсесија…
Сето ова го има во играта на Ангеловска како Таа. Со цврст однос/став кон ликот таа ги игра сите состојби на ликот. Се менува, се бори, се соочува со Таа и создава лик кој целосно е оформен. И со сите состојби во кои Таа била. И ја покажува/докажува својата зрелост и моќ за преобразба. Секоја состојба на ликот на Таа ја игра со сигурност. Заедно со Марјан Неќак ги откриваат/отвораат состојбите во кои е Таа. Комуницирајќи со Тој само преку глас/говор, нејзината Таа е сама/безимена актерка која покрај текстот, низ режијата на Неќак и комуникација со Тој – Никола Ристановски само низ гласот, создаваат свет кој води напред.
Иако меѓусебно не се познаваат – Таа и Тој – низ гласот/говорот, создаваат свет или универзум што води кон нов живот во кој има надеж за нова иднина. Ангеловска е сосем посветена на ликот и на откривањето/создавањето на Таа. Секоја нејзина состојба таа ја создава/остварува низ детали кои цврсто се врзуваат еден со друг. И создаваат лик на жена која и покрај сите проблеми/настани низ кои го минува животот – има надеж за поинаков свет/состојба. Ангеловска како Таа е точна, разиграна, притаена, скриена во небиднините и отворена кон поинаква иднина.
Ги покажува/игра различните состојби на ликот со сигурност и во нив и во нивната интерпретација. Со оглед на фактот дека тие се различни, различна е и таа во секоја состојба.
Ангеловска има и сигурен, иако невидлив и за неа и за гледачот партнер – Никола Ристановски како Тој.
Никола Ристановски којзнае по кој пат е и одличен актер и одличен партнер, иако конкретно во „Само глас“ е невидлив и за Таа и за публиката. Само низ гласот ја создава комуникацијата. И остварува лик кој, всушност, и помага/овозможува на Таа да се избори или да си ја најде слободата и да научи да го живее сама својот живот.
Иако Ангеловска го создава ликот како приказ на вистината со која се соочила низ животот, Ристановски иако само како глас, создава лик кој се гледа и открива низ неговата сигурност на сцената. И моќта да се соочии со секоја сценска состојба. Да биде лик што се „гледа“ и кој кон партнерката, сега како невидлив лик/партнер на Звездана Ангеловска, да биде и „видлив“ и партнер кој секој актер може да го посака.
Секоја друга констатација за претставата „Само глас“ е непотребно. Таа треба да се види.
Од друга страна, исто речиси сосем извесно е дека „Само глас“ ќе има долг живот и на сцената на Македонскиот народен театар и, најверојатно, на сцени/гостувања во други средини.
Тоа го заслужуваат и текстот на Нина Плавањац, и режијата и сите други реализатори на оваа музичка драма на Марјан Неќак и на актерите Звездана Ангеловска и Никола Ристановски.