Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПРИНЦОТ ХАРИ КАКО ПРОДОЛЖУВАЧ НА ТРАДИЦИЈАТА (3)

February 18, 2020 Filed Under: Фељтон

Разделбата на кралот Едвард од Бекингемската палата имал и идеолошка коноација- тој подоцна ги покажал своите отворени пронацистички чувства

СИМПАТИИ Кралската двојка во посета на Германија- Хитлер сакал да го врати кралот во Лондон и тој да стане нацистички послушник

На 12 декември 1936 година, Џорџ VI најавил дека сака на брат му да му додели титула „Војвода од Виндзор“ со претставка Кралско височество. Официјалниот документ бил потшишан на 8 март наредната година. Одлуката за тоа да го направи братот кралски војвода Џорџ VI ја донел со цел да се осигура дека Едвард нема да може да се кандидира во Долниот дом на Обединетото Кралство, ниту ќе може да зборува за политички прашања во Домот на лордовите.

Со документ издаден на 27 мај 1937 година, била потврдена „титулата, стилот или атрибутот Кралско височество“ за војводата од Виндзор, и било посебно нагласено дека неговата сопруга и потомци, доколку ги има, нема да ја носат оваа титула или атрибут. Некои министри сметале дека Едвард го изгубил својот кралски ранг и дека не треба да има кралска титула, бидејќи е абдициран крал, луѓето треба да му се обраќаат само со „господин Едвард Виндзор“.

Војводата од Виндзор се оженил со Симпсон, која го сменила името во Волис Ворфилд, на приватна церемонија на 3 јуни 1937 година, во замокот Канде, близу Тур, Франција. Црквата на Англија одбила да го признае бракот, а кралот Џорџ VI им забранил на членовите на кралското семејство да присуствуваат на венчавката.

СМОТРА Кралот Едвард во смотра на СС трупи во негова чест во 1937

Забраната за сопругата на Едвард да се ословува со „Кралско височество“ предизвикала конфликт, како и финансискиот договор. Владата одбила да ги стави војводата и неговата сопруга на списокот за годишна исплата на средства, а трошоците на Едвард ги платил лично Џорџ VI. Војводата ја компромитирал својата позиција со својот брат, сокривајќи го степенот на неговата финансиска вредност кога неформално се согласил со износот на надоместокот. Богатството на Едвард се зголемило со приходи од неговото Војводство Корнвол, а кои му биле исплатени додека бил принц од Велс. Џорџ VI му ги препишал на Едвард Сандрингемскиот дворец и замокот Балморал, кои и бездруго биле личен имот на Едвард што ги добил од својот татко Џорџ V, а кои не се пренесувале како имот на новиот крал.[51] На почеток, Едвард му телефонирал секој ден на Џорџ VI, барајќи пари и повикувајќи на неговата сопруга да биде доделена претставката кралско височество, додека измалтретираниот крал наредил да не ги спојуваат телефонските повици.

Односите меѓу војводата Едвард и неговото кралско семејство биле затегнати со децении. Војводата претпоставувал дека може да се насели во Британија по година или две егзил во Франција, но кралот Џорџ VI (со поддршка од кралицата Мери и својата сопруга, кралицата Елизабет) се заканил дека ќе ги прекине финансиските надомести на Едвард ако тој се врати во Британија без покана. Едвард бил огорчен на својата мајка, на која во 1939 година ѝ напишал дека со нејзиното последно писмо (во кое му забранува да дојде на помен на татко му), го уништила и последното негово чувство што го имал за неа, и дека понатамошно нормално допишување меѓу нив е невозможно

Во октомври 1937 година, војводата Едвард и војвотката ја посетиле нацистичка Германија, спротивно на советот на британската влада, и се сретнале со Адолф Хитлер во неговата резиденција Бергхоф во Баварија. За оваа посета германскиот печат многу пишувал. За време на посетата, вовјодата отпоздравил со нацистички поздрав. Во Германија тие биле третирани како кралски членови, а посебно војвотката со сето достоинство и статус.

Поранешниот австриски амбасадор Алберт фон Менсдорф-Пули-Дитрихштејн верувал дека Едвард го фаворизира германскиот нацизам и дека на почеток сакал сојуз со Германија. Хитлер бил убеден дека Едвард е пријателски расположен кон Германија, и сметал дека преку него можеле да се подобрат англиско-германските односи ако не абдицирал.

ЉУБОВНИК Шпионите јавувале дека ибентроп и станал љубовник на Валси Симпсон

Во септември 1939 година војводата и војвотката биле донесени во Британија со брод, и Едвард иако претходно бил фелдмаршал, му бил доделен рангот мајор-генерал во прилог на Британската воена мисија во Франција. Во февруари 1940 година, германскиот амбасадор во Хаг тврдел дека војводата ги издал сојузничките воени планови за одбрана на Белгија, што војводата подоцна го негирал.. Кога Германците извршиле инвазија на северна Франција во мај 1940 година, Едвард и сопругата побегнале на југ, а во јуни во Шпанија. Во јули заминале во Португалија. Под шифрираното име „Операција Вили“, нацистичките агенти, главно Валтер Шеленберг, планирале да го убедат војводата да се врати во Шпанија, или да го киднапираат, ако е потребно. Лордот Келдкот го предупредил Винстон Черчил за ова, кој во тоа време бил премиер, по што Черчил му се заканил на војводата со воен суд ако не се врати на британска земја.

Во јули 1940 година, Едвард бил прогласен за гувернер на Бахамите, каде парот пристигнал на 17 август. Војводата не уживал во оваа задача, бидејќи островите ги сметал за третокласни колонии. Британското министерство за надворешни работи се противело на планот на војводата и војвотката да крстарат со јахтата на шведскиот магнат, Алекс Венер-Грен, за кого британските и американските служби сметале дека е близок пријател на командантот на Луфтвафе, Херман Геринг.

Многумина историчари веруваат дека Хитлер бил спремен да го врати Едвард на престолот со надеж дека на тој начин ќе создаде фашистичка Британија. Познато било дека војводата и војвотката имале симпатии кон фашизмот, и дека за време на окупацијата на Франција, војводата побарал од германските сили да постават стражари во неговите куќи во Париз и на брегот, и тие поставиле.

Во декември 1940 година, војводата дал интервју за американскиот весник „Либерти“ додека се наоѓал во Насау. Интервјуто било објавено на 22 март 1941 година, во кое пишувало дека војводата изјавил оти Хитлер е вистински и логичен водач на германскиот народ, и дека доаѓа времето кога американскиот претседател Франклин Д. Рузвелт ќе преговара за мировен договор. Новинарот го известил Рузвелт за содржината на интервјуто на приватна средба во Белата куќа на 23 декември 1940 година. Војводата подоцна реагирал дека бил погрешно разбран и дека погрешно бил цитиран.

ПОД СТАРИ ДЕНОВИ Двојката не страдала после војната за нивната поринацистичка дејност

Војводата Карл Александер од Виртемберг, кој во тоа време бил монах во американски манастир, им кажал на ФБИ дека војвотката спиела со германскиот амбасадор во Лондон, Јоаким фон Рибентроп, во 1936 година, и дека уште е во постојан контакт со него, кому му издава тајни.

Биографот Чарлс Хигам тврдел дека Ентони Блант, агент на MI5 и советски шпион, по наредба на британското кралско семејство заминал во Германија пред крајот на војната да ги земе писмата на војводата напишани до Хитлер и други нацисти. Се знае дека кралот Џорџ VI го испратил кралскиот библиотекар во придружба на Блант во март 1945 година во Германија да ги земат документите поврзани со германската кралица Викторија, најстарото дете на англиската кралица Викторија, меѓу кои имало писма на мајката и ќерката, а некои од нив биле однесени во Чикаго. Документите што ги зеле Блант и кралскиот библиотекар како и оние вратени од Чикаго, биле оставени во кралската архива. Документите што американските трупи ги зеле од Марбург Германија во мај 1945 година, биле објавени кон крајот на 1950-те години, со што се потврдиле теориите дека војводата имал симпатии кон нацистичката идеологија.

По војната, војводата во своите мемоари признал дека им се восхитувал на Германците, но негирал дека бил настроен нацистички.

(продолжува)

Filed Under: Фељтон

СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА
ЛIИЦЕТО И ОПАЧИНАТА НА ДИПЛОМАТИЈАТА
МИЦКОСКИ МОДЕРНИО
ЕДВАРД ЏОЗЕФ ЗА ЦИВИЛ: НАТО САМИТОТ ВО ХАГ БЕШЕ УСПЕШЕН
СПОРЕД КРИВИЧНАТА ПРИЈАВА ПРОТИВ ДИРЕКТОРКАТА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ МИЦКОВСКИ РАЗИЗНАВАЛ А НЕ СМЕЕЛ

Најново

  • СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА
  • ЛIИЦЕТО И ОПАЧИНАТА НА ДИПЛОМАТИЈАТА
  • МИЦКОСКИ МОДЕРНИО

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet