Сиљановска помилува десет осуденици, меѓу нив и член на нарко кланот „Барон“. Членот на Комисијата која го дава предлогот – д-рКалајџиев даде три различни изјави во два дена за овој настан. Пардон, имаше четири за три дена…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова помилувала десет осуденици. Покрај поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, помилувани се уште деветмина затвореници, а во одлуката објавена во „Службен весник“ не се наведени информации за кривичните дела.
Извршувањето на изречената казна им се заменува со условна осуда на осудените лица Акиф Равмановски од село Арачиново во траење од една година и три месеци, на Никола Трпчески од Охрид, во траење од една година и на Шенол Маслани од Арачиново, во траење од шест месеци.
Делумно се ослободени Мухарем Али од Скопје, Тодор Попов од село Миравци, Томислав Симеонов, од Скопје, Перо Кузмановски од Градско, Живко Делиџаков од село Богородица и Марјан Ефремов од Скопје, кој беше првообвинет во аферата „Шпион“.
За потсетување Акиф Равмановски е член на наркокланот „Барон“ кој неодамна избегал од затвор и учествувал во пукање во Чаир , а Шенол Маслани е брат на познатиот Шенки, кој во јавноста стана познат по опседнатоста со модниот бренд „Версаче“. Шенол Маслани во 2019 година беше уапсен во голема полициска акција кога полицијата заплени пушки, пиштоли, луксузни автомобили, пари и дрога. Тој беше уапсен под сомнение дека е член на група која се заканувала на полицаец, продавала дрога и поседувала пушки и пиштоли. Но, против него за овој случај тогаш не беше поднесена кривична пријава.
Одлуките за помилување на Претседателот на државата се по препорака на Комисијата за помилување, која е постојано работно тело во служба на Претседателот.
Во изјавата за ТВ 21 Силјановска Давкова рече дека таа им верувала на членовите на Комисијата која ги дава предлозите и се водела од делата што ги сториле а не на имињата на помилуваните, иако потоа за половина минута пререче, па изусти дека се работи за „интересни имиња“, додавајќи го она „во негативна смисла“. Членот на таа Комисија д-р Калајџиев побрза да се извлече од очевидниот скандал и рече дека тие, како дел од Комисијата само предлагаат имиња на лица кои служат казна затвор ама Силјановска Давкова е таа која потпишува (значи има право да не ги прифати предлозите). Потоа, бидејќи станал свесен дека ја притиснал претседателката на државата и и’ ја натоварил вината за се поочевидниот скандал, од темел го затресе поимот правна држава, излезе со изјава дека ние сме земја со најлоши услови во затворите а најмалку помилувања (!). Потоа, кога во редослед на настаните излезе дека Министерството за правда веќе издало негативни мислење за понудените помилувања (!) Калајџиев излезе и со трета изјава дека ова Министерство во правило одбива секакви помилувања (!?), секако без да има можност да ја оспори релевантноста на оваа институција.
Ден по скандалот, кој за власта значеше и упропастување на свечената атмосфера на празникот кој е прифатен во јавноста како партиски (23 Октомври), токму додека имавме висока гостинка од ЕУ (Фон дер Лајен) претседателката Гордана Силјановска Давкова свика состанок на споменатата Комисија но од состанокот нема извештај. Претпоставка е дека барем д-р Калајџиев се спасил, по толку објаснувања за јавноста.
Тој во петокот даде нова изјава во која нашироко расправаше дека тие (Комисијата) кога одлучувале пред себе немале досијеа за осудените?! Од лошо полошо… а на „понудата“ од затворските чувари не им верувал заради раширена корупција. Па како може да одлучуваат на опример за затвореник кој побегнал од затвор (бил пуштен) па сторил кривично дело обид за убиство и се вратил во затворот, кој му служел како место за заштита. Колку само тука има прашалници и само во овој случај!
Од друга страна јасно е дека министерот за правда Игор Филков се најде во небрано и имаше конфузни ставови. Еднаш рече дека е ставен во незавидна позиција без да знае за ставот за помилувањето а потоа се поправи, па рече дека има само свој член на Комисијата и тоа без право на глас. Ама Министерството дава свое автономно мислење, секако и тоа е дел на ставовите што доаѓаат во кабинетот на шефицата на државата.
Како и да се земе ставот на Министерството за правда ја обременува одлуката што е потпишана во вилата на Водно!
„Наместо веднаш да ја повлече скандалозната одлука за помилување на осудени криминалци и нарко босови, Силјановска Давкова без трепнување се обиде да ги измами граѓаните. Таа има дрскост да тврди дека ’не знаела’ за криминалните досиеја на ’интересни ликови’, префрлајќи ја одговорноста на Комисијата за помилување. Ова не е ништо друго освен класична манипулација и потценување на интелигенцијата на граѓаните, вклучително и на оние што гласаа за неа.
Но вистината е јасна – последниот збор за помилувањата го има Силјановска. Комисијата дава само мислење, а одлуката е исклучиво нејзина. Ова го потврди и член на Комисијата, кој недвосмислено ја лоцира одговорноста кај претседателката“ – нагласија веднаш од СДСМ.
Притт оа потсетија дека „во овој огромен скандал, клучна е и улогата на Министерството за правда. Министерот за правда од движењето ЗНАМ мора да одговори на едно јасно прашање: дали Министерството за правда дало позитивно мислење за помилување на криминалците и нарко босовите? Министерот за правда должи објаснување.
Очигледно е дека учеството на ЗНАМ во оваа влада не е мотивирано од државотворни цели, туку од мрачни, криминални побуди. Наместо правда, гледаме неправда. Наместо борба против криминалот, сведочиме на директна заштита на криминалците и нарко-босовите.
Овие помилувања го разоткрија тесниот сојуз меѓу ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и подземјето. Силјановска нема срам што криминалците ѝ се заблагодаруваат јавно, затоа што ова е само исплата на долгови што власта ги има кон нив. Со злоупотреба на функцијата на претседателката, оваа влада на ДПМНЕ ги става интересите на криминалците пред интересите на граѓаните.
Јасно е дека дел од јавноста (што би се рекло оној дел кој не е чипиран)
Се убедува се повеќе дека Македонија се претвора во опасна држава, каде криминалците се ослободуваат без одговорност, каде правната држава е уништена и безбедноста на граѓаните е загрозена. Овие дилови со криминалното подземје ќе имаат далекусежни последици за целата држава. Македонија не може да биде правна држава додека криминалците прават што сакаат без никакви последици. Дури се јавува и сомнеж – дали е ова договорено сценарио. Сега останува само отворено прашањето: која е цената и кој ги земал парите за ова помилување? Тука следува и прашањето е: што ѝ должи власта на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН на криминалците од нарко-кланот „Барон“, и какви услуги им враќаат? Зошто толку се фаќаа пред изборите за правната држава за сега да ја погребуваат а правичноста која ја ветуваа ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска не важи за нарко-картели и лица од подземјето.
Да не заборавиме дека во тој скандал, речиси незабележано во стартот излезе дека еден од најкрупните криминалци во настаните од 2001 година а посебно потоа – Агим Красниќ/и излегол од затвор и не е јасно во кое својство – ослободен, помилуван (заменета казна) или отишол само да прошета. Во неговиот крај, според едно видео се гледа дека е масовно пречекан а тој го користи зборот „амнестија“!
Ова е навистина капак.
Нешто како пост фестум!
Члениовите на Комисијата пдонесоа колективна отставка, веројатно после средбата во Платата Водно. Ова го објави членот на Комисијата – професорот Калајџиев. Други соопштенија не следеа, освен едно ново бламирање на премиерот Мицковски, кој излезе со мислење дека целата афера е „подметнување на кукавичино јајце“ од претходната Влада, нешто што веќе како „квиско“ го искористи министерот за правда. Оставката веројатно го изненадила, што говори за извесна збунетост и некоординираност во политичкиот врв на земјава. Има секако и лутина, кај претседателката Гордана Силјановска Давкова исто така може да се претпостави која е прва на удар на јавното мислење. И со право. Впрочем, неодамна во слична ситуација со помилувања оставка поднесе претседателката на Унгарија а не Комисијата!
Блиската сојузничка на премиерот Виктор Орбан во телевизиско обраќање објави дека се повлекува од својата функција.
„Направив грешка … Денес е последниот ден кога ви се обраќам како претседателка“, рече Новак во говорот што го пренесе државната телевизија.
Новак беше под зголемен притисок поради помилувањето човек кој беше осуден како соучесник затоа што помогнал да се прикрие случај на сексуална злоупотреба во дом за деца.
Таа ја објави својата оставка по повеќе од една недела јавно негодување, откако беше откриено дека издала претседателско помилување во април 2023 година.
Јавноста е огорчена откако се појавија информации дека Новак, првата жена претседател во историјата на Унгарија, помилувала во април 2023 година вработен во дом за деца, кој во 2018 година беше осуден за вршење притисок врз жртвите да ги повлечат своите тврдења дека директорот на домот сексуално ги злоупотребувал.
Директорот е осуден на осум години за злоупотреба на најмалку 10 деца во периодот од 2004 до 2016 година.
Пред демонстрациите, унгарската пратеничка во Европскиот парламент Ана Донат рече дека верува оти овој скандал е нешто од што Новак „не може да се врати“.
Таа додаде дека помилувањето предизвикало „тага и навистина нормален гнев“ кај луѓето.
Новак беше министерка за семејство на Унгарија додека не беше именувана за претседател во 2022 година и отворено се залагаше за традиционални семејни вредности и заштита на децата
Во нашиот случај со помилување на нарко бос претседателката Силјановска Давкова се оглуши од реакциите на јавноста, реши да си остане во претседателската фотеља и по овој гаф кој е врв на серијата гафови за нецели 5 месеци од кога стана шеф на државата.
Вина прифатија само од комисијата за помилување кои попладнево во име на нивната професионалност и принципиелност колективно се повлекоа. Сиљановска час поскоро им ја прифати оставката и порача дека ќе работела на институционалните и законските слабости при помилувањето.
За ова помилување на нарко бос на кое ставила нејзин потпис претседателката наместо барем да се изини во јавноста таа се правда дека сега видела дека помилувала интересни лица во негативна смисла. За оставка не ни помислува, курбан отиде комисијата која се повлече за да си ја заштити сопственааа професионалност и принципиелност како што напишаа во оставката.
(Љ.К.)