Нема сомнение дека принцот Хари со својата постапка – одрекување од кралските привилегии заради живот „нормален брак“ – личи на кралот Едвард, за чија приказна веќе дадовме потсетување. Но принцот Хари е роден во брак што не е пример за хармонија – неговиот татко имаше силна афера која опстои и кога тој омажи за девојка која не ја сакаше
Обидот на бритнското кралско семејство престолонаследникот Чарлс да има брак кој е општествено соодветен на неговата позиција, како и да изроди потомство кое може да го наследи него, бргу се прекрши. И принцот Чарлс имаше афера која што се криеше а неговиот брак со идната принцеза Дијана, едноставно беше една форма на туркање на аферата со саканата возрасна и веќе мажена жена Камила под тепих. Ова доведе до тоа принцот Чарлс со својата сопруга да има разделба, што се вели од постелата и масата, едно разделување кое беше и просторно (принцезата Дијана се прсели во палатата Кенсингтон). Тоа секако имаше влијание врз погледите на синовите на Чарлс и Дијана врз кралските претстави за бракот и семејството.
Чарлс, принцот од Велс (англиски: Charles Philip Arthur George) е најголемиот син на британската кралица Елизабета II и Филип. Тој е престолонаследник на тронот на Обединетото Кралство.
Функцијата престолонаследник му следува како најстар син на британскиот монарх. Тој ја носи титулата принц од Велс и војвода од Ротсеј.
Од бракот со својата прва сопруга Дијана има двајца синови: Вилијам и Хенри. Во 2005 година стапил во брак со Камила. Откако тронот го наследи по 18 септември 2013 година, тој стана најстариот престолонаследник во историјата на британската монархија.
Камила и Чарлс се запознале во раните 70-ти години, кога таа веќе била во петгодишна турбулентна врска со идниот сопруг Ендрју Паркер Боулс, а кој исто така имал врска со членка од кралското семејство и тоа со помалата сестра на Чарлс, принцезата Ен.
Камила, сега војвотката од Корнвола (анг. Camilla, Duchess of Cornwall) е втора по ред сопруга на Чарлса, принцот од Велса. Родена е како Камила Розмари Шанд (англ.. Camilla Rosemary Shand), на 17. јула 1947, во Лондон, во војничко семејтво, како ќерка на мајорот Бруса Шанда и Розалин Кубит. Ги има братот Марк и сестрата Анабел.
Таа не била погодна за кралската палата не само заради нискиот социјален статус, туку и заради аферата меѓу принцезата Ана (Ен) и сопругот на Камила, бидејќи се добивала слика за извесна „ротација“ во бракот на Боулови – кралската ќерка го зема сопругот а кралскиот син неговата екссопруга… Крајно невкусно, нема сомнение, дури и за некакви обични, граѓански релации надвор од Бекингем. Таа била пет години постара од во тоа време љубовникот од Бекингем.
Камила се омажила во 1973. за Ендру Паркера Боулза, со кого добила две деца. Разводот на Боулови следел на 3 март 1995 година, откако принцот Чарлс јавно ја обелоденил врската со неа.
По смртта на принцезата Дијана, во сообраќајка во Париз (1997), минаа повеќе години откако Камила и Чарлс стапија во брак, чин кој круната се ободуваше да го одбегне. Венчавката се одигра на 9. април 2005 година. По тој чин ја доби титулата принцеза од Велс, но самата одлучи да не ја користи, туку ја зеде втората титула на сопругот – војвотка од Корнвол. Причината за одбијање на првата титула е Чарлсова прва супруга Дајана, која народот ја поистоветува со титулата принцеза од Велса.
Според британскиот печат духот на принцезата Дајана бил присутен на одржаната свадбена прослава на принцот Чарлс и неговата долгогодишна љубовница Камила Паркер Боулс. Може ли тоа да е слатка одмазда на принцезата од „оној” свет?
– Дајана отсекогаш велеше дека во нејзиниот брак секогаш е метеж, зашто во него има тројца луѓе. Мислам дека сега ќе има тројца луѓе и во вториот брак на Чарлс – рече Џуди Вејд, кралски дописник за магазинот „Хелоу”.
Репортерите од таблоидите, кои го следеа секој чекор и секоја промена во трагичната сапунска опера во која се претвори нејзиниот мелодраматичен живот, веруваат дека Дајана на крајот би им посакала се најдобро на Чарлс и Камила на венчавката.
– Мислам дека Дајана стигна до една точка во животот кога прифати дека Чарлс ќе се прежени. Но и беше тешко да прифати дека Камила ќе го заземе нејзиното место покрај идниот крал. Таа знаеше дека тие ќе завршат заедно, но сметаше дека Чарлс ќе се повлече и ќе му дозволи на постариот син Вилијам да го заземе неговото место во наследничката лоза – реече Ричард Кеј, кралскиот дописник на „Дејли мејл”, кој последен разговарал со Дајана неколку часа пред нејзината фатална сообраќајна незгода во Париз во 1997 година.
Кралскиот дописник на “Дејли мирор”, Џејмс Витакер, кој ја „провали” приказната за нејзината љубовна врска со Доди ал Фајед, вели:
– Можеби ќе звучи смешно, но мислам дека Дајана ќе беше задоволна со исходот на приказната. Таа на крајот сфати дека Камила е животната љубов на Чарлс. Витакер смета дека влијанието на Дајана ќе биде многу забележливо на венчавката на Чарлс и Камила.
– Споредбите се одвратни, но сепак, луѓето ги прават. Мислам дека Дајана ќе биде дух на венчавката – вели тој. Контрастот меѓу двете венчавки на Чарлс не може да биде поголем. Во 1981 година, Чарлс се венчаше со младата Дајана во лондонската катедрала „Сент Пол” пред телевизиска публика од 800 милиони луѓе. Британската јавност ја нарече свадбата „венчавка од бајките”. Потоа Чарлс ќе се венчаше со Камила пред само 30 гости во Градското собрание во Виндзор, а на телевизиските камери им беше забранет пристапот. Дајана беше речиси опседната од љубомората поради првата љубов на Чарлс, нарекувајќи ја Камила „ротвајлер” и велејќи и во една од нивните расправии: „Мора на обајцата да ви е пеколно, но јас знам што се случува. Не третирајте ме како идиот“. Дури и на медениот месец Дајана чувствувала дека нејзиниот брак е осуден на пропаст кога од дневникот на Чарлс паднале две фотографии на Камила. Чарлс исто така ги носел и златните копчиња за кошула со две испреплетени букви што му ги подарила Камила.
Кралскиот биограф Роберт Лејси, размислувајќи за тоа како би реагирала Дајана на фактот дека Камила конечно го има нејзиниот маж, вели:
– Мислам дека таа јавно би им посакала среќа, но потоа, настрана од јавноста, би сторила се што е во нејзина можност да им ги отежне работите. Да беше жива, нејзината инвентивност и мудрост ќе дојдеа до израз и тоа само ќе ги отежнеше нештата уште повеќе.
Медиумите во Лондон деновиве пишуваат дека наводно принц Чарлс e многу револтиран од фактот што Камила премногу пие и се однесува како непристојна старица. Сопругата инаку веќе го уценувала Чарлас дека наводно ќе се разведе од него и дека кралското семејство ќе го доведе на просјачки стап, ако тој не се избори да биде наследникот на својата мајка кралицата Елизабета II на кралскиот престол.
Имано ,предбрачниот договор на Камила и гарантира околу 20 милиони фунти во случај на развод.
(продолжува)