Саак Карапетјан со адвокатката Наталија Веселницкаја беа врската меѓу Кремљ и Трамповиот штаб во неговата Кула за време на претседателските избори. Сега Карапејан е загинат во хеликоптерска несреќа, која е протолкувана како смрт на непријатен сведок! Карапетјан беше сведок на многу други тајни операции
Рускиот заменик-јавен обвинител Саак Карапетјан беше задолжен последните години за водење на странската кампања која ја извршуваше адвокатката Наталија Веселницкаја. Овој руски официјален претставник беше обвинет дека ги средува контактите на власта во Кремљ со адвокатката со привремена американска адреса – Наталија Веселницкаја. Директните контакти ги имаше таа, која како адвокат го работи она што од неа го бараат клиентите. Факт е дека таа имаше и средби со високи претставници на кампањата на Трамп од 2016 година. Но, друга е приказната со загинатиот Карапетјан, чие тело изгоре во хеликоптерот за кој се вели дека бил урнат? Имено, тој е сепак официјално лице и неговата вмешаност во американските избори веќе ја подигнува лествичката на одговорноста на Путиновата администрација?! Затоа и медиумите сметаат дека тој е убиен. Спомнатиот заменик-јавен обвинител Саак Албертович Карапетјан, да биде неволјата уште поголема, одговараше и пред швајцарски суд оваа година за заговор и беше оценето дека тој несомнено е агент на Кремљ. Негова задача била да ги испитува сметките на руските милијардери.
Врвниот истражувач со кого е контакирано во Швајцарија беше отпуштен од работа за „неовластено тајни однесувања” и со наводи за поткуп и кршење на законите за тајност. Швајцарските власти откриле дека службеникот, кој бил идентификуван само како Виктор К., се запознал со Карапетјан во Женева и тие постојано комуницирале во Цирих. Пред Божиќ 2016 година, Карапетјан му телефонирал на службеникот и го поканил во Москва, каде што бил сместен во луксузен хотел и побарано да присуствува на состанокот со Веселницкаја.
Многу е веројатно дека средбата со Веселницкаја да има врска со смртта на Магнитски, кој беше затворен, претепан и оставен да умре.
Како последица на неговата смрт, клиентот на адвокатот, Бил Браудер, водеше кампања за донесување на серија антикорупциски закони ширум светот во негово име. Во САД Законот за Магнитски беше усвоен во 2012 година. САД го донесоа законот со кој се обврзуваат дека ќе помогнат било кому ако тој е прогонет а сака да објави афера за политичкиот врв за земја било каде во светот а што е поврзана со корупција
Да повториме дека Карапетјан (58) беше интимно запознаен со некои од најозлогласените операции извршени според наредбите на Владимир Путин. Тој тесно соработуваше со Веселницкаја, како и извршувајќи дел од политички најпрофитабилните напори на Москва за спречување на меѓународните истраги за наводните злосторства на Русија. Карапетјан е вклучен во напорите да ги фолираат меѓународните истраги повеќе од една деценија. Весникот „Дејли бист” објави дека бил присутен на состанокот во Москва, каде што британските детективи тврделе дека има труење на Александар Литвиненко, кој почина по доза на радиоактивен отров во Лондон во 2006 година. Истрагата ја водеше Скотланд Јард кој тврдеше дека трагите на трујачите водат до Москва.
Претходно оваа година, Карапетјан се упати во Велика Британија по нападот со отровот новичок против поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал. Наводно патникот претходно, околу 2000 година, ги поврзувал Скрипал, Литвиненко и Борис Березовски, сите значајни критичари на Путин.
„Британските власти ја засноваа антируската кампања околу труењето на поранешниот офицер на ГРУ, Скрипал и неговата ќерка, на провокативно сценарио. Слично сценарио се користело и во неоснованите тврдења за обидот на Русија за животот на Борис Березовски во Лондон во летото 2003 година и околностите околу смртта на Александар Литвиненко во Британија, во ноември 2006 година “, рекол Карапетјан, според Интерфакс.
И се покажа дека непријатните сведоци во такви тајни операции не живеат долго. На идентичен начин инаку почина и еден британски адвокат, Стивен Кертис – пад на хеликоптер – кој имаше задача да го продава имотот на Березовски во Русија! Има ли тоа некој вишок хеликоптери?