Оние решенија што и беа понудени на Србија, тоа не беа добро примени, бидејќи српските власти секогаш ги отфрлаа со гадење. И потоа добиваа полоши решенија или никакви. Марко Јакшиќ изјави во Митровица, неодамна во едно интервју, дека планот на Ахтисари кој го понудил своевремено, бил подобар од Заедницата на српски општини, но тоа било категорично одбиено. Историјата се повторува буквално во Србија
ВЕСНА ПЕШИЌ
Вучиќ е човек со краток фитил, а овој сега практично е истенчен до пукање. Тој вика, се кара, само не го разбркал со стап тоа „ѓубрето”, кое има толку многу станало дрско и се размножило. И излегува дека не се ѓубре оние стари фаци, туку ги има од сите фели. И оние кои стојат на улиците на Ниш, аеродромски работници кои бараат исплата на заостанатите плати. Железниот полк си ги бара воените дневници, тука се сиромашните луѓе, „западните пријатели”, „албанските бандити”, а тука се и „жолтите”: Јеремиќ, Јанковиќ, Ѓилас под разно. Не е важно колку стега одвнатре (нема потреба да се набројува) и колку да се чини дека е посилен од било кога, се чини и дека крајот му се гледа. Под зголемен надворешен притисок за решавање на прашањето за Косово што е можно поскоро, впечатокот е дека тој пребројува низ главата што може да добие за таканареченото „компромисно решение“ за кое се залага и кое лично треба да го спаси. Тој беше видливо депресивен кога се јави од Америка, и тоа не беше глума, како што многумина мислат. Неименуваните соговорници му рекоа дека приказната за Косово е завршена и дека нема ништо повеќе што да бара. Пораката беше јасна: она што тој сака како компензација за косовско столче во ОН нема да го добие. Тој ветува дека ќе го каже гласно она што го поставил како барање, но тој тоа постојано го одложува. Се сеќавам на старата приказна дека побарал на Србија да и припаднат четирите општини на север од Косово. По инцидентот во Митровица со варварски апсење на Ѓуриќ, излегува дека всушност има за цел зголемена Заедница на српски општини. И молчи за тоа 5 години! Дури и испадна да биде токму тоа цело време голем проблем, Заеднцата не може да биде нешто како збир на невладини организации, како што замислиле претставници на косовската Влада.
Оние решенија што и беа понудени на Србија, тоа не беа добро примено, бидејќи српските власти секогаш ги отфрлаа со гадење. И потоа добиваа полоши решенија или никакви. Марко Јакшиќ изјави во Митровица, неодамна во едно интервју, дека планот на Ахтисари кој го понудил своевремено, бил подобар од Заедницата на српски општини, но тоа било категорично одбиен. Историјата се повторува буквално во Србија. Ние не научивме ништо и на истите испити секогаш добиваме единица колку врата. И тука сме повторно во истата неволја. Вучиќ вели дека ќе има многу тешка 10 дена, кога тој имаше турнеја низ европските земји овој месец (и веќе помина лошо во САД). Тој не очекува добра вест за Србија ниту од ова патување. Премиерката Брнабиќ ја информира јавноста дека претседателот е многу разочаран од Запад. И никогаш и не бил фасциниран. Напротив, колку тој бил пријател со нив цело време во земјата покажа антизападната кампања и демонизацијата на Западот од страна на Вучиќевите таблоиди. Откако дојде на власт тој за секои дребулии го апаѓаше Запад,от велејќи дека од таму сакаат да го срушат и таблоидите ги имаа на мета странските амбасадори на највлијателните земји. Во исто време, Путин е подигнат до небото, исто и братска Русија, и седењето на две столици е формализирано во официјалната политика на Србија, иако Србија (наводно) се определила за ЕУ. Еве денес, во таблоидите за високиот претставник на САД Метју Палмер, кој го посети Белград велат дека дошол во Србија по главата на Вучиќ! Посетителите од Западот молчеа за овие испади и кога тој го уништуваше сиромашно општество и неговите институциите во Србија, земја која се претвора во мафија, и додека на Западот и на сите противници им се закануваше со оруќјето на Путин. Вучиќ уште мами и енормно греши (како и неговите претходници), кога смета дека политичарите и службите на Запад се наивни будали кои лесно ќе се лажат.
Вучиќ е свесен дека е пеед крстосница. Часовникот му отчукува. Затоа гледа да добие на времето, ги влечка решенијата а тука има помош и од косовската страна, бидејќи и Тачи и Харадинај, секој од своја прилина имаат иста намера- да развлекуваат. Нетрпението и на САД и на ЕУ расте и рокот на балканските повторувачи им истекнува. Ако Вучиќ одбие да потпише обврзувачкиот правен догоивор тоа СРбија ќеја отера во изолација а патот кон ЕУ ќе биде прекинат. Кој тоа да го направи, како на пример своевремено Коштуница, кој падна од власта, како и Тадиќ и Јеремиќ, кои матеа со формулата „и Косово и ЕУ“ доживеаа иста судбина. Разликата е само во брзината со која паднаа. Ако Вучиќ одбие да направи пробој по косовското прашање (кое трае веќе сто години, а сега е важно заради судирот на САД и Русија на Балканот и заради влијанието на Путин во Србија и Република Српска) и ако сериозномисли дека не мисли да го остави „замрзнатиот конфликт да го решават нашите деца“, па добие западна подршка за себе, што му е најважно, потоа за економијата, општството и институциите. Ако таква одлука падне, тој тешко дека ќе ги одбегне руските закани, потоа од националистичката опозиција и службите врзани за неа. А тие не знаат да се шегуваат.
И сега стигнуваме до поенатат и поуката. Најголема грешка Вучиќ направи со отфрлувањето на прогресивната српка политичка елита, демонстрирајќи ја својата автентична нетрпеливост кон опозицијата, демократската расправа и секоја критика што се пробивала низ замолкнатите медиуми. А таа елита го подржаБриселскиот договор. Ставаше јуловски, милошевиќевски и воени кадри на најважни места во државата и во медиумите, ги претвораше во лилчни слуги и стомакозборувачи. Преку клиентелизам херметички ја затвораше својата авторитативна власт, вработувајќи на стотини неспособни и послушни партиски луѓе. Со несокриеното поништување на наследството на Петти октомври и жестоките и постојани напади на Демократската партија со тоа дека таа ја уништила Србија (премеолчувајќи ги воените 90-ти кои и нанесоа најголема штета) тој целата критичка јавност ја претвори во непријател кој мора да биде уништен.
Од друга страна националистите веднаш го осудија неговиот потпис на Бриселскиот договор. И го прогласија за предавник. Така сега остана сам. Тој по дифолт се фати за српските „историски прашања“, пред се проблемот со Косово, го врза за влезот на на земјата во ЕУ и не беше во состојба, ниту имаше волја д ги собере околу себе демократските сили и поединци кои би му помогнале да се извлече од националистичките претензии и кои ј оневозможуваат нејзината модернизација и развој. Тој сите тие органзиации и поединци ги остави на маргините. Сега нема со кого „да ги спасува нашите деца од решавање на косовското прашање“. И Србија од изолација. Тој за ЕУ нема поткрепа во воите луѓе, па затоа не знае дали во оваа кризна ситуација дали да се врати н своето старо јато за кое Европа и демократијата се најлути непријатели.
Во една ситуација се обидов лично на тој Вучиќ да му го привлечам вниманието за неговото насилно однесување во јавниот живот на земјата. Вака дојде до тоа. Доцното лето 2013 година ме повика Јелко Кацин во салонот на хотелот Прагё. Не можев да знам зошто ме повикува. Тој ме паша дали би можела да стапам во контакт со првиот потпретседател на Владата Александар Вучиќ и убаво, онака мајчински (негов израз) да го ублажи својтооднос кон опозицијата, бидејќи на тоа однесување не се гледа добро во ЕУ круговите. И дека за таквото однеаување нема никаков смисол ако сњ претендира на членство во ЕУ. Јас му ветив дека ќе пробам. И заминав во Валдата каде првиот потпреседател ме прими срдечно. МУ кажав зошпто сум дојдена (без да го споменувам Кацин), туку едноставномислев дека имам се упте доволно кедибилитет. Рече дека ќе се обиде да го смени својот однос кон опозицијата. Од тоа немаше ништо, што секако добро се гледа.
Гледано од сегашната перспектива и последните настани за кои тука пишував, се сетив на тој неуспешен обид, којсекако не бил единствен. Неговата лична власт сега ќе се заплетка во косовско-спрската кал, не може да се решава во политичкиот оксиморон И Русија и Запад, како тоа Вучиќ погрешно ја змислувал.