Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ЕК ДОБИ ТРЕТМАН НА ДИПЛОМАТ ОД ПОНИЗОК РАНГ ВО АНКАРА

April 13, 2021 Filed Under: Свет

Дипломатски инцидент со протоколот го покрена прашањето за еднаквоста на половите

Прашањата за еднаквоста меѓу половите добија нова светлина во фокусот во Брисел еден ден откако Урсула фон дер Лејен, една од најмоќните извршни политичари во ЕУ, беше третирана како дипломат од втор ранг при посетата на Анкара, објави Асошиејтед прес.

Агенцијата пренесе дека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен и првиот човек на Европскиот совет Чарлс Мајкл, беа во посета на Турција на разговори со шефот на турската држава Реџеп Таип Ердоган, каде фокусот беа односите меѓу ЕУ и официјална Анкара. ТВ-камерите покажаа дека во големата канцеларија каде се одвиваа разговорите имаше само две столчиња за тројцата лидери, со знамиња на ЕУ и Турција.

Мајкл и Ердоган седнаа, а Лејен стоејќи изрази видно незадоволство и разочараност од чинот. Таа подоцна седна на голема софа, но оддалечена од нејзините колеги од спротивниот пол.

Според изворите на ЕУ, средбата меѓу тројцата траела два и пол часа.

„Важно е дека претседателката требаше да има исто столче и да биде соодветно третирана како претседателот на Европскиот совет и турскиот претседател“, изјави портпаролот на Европската комисија Ерик Мамер.

Тој додаде дека дер Лејен одлучила да продолжи состанокот со приоритет на содржината, а не на протоколот, но побара од нејзиниот тим да преземе соодветни контакти со цел да не се случи ваков инцидент во иднина.

Тој додаде дека нејзиниот тим за протокол од ЕУ не патувал со неа во Турција поради протоколите со пандемијата со коронавирусот.

Засега нема реакција за дипломатскиот инцидент со протоколот од Европскиот совет и од Кабинетот на претседателот Ердоган.

ПОНИЖУВАЊЕ Брисел шокиран од скандалозниот прием на својата шефица во Турција

Дипломатскиот инцидент брзо се прошири по социјалните медиуми. Европската пратеничка Софи Велд сподели фотографии од средби на претходниците на Мајкл и Лејен со турскиот претседател, каде се гледа како тројца мажи во костуми, седат на столици, еден до друг.

“Не се работи за коинциденција. Ова беше намерен акт“ напиша Велт на Твитер и го покрена прашањето зошто Мајкл го „премолчи“ гестот.

Минатиот месец, Ердоган ја повлече Турција од Европската конвенција за борба против жените, при што предизвика жестоки критики од официјални лица од ЕУ. Ваквиот потег од Ердоган се толкува како удар врз движењата за заштита на жените, а домашното насилство и убиствата врз жените во оваа земја се во пораст.

Фон дер Лејен го повика Ердоган да ја повлече одлуката за повлекувањето од Истанбулската конвенција.

„Почитувањето на човековите права не се предмет на преговори. Ние сме јасни околу тоа прашање. Ја повикуваме Турција да ја преразгледа одлуката, зашто конвенцијата е прв меѓународен обврзувачки механизам да се застане против насилството врз жените и децата“, рече таа.

 

Filed Under: Свет

КOГА ЈАГНИНАТА ЌЕ СТИВНАТ, ВОЛЦИТЕ ПОБЕДИЛЕ
ФРЧКОСКИ: ВТОРИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ Е ПОДОБАР ОД ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА ВО 2019 ГОДИНА
БЕЗ НИВ СЕ’ ЌЕ СЕ СРУШИ: БРИТАНИЈА И МИГРАНТИТЕ
MАЛА ФОРМА, ГОЛЕМА ПРЕТСТАВА: БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ ЗА МОЌТА НА МОНОДРАМАТА И СИЛАТА НА ЕДЕН АКТЕР
ЗОШТО СИТЕ ПУКААТ ПО ПП-ДБ?

Најново

  • КOГА ЈАГНИНАТА ЌЕ СТИВНАТ, ВОЛЦИТЕ ПОБЕДИЛЕ
  • ФРЧКОСКИ: ВТОРИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ Е ПОДОБАР ОД ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА ВО 2019 ГОДИНА
  • БЕЗ НИВ СЕ’ ЌЕ СЕ СРУШИ: БРИТАНИЈА И МИГРАНТИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet