Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПРЕСТАВНИЧКИОТ ДОМ ЈА ЗАБЗРЗУВА ИСТРАГАТА ПРОТИВ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАМП

March 5, 2019 Filed Under: Свет

Претставничкиот дом почнува истрага против Трамп за опструкција на правдата

НАПАДЕН АПЛАУЗ Ненси Пелоси во име на демократското мнозинство му дава нападен, би се рекло циничен аплауз на Трамп

Одборот за правни прашања при Претставничкиот дом на американскиот Конгрес ќе започне истрага против претседателот на САД, Доналд Трамп и неговите соработници поради можни опструкции на правдата, корупција и злоупотреба на овластувањата.

Претседавачот со Одборот, демократот Џери Надлер изјави дека денеска ќе бидат побарани документи од над 60 луѓе од администрацијата на Трамп, семејството и деловните партнери, во рамки на проширување на истрагата за руското мешање во американските избори во 2016 година.

Надлер истакна дека Одборот ќе побара документи од Министерството за правда, но и од финансискиот директор на „Организацијата Трамп“ Ален Вајселберг, но и од синот на претседателот, Доналд Трамп Помладиот.

Одборот, исто така, го повика поранешниот вршител на должност државен обвинител, Метју Витекер, и планира повторно да го сослуша то текот на следните недели.

Конгресменот Џеролд Надлер за телевизијата „Еј-Би-Си“ кажа дека барањата се со цел на американската јавност да и бидат покажани случаите на опструкција на правдата, корупцијата и злоупотребата на власта.

НАДЛЕР Ќе се бараат документи од 60 лица од администрацијата на Трамп, семејството и деловните партнери

Тој рече дека Комисијата сака да види документи од најстариот син на Трамп, Доналд Трамп Џуниор и Ален Вајселберг, главен финансиски директор во компанијата на Трамп.

Надлер кажа дека верува оти претседателот ја попречил правдата за време на функција. Тој рече дека поранешниот долгогодишен личен адвокат на Трамп, Мајкл Коен во минатонеделното сведочење пред Конгресот „директно посочил на претседателот во разни кривични дела, пред да биде избран за претседател и додека бил во Белата куќа.“

Сенаторот Марк Ворнер, демократ во Комитетот за разузнавање на Сенатот за „Си-Ен-Ен“ кажа дека по сведочењето на Коен станало јасно дека „Мораме да копаме подлабоко“ за да се дознаат детали за плановите на Трамп за изградба на облакодер во Москва за време на кампањата во 2016-та година. Трамп за време на кампањата кажа дека немал никакви деловни договори со Русија.

ДОНАЛД ТРАМП ЈУНИОР Најстариот син на Трамп, тука со својата девојка, ќе биде предмет на истрага, исто така

Ворнер вели дека тој ќе реши дали Трамп соработувал со Русија за време на изборите откако ќе биде спроведена подетална истрага. Тој посочи дека наводите дека нема докази се неточни.

Извештајот на советникот Роберт Мулер за можната соработка на кампањата на Трамп со Русија може да биде предадена на главниот правобранител на САД, Вилијам Бар во наредните денови. Не е јасно дали ќе бидат објавени детали во јавноста.

Демократските законодавци повикаа на целосно објавување на извештајот. Но, Бар кажа дека ќе го стори она кое е дозволено со правилата на Одделот за правда.

 

Filed Under: Свет

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet