Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПРОДОЛЖУВААТ ПРОБИТЕ СО АНТИМАЛАРИЦИТЕ

May 26, 2020 Filed Under: Ревија

Универзитетот на Оксфорд тестира хидроксихлорокин против Ковид-19. Ќе бидат тестирани над 40.000 здравствени работници во Европа, Азија, Африка и Јужна Америка, како и 25 локации во Британија, јави Ројтерс.

И НАДВОР ОД БОЛНИЦИТЕ Патници во воз во Аргентина со короната ќе се справуваат и вон ординациите

Здравствените работници во британските болници ќе бидат први учесници во глобалната мисија со тестирање на анти-маларичните лекови хлороквин и хидроксихлорокин за да се уверат дали може да бидат користени за лекување и спречување на КОВИД-19.

Универзитетот на Оксфорд ја предводи студијата. Ќе бидат тестирани над 40.000 здравствени работници во Европа, Азија, Африка и Јужна Америка, како и 25 локации во Британија, јави Ројтерс.

Сите здравствени работници коишто не се заразиле од Ковид-19, може да учествуваат во тестирањето.

Интересот за овој лек се интензивира откако претседателот Трамп на прес-конференција во април се осврна за корисноста на овој лек.

Тој, во понеделникот пред новинарите изјави дека зема лек против маларија како превенција и секојдневно комбинира хидроксихлорохин со цинк и редовно на тестирање заНема докази дека земањето на лекот може да спречи луѓето да бидат заразени од коронавирус.

„Нема да бидам повреден од тоа“, тврди Трамп. „Поминаа околу 40 години како се користи – за маларија, лупус, за други работи. Го земам. Фронталните работници го земаат. Многу лекари го земаат“, изјави претседателот.

Властите на Аргентина деновиве го поздравија производството на брз и поевтин тест за коронавирус, за кој научниците велат дека покажува резултати за помалку од два часа.

Новиот тест чини околу осум долари, и е направен со јавно-приватно партнерство.

Епидемиолозите, кои биле вклучени во производството на тестот, велат дека тој е уникатен, бидејќи би можел да се користи надвор од болница за масовно тестирање.

Тестот функционира на тој начин што брисот на пациентот се меша со течност, која добива виолетова боја, доколку лицето е негативно, и сина боја доколку е позитивно.

Агенцијата Ројтерс објави дека Владата на Аргентина планира да ги направите првите 10.000 теста, достапни на национално ниво во наредните десет дена.

Досега, Аргентина има повеќе од 9.200 заразени лица, и 203 смртни случаи.

ТРАМП СО СВОЈОТ ЛЕК Не го интересирале ставовите на науката за лекот!

Во меѓувреме Универзитетот Оксфорд во Велика Британија почна со тестирање на развиената потенцијална вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19) врз луѓе.

Според веста на британскиот информативен сервис „ББС“ („BBC“), тестирањата на вакцината се започнати врз двајца доброволци. На едниот од нив му е ставена потенцијалната вакцина против Ковид-19, а на другиот со цел да се изврши контрола му е ставена вакцина против мененгитис.

Доброволците нема да знаат од која вакцина им е ставена и со оваа информација ќе располагаат само лекарите кои ќе ја следат разликата.

Потенцијална вакцина која е развиена за 3 месеци и е наречена „ChAdOx1“ е добиена со промена на генетиката на аденовирусот, кој предизвикува грип кај шимпанзата.

ОКСФОРД Проби на новата вакцина „во живо“

Извршена е промена со генетиката на вирусот (поврзано е со генетиката) на начин што ќе се спречи неговиот развој (ширењето) во човечкото тело, и се додадени генетски елементи што произведуваат т.н. спикуларни протеини што овозможуваат вирусот на Ковид-19 да се закачи на човечките клетки.

Се има за цел вакцината да се залепи за спикуларните протеини што ги произведува вирусот и да развие антитела што ќе го спречат вирусот да продре во човечките клетки.

Инаку, научници во повеќе од 70 земји во светот меѓу кои се наоѓа и Турција, извесно време како вршат истражувања и работат напорно за да пронајдат вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

 

 

Filed Under: Ревија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet