Сигурно дека Косово под притисок на САД ја отвори својата амбасада во Ерусалим, но сигурно дека сега опротив себе ќе го има огромен дел на исламскиот свет, на чело со Турција
Денес Турција најостро ја осуди одлуката на приштинските институции да ја отворат својата амбасада во Ерусалим. Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека со ваков потег, Приштина ја прекршила резолуцијата на ОН за статусот на Ерусалим и му нанела штета на мировниот процес за решавање на израелско-палестинскиот конфликт.
Анкара смета дека Приштина предизвикала штета со кршење на статусот на Ерусалим како дел од мировниот процес и визијата за решавање на конфликтот со создавање палестинска држава.
Министерството за надворешни работи на Косово соопшти дека амбасадата на оваа држава е официјално отворена како дел од договорот постигнат во Вашингтон во септември минатата година.
Приштина и Израел воспоставија дипломатски односи на 1-ви февруари на онлајн церемонија.
Ветувањето на Приштина за отворање амбасада во Ерусалим предизвика остри критики во Турција, а критики стигнаа и од Европската унија. В.д. Министерот за надворешни работи на Косово, Бесник Тахири, посочи дека признавањето и воспоставувањето дипломатски односи со Израел заврши со отворањето на косовската амбасада во Ерусалим, и дека е тоа еден од најважните моменти на државата Косово.
Тој за новинарите во Приштина им рече дека признавањето на Израел е едно од најважните, процесот не бил лесен и ги зајакна нашите односи со таа земја, со која беа воспоставени дипломатски односи на 25 февруари.
Тахири рече дека поради пандемијата, никој од високите претставници на Косово не може да биде денес на отворањето на амбасадата во Ерусалим и дека тој ја овластил вршителот на должноста на Косово во Израел, Инес Демири.
Демири исто така оцени дека отворањето на косовската амбасада во Израел е извор на гордост и историски момент. Демири на Фејсбук напиша дека најголемата чест во мојот живот беше тоа што имав можност да отворам амбасада и гордо да и служам на својата земја во Израел.
Целиот процес со отоврање на амбасади на одделни земји во Ерусалим запона во декември 2017 година, кога американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ќе ја пресели амбасадата од Тел Авив во светиот град, престокнината на трите монотеистички религии! Со тоа тој исполни едно од предизборните ветувања. Одлуката се косеше со долгогодишната американска надворешна политика и беше предмет на критики. Меѓународно и натаму владее консензус дека статусот на Ерусалим треба да биде предмет на финалните преговори меѓу Израел и Палестина за статусните прашања.
Еден
25-годишниот Израелец е загрижен дека контроверзната одлука ќе предизвика нови тензии меѓу Палестинците и Израелците. „Секако ќе предизвика тензии, но ние може само да се надеваме дека лидерите на обете страни ќе знаат како да ги смират луѓето.“
Други пак се помалку загрижени за можни реакции. „Мислам дека нема дилема оти американската амбасада треба да биде во Ерусалим, мислам дека сите амбасади треба да се тука, бидејќи Ерусалим е главниот град на Израел“, вели Рена Баба.
Само тогашниот американски амбасадор Фридман и неколку членови на персоналот ќе работат во новата амбасада во Ерусалим во првата фаза по отворањето. Комплетната релокација ќе се одвива во текот на следните години, информираат американските власти. Амбасадата или постепено ќе биде проширувана на актуелната локација, или пак ќе се почне со изградба на нов комплекс. Локацијата е во близина на т.н. Зелена зона, што ја обележа демаркацијата меѓу Израел и Јордан по војната во 1948. година.
„Парадоксално е што селењето на амбасадата нема никакво директно влијание на самиот град. Но, од друга страна, има енормни последици“, вели Даниел Зајдеман, американско-израелски адвокат и основач на невладината организација Терестријален Ерусалим. „Ерусалим денеска е повеќе поделен, помалку одржлив и повеќе предмет на натегања отколку кога било претходно. Селењето на амбасадата тука нема да смени ништо во тој поглед. Имајќи го тоа предвид, постојат огромни негативни импликации, бидејќи селењето е умреница за американската супервизија на политичките процеси во израелско-палестинските релации.“
Во јануари 2018 година тогашниот претседател Трамп изјави дека „Ерусалим е тргнат од преговарачката маса и нема веќе да разговараме за тоа“. Палестинските автономни власти упатија силна осуда на одлуката на администрацијата на Трамп во врска со Ерусалим и ттогаш одбиваат да разговараат со претставници на САД. Палестинците повикаа и други дипломатски мисии да ја бојкотираат инаугурацијата на амбасадата на која се поканети околу 1000 гости, меѓу кои и американска делегација предводена од државниот секретар за финансии Стивен Мнучин. На церемонијата присуствуваше и ќерката на Трамп, Иванка.
„Ова покажа дека Американците се комплетно на израелска страна и дека не им е грижа за палестинските права. Тие практично им велат на Палестинците дека се против нивниот сон да имаат сопствена држава и тие остануваат со празни раце“, вели Џавад Сијам, палестински активист кој учествувал во мирните демонстрации минатиот декември по објавата на САД за одлуката за селење на амбасадата. „Тие ја повторуваат историјата, тие им велат на Палестинците дека немаат права и дека други нации ќе си го земат делот“, додаде активистот.
Палестинците сакаат сопствена држава со главен град Источен Ерусалим кого Израел го зеде од Јордан за време на војната во 1967 година. Во 1980. Израел и фактички го анектираше Источен Ерусалим и го декларираше целиот град како свој главен град. Тој потег никогаш не беше признаен од страна на најголемиот дел од меѓународната заедница. „Кој е Трамп за да дојде и да каже дека Ерусалим е израелски? Каква врска има тој со Ерусалим?“, прашува млад човек кого го сретнавме на пат кон Портата Дамаск, еден од главните влезови во Стариот град. Американската одлука се перцепира како игнорирање на палестинското присуство и на историските врски со стариот град кој е свето место за муслиманите, Евреите и христијаните.
Отварањето коинцидираше со повторно разгорените тензии меѓу Израел и Иран кои би можеле да прераснат во вистински конфликт. Вниманието е свртено и кон Појасот Газа и тамошната граница со Израел, каде палестинските организатори на т.н. Голем марш на враќањето за денеска закажаа мирен собир, кој се претвори со судири на Палестинците и израелската армија со голем број повредени.
Од крајот на март 2018 година наваму неделните протести се одржуваа секој петок. При тоас повеќе од 45 Палестинци беа убиени и стотици повредени, главно од израелски снајперисти.