Кризната состојба на целата територија на Северна Македонија е во траење од 30 дена почнувајќи од денеска и за оваа одлука Владата ќе ги извести Собранието и претседателот на државата Пендаровски
Главниот штаб за управување со кризи пред неколку денови ја изготви и усвои првата нацрт верзија на Акцискиот план за превенција кој содржи 17 точки. „Граѓаните треба да знаат дека ништо нема драстично да се смени во државата.Ќе побараме од Советот на невладини организации да се приклучи и нивен член“, рече Стојанче Ангелов, раководител Главниот Штаб за управување со кризната состојба. Стојанче Ангелов е полицски генерал-мајор. кој одамна не е во униформа.
„На состанокот на кризниот штаб била разгледана потребата од учество на Армијата, за што дополнително ќе бидат утврдени здравствените објекти, што ќе треба да бидат обезбедувани од војн„Доколку се јави потреба од обезбедување поголем број сили за обезбедување, а МВР ги нема истите, ние можеме да побараме од АРМ, да испратат повеќе луѓе за обезбедување. Но, притоа тоа нема да бидат луѓе кои со оружје ќе се шетат по улица. Во земјава нема војна. Се обидуваме да одговориме на ковид кризата со најминимални средства“, рече Ангелов.
Анѓелов додаде дека и пред неколку недели и месеци државата успешно одговорила на кризата. Според него сега нема потреба од вонредна состојба, туку кризна состојба, а алатките што ги има Владата се слични како во вонредна состојба“, објасни Ангелов.
Владата на седницата во петокот ја донесе очекувана одлука да се прогласи кризна состојба на територијата на целата држава во траење од 30 дена. Одлуката се носи заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација од заразната болест КОВИД-19 и заради спречување од негово ширење во зголемен обем.
„Периодот за постоење на кризна состојба на територија на Северна Македонија е во траење од 30 дена, почнувајќи од 20 ноември 2020 година и за оваа Одлука Владата ќе го извести Претседателот на Република Северна Македонија и Собранието. Истовремено, Владата ќе му предложи на Претседателот на Република Северна Македонија да одлучи за учество на дел од припадниците на Армијата (вид и број на сили и капацитети на армиските единици, намена и задачи за кои се бараат и времетраењето на активноста и ангажираноста на армиските единици) во справување со кризната состојба“, стои во соопштението на Влада.
На седницата е донесен заклучок според кој МВР, Министерството за одбрана, Министерството за здравство, Армијата, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување треба да ги ставатсите расположливи капацитети и ресурси во функција на справување со кризната состојба.
Сега на потег е Главниот штаб во рамките на Центарот за управување со кризи кој ќе биде клучниот орган за менаџирање на кризата и распределба на ресурси, технички и човечки, за справување со епдемијата на коронавирусот. Главниот штаб, допрва треба да се формира, ќе биде составен од единаесет члена од повеќе државни институции и има задача да направи акциски план за превенција на ширењето на кроновирусот, целосен преглед на расположивите човеки и технички ресурси како во државниот така и во приватниот сектор како и план за координирано дејствување.
„Главниот штаб е составен од претставници од МВР, МНР, Одбрана, здравство, транспорт и врски, но крактерстично е што тука ќе биде и директорот на Итната медицинска помош, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување како претставник на АРМ, претставник на Агенцијата за разузнавање, претставник на дирекцијата за безбедност на класифицирани информации како и претставник на Црвениот крст“, изјави Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и раководител на Главниот штаб.
Она што е клучно е да се обезбеди непречена поддршка на здравствениот систем кој е речиси пред колапс поради бранот на новозаболени и напливот на пациенти чија состојба е тешка и мора да се хоспитализираат.
Главниот штаб е тој што ќе одлучува како ќе се располага со материјалните и човечки ресурси на приватниот сектор и ќе одлучува дали, кога и во колава мера треба да се вклучи. Користењето на ресурсите на приватниот сектор може да биде доброволно или да се плаќа а ценовникот е според тарифите кои ги има во Стопанските комори и асоцијации.
Вклучувањето на приватниот сектор е содржан во членот 33 на Законот за управување со кризи.
„ Во случај на кризна состојба можат да се употребат и ресурсите на јавните претпријатија, установи и служби, како и на трговските друштва кои се од посебно значење за работа во кризна состојба, во согласност со закон. Во случај на кризна состојба, по барање на Владата, врз основа на договор склучен со Центарот или доброволно, можат да се употребат и ресурсите на граѓаните и други правни лица.Дневниот надоместок за користење на ресурсите изнесува до 30% од просечната месечна нето плата по работника надоместокот за нивно оштетување или уништување не може да биде помал од пазарната вредност на средството“, стои во Законот.
Главниот штаб исто така ќе ги носи одлуките далии како армијата и полицијата ќе асистираат во болниците, во изградба на монтажни болници и дополнителна инфраструктура, транспорт на пациенти, но и секаде каде што ќе може да помогнат.
Она што е нејасно е како ќе функционираат приватните здравстени установи кои имаат можност да ги стават своите капацитети за третмат на заболени од Ковид – 19. Денеска министерот за здравство имаше состанок со претставници на три приватни клиники, каде во моментов цените за лекување се десеткратно повисоки од оние во јавното здравство, но договор или решение немаше и тие повторно ќе се сретнат во недела.
Разговорите беа конструктивни, а приватните болници изразија позитивен став во однос на користење на нивните ресурси од страна на државата за справување со пандемијата. Со оглед на тоа што за прв пат државата заедно со приватните здравствени институции треба да направи реорганизација за справување со ковид кризата во време на пандемија, дополнителни прецизирања на условите, начинот на користење на ресурсите на приватните здравстевени установи ќе бидат договорени на следниот состанок закажан за в недела. Дотогаш на формализирање на соработката работат тимовите од МЗ и приватните болници“, соопштија од здравство.
Во просек секој ден во земјава се разболуваат околу 1200 – 1300 лица, издрвуваат меѓу 500 и 600 пациенти а починуваат меѓу 25 и 35 лица„