Случајот со издвојувањето на принцот Хари и неговата сопруга од кралската маса и палата покажа дека историјата се повторува во многу димензии ама кралицата Елизабета не дозволи таа ситуација да стане фарса
Принцот Хари се ожени со девојка која е далеку од сликата за „принцеза на зрно грашок“. Припаѓа на плебејско семејство, има професија која не е сосема достојна за членка на дворот – актерство. Таа е три години повозрсна од младоженецот и била на граница на годините кога се станува мајка по прв пат. Згора била веќе еднаш во брак, кој е разведен. Кралицата Елизабеа Втора се обиде да ја прифати таа „комопликувана“ од нејзин аспект ситуација, со оглед дека претходните девојки на принцот беа од сличен ареал! И покрај се, обврските во дворот се претешки, особено за девојка од народот а нејизниот сопруг, принцот Хари ја подра во идејата да заминат од чадорот на кралското семејство и да продолжат како секое британско семејство. Самите да заработуваат и да „пливат“ во водата на судбината. Кон таа одлука ги турна и самата кралица која овој пат беше енергична:ндвор од Бекингем нема буџетски пари. Спогодбата беше склучена на обострано задоволство. До следната прилика…
Кралицата Елизабета и кралското семејство ги третираат Хари и Меган поинаку од другите членови на кралството, напишале принцот Хари и сопругата во специјалното соопштение на нивната страница, напишува најнапред „Дејли Меил“. Во својата порака, Меган и Хари напишаа „Иако не е преседан за други членови на кралското семејство да бараат полно работно време надвор од кралската институција, наметнат е пробен период и голем број ограничувања за војводата и војвотката од Сасекс“.
По нивното одделување од кралското семејство, двојката беше лишена од привилегии и можност да имаат репрезентативни должности во име на кралицата.
Во овој контекст се споменуваат принцезата Беатрис и Јуџин, ќерки на вториот син на кралицата, принцот Ендру и неговата сопруга Сара Фергусон, не се сметаат за високи членови на кралската династија и затоа не се целосно вклучени во кралските должности. Напротив, двете принцези, кои се деветта и десета по ред за тронот, работат со полно работно време.
Принцезата Беатрис работи за приватни компании како деловен консултант. Принцезата Јуџин исто така работи како директор на швајцарската галерија за современа уметност Хаусер и Вирт.
Во моментов, сестрите ретко одат на кралски настани, но еднаш годишно се гости на забавата што ја организира кралицата.
Во изјавата на Меган и Хари се вели и дека принцот остана шести по ред за престолот, дека ќе ја задржи својата воена титула и дека тие сè уште имаат право на лично обезбедување.
Според неофицијалните сметки, сумата што се очекува да се подели подеднакво помеѓу Велика Британија и Канада, каде ќе заинат Хари и Меган, за заштита на младото семејство е помеѓу 3 и 6 милиони фунти.
Според бројни експерти и толкувачи на настапите на кралството, ова е уште една ПР акција на Меган и Хари.
Се чинеше дека одлуката принцот Хари да ја земе за сопруга актерката Меган релативно лесно помина во Бекингем. Во писмото кое кралицата свевремено му го испратила на Државниот совет на Обединетото кралство, таа го потврди одобрувањето за венчавката меѓу принцот Хари и Меган Маркл, кое се одржи на 12 мај 2018 година. Како што пренесоа тамошните медиуми, овој потег на кралицата од 2017 година е без формалности, бидејќи таа од порано веќе даде согласност за брак меѓу принцот Хари и Меган.
Откако стана јасно дека ќе го освои срцето на принцот Хари, актерката Меган Маркл го привлече вниманието на медиумите и општество. Сите се прашуваа зошто оваа бринета го освои срцето на принцот.
Daily Mail забележа дека додека пазарува во Лондон актерката носела златен прстен и почнаа шпекулациите дали тој е подарен од Хари и што точно значи.
На фотографијата Меган беше „натоварена” со доста свежо цвеќе, очигледен знак дека некој вистински ја сака. Освен во Кенсингтон, каде ѕвездата е сместена до својот избраник со сина крв, бринетата, која живее во Канада, често на социјалните мрежи објавуваше фотографии од својот дом. Британското кралско семејство го очекува нова свадба во 2018 година, откако принцот Хари објави дека ќе се жени. Наводно сега 36 годипниот Хари бил во врска со три години повозрасната американска актерка од ноември минатата година, но сѐ до неодамна ретко се појавуваа заедно во јавност.
Уште во 2013 година принцот Хари исто така беше пред „сигурна свадба“ со слична порилика – извесна британска моделка по име Кресида, со која тој беше заедно една година, а нивната врска се сметаше за сериозна. Кралската палата наводно веќе се готвела да објави веридба – пишуваше Дејли стар сандеј.. Кресида Бонас е добродојдена во кралското семејство, беше толкувано?! Иако е моделка таа е манекенка и припадничка на високата лондонска класа, имала добро образование и нејзината мајка, лејди Мери – Геј Курзон, е ќерка на покојниот аристократ Ерл Хоув, исто така богата, банкарска наследничка и некогашен модел.
Како и да е пред речиси две години, Велика Британија одново беше во фокусот на светската јавност, бидејќи во замокот Виндзор се женеше принцот Хари со разведената американска актерка Меган Маркл Венчањето е закажано во 12 часот, во капелата Свети Јурај. Невестата немаше деверици, туку таа „улога“ ќе им припадне на сите деца, вклучувајќи ги и принцот Џорџ и принцезата Шарлот. Свадбата, на која беа поканети 600 гости, бше без политичари, и чинеше околу 32 милиони фунти. Принцеза Меган Маркл носела венчаница од модното дуо „Ралф и Русо“, во вредност од околу 100 илјади фунти.
Војводата и војвотката од Сасекс, како што се нивните титули се согласија да не ги користат кралските титули како дел од плановите да се повлечат од кралските должности и да „работат за да станат финансиски независни“.
Дописникот на Би-би-си Џони Дајмонд изјави дека членовите на кралското семејство обично биле ослободени од извршување платена работа, но откажувањето од титулата и дало на двојката поголема слобода.
– Секако, откако ќе ја изгубите титулата, веќе не сте кралски и специјални, а вашиот бренд би можел да стане многу помалку привлечен за потенцијалните партнери – рече тој.
Консултантот за односи со јавност Марк Борковски рече дека дури и без титулата, двајцата „се моќни, првокласни јавни личности на свое место, така што ќе привлечат многу внимание“.
Принцот Хари и Меган планираат да поминат време и во Велика Британија и во Северна Америка – и нивниот глобален дострел би можел да отвори многу можности. Но, како тие би можеле да добијат финансиска автономија и да финансираат за добротворни цели?
Барањето за регистрација на брендот „Ројал Сасекс“ беше поднесено од двајцата уште во јуни минатата година, во кое се опфатени предмети како книги, календари, облека, добротворни прибирање финансиски средства и кампањи. Ова ја отвори можноста принцот Хари и Меган да започнат своја линија производи, од шминка до облека.
Но, договорот со кралицата фрли сенка на идејата. Бренд што го користи зборот „кралско“ не е во согласност со нивниот договор да се откажат од кралските должности додека ги величаат „вредностите на Нејзиното Височество“.
Новинарката и коментаторка на кралскиот стил Елизабет Холмс вели дека критиката за искористување на кралската врска е ризик во секој комерцијален потфат, додавајќи: „Затоа, мислам дека тие ќе бидат внимателни во врска со ова“.
Дури и ако треба да започнат од нула со името Ројал Сасекс, Холмс вели: „Секој бренд во светот би сакал да работи со нив“.
Без разлика дали станува збор за дизајнерска чанта или рачно плетена капа, секогаш кога Сасексови ќе бидат прикажани со производ, продажбата на тој производ оди до небото.
Но, веројатно не треба да очекуваме 10,5 милиони следбеници на Инстаграм на двојката да бидат бомбардирани одеднаш со спонзорирана содржина и тајно рекламирање, вели Холмс.
Војводата и војвотката рекоа дека планираат да започнат со добротворни цели за да донесат „прогресивна промена“ преку „локалните активности и во заедницата“.
Холмс сугерира дека секое трговско партнерство ќе биде врзано за нивното добротворно давање, можеби со секундарна можност за лична корист.
На пример, Меган е покровител на добротворна организација која обезбедува бесплатна облека и обука за интервју за работа за невработени жени и започна своја линија за облека за организацијата.
Иако може да им се дозволи законски да примаат плати од нивните добротворни цели, тоа не е пристап што им служи на некои од нивните веројатни модели. Хари и Меган изјавиле дека додека изработиле свои планови, тие „ја истражуваат неверојатната работа на многу добро познати и помалку позната фондација“. Се мисли на организации како Фондацијата Клинтон, Фондацијата Обама и Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс се предложени како потенцијални модели.
Но, Клинтонови велат дека не добиваат плата или не наплатуваат преку добротворната организација, Обама не се наведни меѓу највисоко платените службеници на својата фондација, а г. и г-ѓа Гејтс славно ја користат својата организација за да донираат пари наместо да ги земаат.
Бидејќи Меган првпат се стекна со слава како актерка во американска телевизиска серија, можеби не е изненадувачки што некои од првите понуди на двојката потекнуваат од светот на забавата.
Хари веќе се здружи со Опра Винфри за серијалот за ментално здравје на телевизијата „Епл“, кој треба да биде премиерно изведена во 2020 година.
(крај)