Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПРИЈАВЕНО СЕКСУАЛНО НАСИЛСТВО ВО МВР И АРМ

December 3, 2019 Filed Under: Македонија

Меѓународиот ден за борба против насилството врз жените беше одбележан со пријави за сексуално насилство врз една вработена во Армијата и шест вработени во МВР. Дали требаше да се случи еден од потенцијално обвинетите да побегне во Перт, Австралија?

ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА ГАЗИ БАБА Во некои медиуми се пронесе глас дека потенцијално обвинетиот побегнал во Австралија?!

Додека ширум светот се одбележуваше Меѓународниот ден против насилство врз жените – 25 Ноември, два одделни случаја објавени во медиумите, предизвикаа реакции во јавноста. На 19 ноември, вработена во Армијата на Република Северна Македонија, пријавила во Секретаријатот за внатрешни работи во Куманово дека колега се обидел да изврши обљуба врз неа на работното место, во кумановската касарна „Боро Менков“. Според полицијата, бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во медиумите беше објавена и вест дека шест полициски службенички вработени во МВР, „повеќе од година дена биле изложени на сексуално вознемирување и полово дејствие со закани и континуирано психичко малтретирање, понижување и повредување на нивното достоинство и со притисоци на работно место од раководно полициско лице во полициска станица“. Според медимуите, иако случајот бил претходно пријавен во МВР, наводно немало никаква реакција, па едната од вознемируваните припаднички на МВР, со заштитен идентитет поради стравување професионалниот интегритет, преку медиумите, апелирала надлежните институции, пред сè, Основното јавно обвинителство, да ги истражат случаите.

Министерството за одбрана веднаш испрати соопштение во кое се вели: „Министерството најстрого осудува секаков обид за сексуално вознемирување. Сексуалното вознемирување во Армијата е апсолутно недозволиво. Случајот се испитува и доколку се докаже, Министерството ќе има нулта толеранција.Никој не смее да помисли да ги вознемирува припадничките на Армијата и да го намалува угледот на Армијата“.

БОРО МЕНКОВ Касарната Боро Менков во Куманово – место на потенцијално кон жена припадник на Армијата

На барање на Гласот на Америка на македонски јазик за изјава од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, ни го испрати официјалното соопштение на Министерството, во кое се вели:

„За случајот известени се Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, кои веќе преземаат мерки и активности за негово расчистување и строго санкционирање. Веднаш по расчистувањето, ќе ја известиме јавноста. МВР има строга политика околу сексуалното вознемирување, и го осудува како апсолутно неприфатливо и недозволиво“.

Меѓународиот ден за борба против насилството врз жените официјално прогласен со резолуцијата на ООН 54/134, од 1999 година, а мотото годинава е: „Обојте го светот портокалово: Генерацијата еднаквост против силувањето”.

СЕКСУАЛНО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ Припадничките на женскиот пол во униформа се честа цел на сексуално вонемирување ширум светот

Последниот Меѓународен ден, во Македонија го означува почетокот на традиционалните 16 дена активизам, до Меѓународниот ден на човековите права – 10 Декември. Македонија е земја-потписничка на Истанбулската конвенција, но случаите на насилство врз жените продолжуваат да бидат пречка за постигнување целосна еднаквост и за исполнување на човековите права на жените.

 

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet