Ако се следат последните настани во Бекингемската палата лесно може да се најдат многу сродни ситуации со оние од пред Втората светска војна со британскиот кусовремен крал Едвард, кој ја замени круната за шпавото на слободен избор на невестата
Значи која била Валис Симпсон? За мнозинството Британци таа е уништувач на ројалистичките традиции и доказ дека кога невестата во Бекингем ќе дојде од „обичниот“ плебс настануваат неволји. Таков е и актуелниот случај со принцот Хари и неговото одрекнување од монархијата! За помал дел од Бритнаците Валис Симсон 1895 – 1986)
е извор на малкуте реални романтички приказни кои говорат дека емоциите некогаш се посилни од сите општествени ортоми.
Валис Симсон била два пати венчана, вториот брак дури се уште постоел во време на аферата, била Американка (што, нели, во Лондон не се цени многу, напротив) а немала никакво потекло со кое би се излегувало пред јавноста.
Јасно е дека немала никаква шанса да се стекне со искуство со етикецијата на високото општество… Двојката започнала да живее заедно, уште пред во 1936 година Едвард да биде крунисан за крал. А согласно на законот кралот не можел да земе сопруга која не е Британка. Престол или убава актерка? Конечно Едвард се одлучил да абицира, по што двојката се венчала, и тие се иселиле во Франција, во Бретања, кде живееле одвоено и изолирано.
Слушателите на британското радио во таа далечна 1936 година, кои го ислушале обраќањето на кралот кој јавил за абдикацијата имале поделени чувства, иако мелодрмата, барем во првиот момент преовладала. „Не е можно да се носи тешкото бреме на одговорноста и да се извршуваат кралските должности без помошта и поддршката на жената која ја сакам.“.
И така започнала една од најромантичните стории на 20 век. Бртанскиот крал Едвард како своја прабаба ја имал позната по строгоста кралицата Викторија. Во стартот Валис навистина не уживала подршка во јавноста, пред се во медиумите, кои ги следеле во детали сите бламажи околу раскинот на нејзиниот втор брак што потраел како процес. Во неа се гледало со недоверба и омраза речиси пет гоини – таа влегла во животот на идниот крал во 1931 година. Дел од цаското семејство сметал дека и Валис ќе си замине кога Едвард на почетокот на 1936 бил инаугуриран за монарх (неговиот татко починал), но тој на таа позиција издржал нецела година – 325 денови. Во меѓу време кралот станал остер критичар на владата заради големите социјални разлики, особено по посетата на неколку рударски гратчиња во Велс, што во она време се сметало за недопустливо.
Најсилен притисок во тие денови бил врз англиканската црква. Постоела премолчена согласност кралот да земе за жена личност која не е Британка ама само ако е вдовица. Но, Валис Симпсон имала два живи сопрузи. Граѓаните мислеле за ова подвоено, дворот не го поддржувал кралот, како и црквата. Постоела уште една можност – склучување на т.н. морганашки брак: кралот да не може да ги пренесе своите права врз своите деца а сопругата да нема никаква титула.
Таа можност тој не ја прифатил, била понижувачка за неговото идно семејство. Останала една можност – да се одрекне од престолот и титулата да му ја препушти на братот Алберт, помлад од него, иден Џорџ Шести. И кралот Едвард на 10 ноември 1936 година во присуство на тројцата браќа ја потпишал абдикацијата. Кралот Џорџ Шести е татко на кралицата Елизабета, сегашниот суверен на Британија. Едвард и Симсон сепак добиле титула – станале војвода и војвотка од Виндзор ама се зарекле дека нема да се вратат на Островот. Мајката на Едвард никогаш не проговорила со абидкантот, кој умрел во 1971 година.
(продолжува)