Нашиот уметник Зоран Кардула со подарок за девојчето кое најде оригинален начин да собира средства за лекување на татко и’
Зоран Кардула, познат македонски графички дизајнер и илустратор, објави постер со Нина Нинковиќ, девојчето од Нови Сад кое продава крофни за да собере пари за лекување на татко си.
„Нина девојчето со крофните“ морав да и направам постер како благодарност за нејзината љубов и борба да собере пари за лекување на својот татко, би сакал некој од Нови Сад да ми пише за да му ја пратам припремата и ако е во можност да го испринта постерот за да и го поклони на Нина“, напиша Кардула на Твитер.
За кратко време илустрацијата ги освои социјалните мрежи, а Кардула упати благодарност и до фотографот Алкесандар Јовановиќ кој ја направи фотографијата врз која е создаден постерот. Исто така, македонскиот графички дизајнер и илустратор Зоран Кардула преку социјалните мрежи се заблагодари и до луѓето кои дирекно помогнаа во производството на крофните.
„Нина си ја доби сликата, благодарност до Александар Јовановиќ, фотографот чија фотографија беше основа за овај постер, благодарност до Зоран Доневски Талични и Фондацијата Тале Новосаѓани за целиот ангажман околу печатењето и организацијата и благодарност до сите кои помогнавте во напорот и желбата на малата Нина да собере пари за лекување на нејзиниот татко“, пишува Кардула во објавата.
Инаку, Нина Нинковиќ од Нови Сад е 11 годишно девојче кое дојде на идеја да продава крофни по 100 динари, а парите кои ќе ги собере да ги даде за лекување на татко и’. За кратко време Нина стана вистински пример за хуманост откако веста се најде најпрвин на српските, а потоа и на медиумите од регионот.
Следните денови се чекаше ред на плоштадот во Нови Сад каде стотици граѓани застанаа во долгите редови за да купат од крофните на Нина, а со тоа да помогнат и во лекувањето на нејзиниот татко.