Одлуката на судот во Црна Гора, со која двајцата офицери на руската воена разузнавачка агенција (GRU) се прогласени за виновни за обид за тероризам, што е јасна победа на владеењето на правото, што се открива како дрзок обид од страна на Русија да ја поткопа сувереноста на една независна европска нација. Според Стејт департментот ова е оценката по повод првостепената пресуда на групата обвинети за обид за тероризам и создавање на криминална организација на денот на парламентарните избори во Црна Гора, во октомври 2016 година.
„Од кога е спречен обид на денот на парламентарните избори во Црна Гора во октомври 2016 да се изведе државен удар, поддржан од страна на Русија, Црна Гора презела значајни чекори кон интеграцијата во евро-атлантските семејството, особено со пристапувањето во НАТО во јуни 2017 година”, вели портпаролот на Стејт департментот Морган Ортагус.
„САД ќе продолжат да ја поддржуваат Црна Гора во напорите за зајакнување на владеењето на правото, заштитата на слободата на медиумите и ќе продолжува да ја продолжува за сспроведување на другите реформи, потребни за членство во ЕУ”, се заклучува во соопштението.
Американската амбасада во Подгорица претходно објави, преку својот профил на Твитер, дека денот кога е нпавен обид за државен удар, е „историски ден за владеењето на правото во Црна Гора”.
Судот инаку прогласи 14 лица за виновни по неуспешниот државен удар, вклучувајќи и двајца претставници на Руската GRU. Тој процес е оценер како транспарентен и отворен и е важен чекор напред за владеење на правото, кој испраќа силна порака за неприфатливоста на обидите за поткопување на демократијата,, смеат во американската амбасада.
Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Џереми Хант, исто така, по одлуката објави твит, велејќи дека пресудата на двајца руски службеници за разузнавање, за неуспешните обиди за тероризам во Црна Гора, е уште еден пример на „срамен обид на Русија да ја поткопа европската демократија”.
„Русија е голема земја и суштински дел од европската цивилизација … Мора да постои подобар пат од овој”, рече Хант.
Вишиот суд во Подгорица во четвртокот издаде првостепени пресуди на групата обвинета за обид за тероризам и создавање криминална организација на денот на парламентарните избори во Црна Гора во октомври 2016 година, вклучувајќи двајца Руси и двајца лидери на опозицијата и ги осуди на вкупно 70 години затвор .
Русите Едуард Шишмаков и Владимир Попов, означени како „умови” на операцијата се недостапни за црногорските државни органи, а беа осудени на петнаесет и дванаесет години затвор, поранешниот шеф на српската жандармерија Братислав Дикиќ на осум, српските националисти Предраг Богичевиќ и Немања Ристиќ на седум и пет години, додека опозициските водачи Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ ги осудија на пет години затвор.
Британските медиуми „Sky News” и „Telegraph” објавиле тајно направени фотографии на кои наводно се наоѓаат руски разузнавачи Едуард Шишмаков и Владимир Попов, во некои од нив во друштво на српскиот државјанин Александар Синѓелиќ, за кои се смета дека ги даваат главните докази дека Русите имале план за насилен државен удар кој би се завршил со атентат на Мило Ѓукановиќ.
Фотографиите, за кои се наведува дека ги направиле европски разузнавачки служби, наводно покажуваат двајца офицера на руската воена шпионска служба „GRU” во посета на Балканот, како надгледуваат човек кој го ангажирале да го организира крвавото рушењето на црногорската влада, пренесе тогаш Telegraph.
Се верува дека фотографиите се направени во белградскиот парк непосредно пред спречениот удар и претставуваат клучен дел од доказите кои го поврзуваат заговорот со руските државни органи.
Кремљ силно демантиралше тогш било какво учество, а двајца проруски лидери на опозицијата меѓу обвинетите, тврдат дека заговорот е лажен и смислен да ги дискредитира.
Меѓутоа, британски и американски службеници сметаат дека заговорот имал поддршка од Русија на високо ниво, и дека бил еден од истакнатите примери од обидите на Кремљ да ја потресе европската демократија.
Британски Sky News прв ги пренел фотографиите за кои се наведува дека се уште еден доказ дека руски разузнавачи стојат зад минатогодишниот обид за атентат на Мило Ѓукановиќ.
Како што наведува Sky News, фотографиите се направени во Белград во време пред обидот за пуч во Црна Гора. На една од нив Шишмаков и Попов се фотографирани заедно на клупа, во парк во центарот на Белград, а на друга Шишмаков е со српскиот државјанин Александар Синџелиќ, кој по апсењето наводно го признал своето учество во обидот за државен удар, и признал дека работи како агент за двајца Руси.
Порано оваа година, објавени биле фотографии од пасошот на Едуард Шишмаков. Тој е опишан како асистент на воен аташе во руската амбасада во Варшава, за што безбедносните извори велат дека е најчест псевдоним за „GRU” офицерите.
Полската разузнавачка агенција објавила дека Шишмаков е протеран од таа земја поради шпионажа и прогласен за персона нон грата. Се верува дека Шишмаков и Попов се вратиле во Русија.