За албанските партии во земјава, на власт или во опозиција се чини добивањето на претседател на државата е „кисело грозје“, па смислуваат начин за полесно доаѓање до вилата на Водно
„Идејата на дел од партиите која овие денови се реактулизира Претседателот на државата да се избира во Собранието не е нова. Станува збор за реафирмирање на барањето на ДУИ од 2019 година коешто не беше прифатено од страна на СДСМ. Како и тогаш така и сега, ставот на Социјалдмократскиот сојуз на Македонија останува идентитечен: моделот на избор на претседател на државата не треба да се менува. Не треба да се оди назад во демократските процеси“, соопштуваат од СДСМ по повод одредени изхави со кои треба да се вратиме во 1991 година, во првите денови од самостојноста.
Оттаму нагласуваат дека СДСМ останува на ставот дека Претседателот на државата треба да го бираат граѓаните на директни, непосредни избори како врвно демократско право на граѓаните.
„Претседателот на државата треба да биде претставник не само на мнозинската волја на граѓаните туку и на сите граѓани, без разлика на нивната политичка, етничка или друга припадност. Претседателот на државата е човек кој е над партиските и над етничките определби, ги претставува сите граѓани, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци, Власи, сите. Само Претседател избран директно од страна на граѓаните има толку широк потенцијал, да може да делува во обединување на општественото, на граѓаните, на партиите и да допринесе за остварување на врвните стратешки и национални цели“, истакнуваат од СДСМ.
Отворање на Уставот за измени со кои ќе се овозможи избор на претседателот на државата во парламентот, но и за уставните амандмани кои произлегуваат од Договорот за добрососедство со Бугарија, како што посочи Адеми, ќе биде ставот на неговата партија и за вториот круг од претседателските и за парламентарните избори
Идејата претседателот на државата да се избира во Собранието е на Али Ахмети, а тоа што со истата платформа еден ден претходно излезе и претседателскиот кандидат на опозициските партии на Албанците, Арбен Таравари, е затоа што успеале да го обезбедат вчерашниот говор на лидерот на ДУИ.
Ова денеска го изјави потпретседателот и координаторот на пратеничката група на ДУИ во Собранието, Арбер Адеми, на прес-конференција пред претседателската резиденција на Водно.
„Сржта на идејата на лидерот Али Ахмети е изборот на претседателот на државата во Собранието со двотретинско мнозинство на гласови и со Бадентер за да се обезбеди општествен натпартиски консензус за да се овозможи со над 80 гласа во Собранието и со етнички консензус да се спречи етничкото надгласување и наметнување само од двете поголеми македонски политички партии“,
рече Адеми.
Оваа идеја, како што посочи, од страната на Таравари успеале да ја прочитаат, но не и да ја разберат.
„Токму оваа идеја дериватите на ДУИ предводени од веќе разрешениот претседател на Алијанса за Албанците (Арбен Таравари н.з.) не ја разбрале кога претходно го прочитале, значи еден ден претходно, говорот на Али Ахмети бидејќи успеале да го обезбедат предвреме вчерашниот говор на нашиот претседател“,
кажа Адеми.
Говорејќи во таа насока, тој рече дека идејата Ахмети веќе ја претставил на вториот конгрес на Демократската унија за интеграција уште во 2009 година во Скопје, кога, како што кажа, ги набројал дванаесетте позиции дотогаш недостижни за Албанците, а партијата ја имала и во изборната програма во 2014, 2016 и 2020 година.
Според Адеми, со тоа што „дериватите на ДУИ“ читаат и не разбираат ѝ прават голема услуга на партијата паѓајќи во нивната стапица со присвојувањето на нивната идеја.
„Ова многу добро го разбираат од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ, а уште подобро го разбираат Албанците и граѓаните на Република Северна Македонија. Затоа бараме апсолутна масовна поддршка на Албанците и на другите граѓани за кандидатот д-р Бујар Османи“,
кажа координаторот на пратеничката група на ДУИ.
„Титуларно највисоката функција во државата, тоа е претседател на државата иако кај нас извршната моќ е кај владата и премиерот. Но, титуларно претседателот е функција број еден во државата и мора да се бира на избори затоа што тоа е врв на демократијата, така прават најдемократските држави во светот. Секој обид за суспендирање на демократијата е само обид за ставање на народот надвор од процесот на одлучување“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање. Потпретседателот Николоски пи додаде дека идејата која ја промовираат Али Ахмети и Артан Груби е идеја со која вечно сакаат да владеат.