Говорот на Милошевски во Крушево беше посветен на слабиот наталитет. Штета што немаше доволно слушатели, особено оние кои зсе во репродуктивна возраст. Претседателката Давкова Силјановска извлекла лесна поделба – дојде на празниот плоштад и бргу си замина оттаму. А премикерот избра погрешен говор на Пелинце и погрешен ден за посета и на Ташмаруништа. Не може секопгаш се да се посреќи!

Настанот во струшко Ташмаруништа каде наводно само едно лице протестирало против премиерот Христијан Мицкоски беше повод за препукување на двете најголеми партии во Македонија. СДСМ во понеделникот, на 3 август преку соопштение праша „што навистина му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа? Дали е точно дека граѓаните вербално го нападнале Мицкоски? Дали го пцуеле незадоволни од неисполнетите ветувања? Незадоволството кај граѓаните е огромно, поради катастрофалната економска состојба, труењето со вода, изолацијата на земјата и секојдневните лаги на Мицкоски“.
ВМРО-ДПМНЕ одговори дека СДСМ се препознал во говорот на премиерот во Пелинце како „талогот“ и потврди дека е целосно во координација со надворешни агентурни центри.
„Поздравен од присутните граѓани се движеше низ народот во Ташмаруниште како што прилега на народен лидер, за разлика од претседателот на СДСМ кој бега од народот на скапи јахти и уплашен преку снимени пораки се обраќа на ден како Илинден. За време на движењето на претседателот Мицкоски низ народот, едно лице во обид да испровоцира инцидент, под дејство на алкохол, дофрлало зборови со непримерна содржина. Лицето било изолирано од присутните граѓани и легитимирано од страна на припадници на МВР. При легитимирањето лицето извадило бугарска лична карта и бугарска патна исправа“.
По ова повторно се јави СДСМ велејќи дека „ВМРО-ОКГ повторно лаже. Тврдат – не е точно дека лицето кое полицијата го легитимирала во Ташмаруништа покажало бугарска лична карта.
„Лицето (С.Г. – родено 1974 година во Кочани), е македонски државјанин и има македонска лична карта. Обична, класична лага на ВМРО-ОКГ. Кај Мицкоски сѐ е лага. Кој шири поделби и омраза во Македонија? Мицкоски. Кој има странска агентура во Владата? Мицкоски“, посочуваат од опозициската партија.
Излегува дека во Палатата Татарчев оделе на тоа во саекој напад на нивни функционери да гледаат странски фактор, по одналред дадена дефиниција која ја олеснува нивната одбрана и „заштита“ од владиноито блокирање на евроинтеграциите на земјава.
Затоа имаше и страв кај власта пред прославата на Илиден. На Мечкин камен го испратија Антонио Милошевски, политичарот коиј е репознаен како бегалец од рпавдата и како човек со нејасна национална определба. По извештјот на ТВ Телма и онака повеќе од скромно насобраниот народ (иако секако имало организиран бесплатен превоз) се испоразбегал додека официјалните делегации положувале цвеќе на Мечкин камен! И од телевизиските извештаи се виде дека на прославата биле само оние кои морале – коњаниците.
За одбележувањето во Ташмаруниште веќе предвидовме дека ќе се одржи само што премиерот очевидно мораше да ја покрива „дупката“ која настана пред Мавзолејот на АСНОМ крај реката Пчиња. Стигнал и до таму ама во својот говорот место за авнојските принципи и повелби говорел против своите политички противници (!) кои исто така ги имаше на тоа место. Тоа е комплегтно погрешна концепција. Не е јасно зошто го испрати својот министер за внатрешни работи преку граничната линија, да положи цвеќе онаму каде Првото заседание и се одржало, ако верќе се настојувало да се поздрават топлите односи со соседна Србија. Требаше и можеше и сам да мине едно кусо растојание и тие односи да добијат посилно сведоштво.
За кусата и брза посета на претседателката на споменикот на Ченто на градскиот плоштад нема што да се говори. Имаше местото за настапот добра сенка, беше се уште рано претпладне, публика – ич, ако говориме за народот. А не за неколку министри и други функционери.. Штета што веројатно пак „го јаделе стапот“ оние кои тој ден патувалке кон Охрид или обратно бидејќи претседателката брзо, брзо си се врати во својата дестинација во Горица.
Дали стратегоијата – не кажуваме каде ќе говориме вроди со плод?




