Некаде е поголем приходот, некаде – добивката. Во секој случај често зад тие бројки стојат многу трауматизирани семејства
За осум дена 18.000 евра морало да плати семејство од Кавадарци за престој на нивниот татко болен од корона во приватна болница. Само 1.000 евра на ден ги чинело тоа што е приклучен на респиратор. Во целиот хаос кога веќе се пополнија местата во државните ковид центри велат место побарале во приватните болници. Свесни биле дека тоа ќе чини, но се надевале на подобар третман. Она што не го знаеле е дека додека нивниот татко се борел за живот секој лекарски чекор што требало да биде преземен прво од нив ќе се барало да ги исплатат парите на сметка. Уште пред да стапне во болницата семејството морало да уплати 4.000 евра депозит.
„Изутрина во осум му се откачил тромб и додека не уплативме 8.000 евра не го оперираа. На операција беше дури на полноќ зашто чекаа парите да легнат на сметка, за жал татко ми не преживеа. За осум дена плативме 18.000 евра. За мене ова е чисто профитерство и кога ќе помине кризата ги повикувам властите да направат сериозно истражување како се лекувани пациентите во кризава“, велат од семејството кое сака да остане анонимно.
Ова е само еден од многубројните случаи каде што граѓаните во надеж дека нивните најблиски болни од корона ќе добијат подобар третман во приватните болници потрошија цели заштеди, но за жал не сите се излечија. Знае ли некој кој што правеше и колку се наплаќаше во пандемијата!?
Во услови кога повеќе од половина од капацитетите беа пренаменети во ковид центри, а како што растеше бројот на заболени и снемуваше место во државните капацитети, на граѓаните им остануваше само да се свртат кон приватните болници „Аџибадем Систина“ и „Жан Митрев клиника“. Тие од друга страна ширум ги отворија вратите за сите пациенти со што се ублажи ударот врз државното здравство што неминовно позитивно влијаеше на целата ситуација, кога за една обична настинка со температура никој друг не те прима на преглед.
Сепак во целата ова ситуација изостана еден момент. Отсуството на солидарност и општествена одговорност од двете приватни болници, иако бројот на пациенти им се зголеми неколку пати. Граѓаните јавно и преку социјалните мрежи секојдневно ги повикуваа болниците да ги намалат цените особено за ковид пациентите, моментот на милосрдие сепак изостана. Па, ни помалку ни повеќе цели заштеди на граѓаните отидоа за само десет дена, а некои беа принудени да собираат пари и преку донации за да си ги платат сметките зошто жив или мртов никој не излегуваше од болницата без да ја плати.
„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ОСТВАРИЛА ВКУПЕН ПРИХОД ОД 41 МИЛИОН ЕВРА За осум дена 18.000 евра морало да плати семејство од Кавадарци за престој на нивниот татко болен од корона во приватна болница. Само 1.000 евра на ден ги чинело тоа што е приклучен на респиратор. Во целиот хаос кога веќе се пополнија местата во државните ковид центри велат место побарале во приватните болници. Свесни биле дека тоа ќе чини, но се надевале на подобар третман. Она што не го знаеле е дека додека нивниот татко се борел за живот секој лекарски чекор што требало да биде преземен прво од нив ќе се барало да ги исплатат парите на сметка. Уште пред да стапне во болницата семејството морало да уплати 4.000 евра депозит.
„Изутрина во осум му се откачил тромб и додека не уплативме 8.000 евра не го оперираа. На операција беше дури на полноќ зашто чекаа парите да легнат на сметка, за жал татко ми не преживеа. За осум дена плативме 18.000 евра. За мене ова е чисто профитерство и кога ќе помине кризата ги повикувам властите да направат сериозно истражување како се лекувани пациентите во кризава“, велат од семејството кое сака да остане анонимно.
Ова е само еден од многубројните случаи каде што граѓаните во надеж дека нивните најблиски болни од корона ќе добијат подобар третман во приватните болници потрошија цели заштеди, но за жал не сите се излечија. Знае ли некој кој што правеше и колку се наплаќаше во пандемијата!?
Во услови кога повеќе од половина од капацитетите беа пренаменети во ковид центри, а како што растеше бројот на заболени и снемуваше место во државните капацитети, на граѓаните им остануваше само да се свртат кон приватните болници „Аџибадем Систина“ и „Жан Митрев клиника“. Тие од друга страна ширум ги отворија вратите за сите пациенти со што се ублажи ударот врз државното здравство што неминовно позитивно влијаеше на целата ситуација, кога за една обична настинка со температура никој друг не те прима на преглед.
Сепак во целата ова ситуација изостана еден момент. Отсуството на солидарност и општествена одговорност од двете приватни болници, иако бројот на пациенти им се зголеми неколку пати. Граѓаните јавно и преку социјалните мрежи секојдневно ги повикуваа болниците да ги намалат цените особено за ковид пациентите, моментот на милосрдие сепак изостана. Па, ни помалку ни повеќе цели заштеди на граѓаните отидоа за само десет дена, а некои беа принудени да собираат пари и преку донации за да си ги платат сметките зошто жив или мртов никој не излегуваше од болницата без да ја плати.
„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ОСТВАРИЛА ВКУПЕН ПРИХОД ОД 41 МИЛИОН ЕВРА Ако ја анализираме серијата во последните три години, се забележува дека од година во година се намалува разлика која постои помеѓу овие два субјекти. Ако во 2018 вкупните приходи на „Аџибадем Систина“ беа за 2,2 пати поголеми во однос на „Жан Митрив клиника“, таквата пропорција во 2019 се намалила на 1,8 пати, додека во 2020 година трендот е продолжен и сега таа разлика е 1,5 пати. Ова е правопропорционално со остварените поединечни стапки на пораст. Имено, „Жан Митрев клиника“ преку своето успешно работење остварува стапки на пораст на приходи од околу 30%.
Сепак, во апсолутни бројки доминантен играч на пазарот е „Аџибадем Систина“ со остварени приходи во износ од 41 милиони евра.
Сосема поразлична слика за работењето на компаниите се добива доколку се анализираат низ призмата на остварените добивки, односно нивото на приходи не го следи трендот на остварена добивка. Еве што покажуваат податоците од biznismreza.mk:
„ЖАН МИТРЕВ“ ЗАРАБОТИЛА 2,2 МИЛИОНИ ЕВРА ПОВЕЌЕ ОД „СИСТИНА“ Од горе прикажаната табела, може да се забележи дека и покај тоа што „Жаб Митрев клиника“ има пониски приходи, во однос на „Аџибадем Систина“ остварената добивка е далеку повисока. Во 2020 година „Жан Митрев клиника“ евидентира добивка во износ од 8,1 милиони евра. Во апсолутен износ тоа е за 2,2 милиони евра повисока добивка од „Аџибадем Систина“, која остварила профит од 5,9 милиони евра. „Жан Митрев клиника“ во 2020 година успеал да ја удвои добивката од 2019 година.
Заедно овие две компании за време на Ковид-19 ги зголемија своите биланси за неверојатни 14 милиони евра.
(Порталот Pari.com.mk во соработка со платформата БизнисМрежа.мк).