Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПРОДОЛЖУВА ТРЕНДОТ НА РАСТ ВО ТИРЗ

September 20, 2022 Filed Under: Македонија

Во првите осум месеци од годинава во ТИРЗ се постигнати договори со вкупен обем од над 370 милиони евра од кои две се досега најголеми инвестиции со поединечни вложувања од над 100 милиони евра

ПОГЛЕД КОН ЕДНА ОД СЛОБОДНИТЕ ЗОНИ За првите осум месеци отворени над 1.300 нови работни места

ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ

​​​Во првите осум месеци од годинава во компаниите во ТИРЗ се отворени над 1300 нови работни места со што продолжува трендот на раст на вработените од почетокот на годинава, покажува редовната анализа на ТИРЗ. Само во август во компаниите во зоните се отворени над 200 нови работни места со што вкупниот број на вработени порасна и достигна 15.328. Ова е за 8,5% повеќе споредено со истиот месец минатата година, односно за 16,5% повеќе во однос на август 2020 година.

Позитивниот тренд на раст од почетокот на годинава продолжува и во однос на извозот и увозот. Заклучно со август извозот од ТИРЗ порасна и надмина 2,3 милијарди евра, што е највисоко ниво во последниве четири години споредено со истиот период. Извозот од јануари до август е за 13% повисок во однос на истиот период во 2021 односно 70% повисок во однос на 2020 и 25% и 48% повисок споредено со 2019 односно 2018 година. Само во август компаниите во ТИРЗ оствариле извоз од речиси 300 милиони евра што е за 8% повеќе од август минатата година.

Од јануари до август 2022 година регистриран е увоз од 2,1 милијарди евра што е највисоко ниво споредено со истиот период во изминативе четири години. Ова е за 4% повеќе во однос првите осум месеци од 2021, односно за  70%  споредено со 2020, и за 22% и 62% повеќе споредено со 2019, односно 2018 година. Увозот кај компаниите во ТИРЗ во август е 283 милиони евра што е за 5% повисоко од истиот месец лани. Заклучно со август и нето извозот е 8,5%.

Во првите осум месеци од годинава во ТИРЗ се постигнати договори со вкупен обем од над 370 милиони евра од кои две се досега најголеми инвестиции со поединечни вложувања од над 100 милиони евра – германската фармацевтска компанија Гересхајмер вложува 126 млиони евра во нов капацитет и германскиот производител на електро-автомобили Е.го ќе вложи 130 милиони евра. Во тек се преговори со и со повеќе други потенцијални инвеститори, а во рамки на новиот концепт на работа на ТИРЗ, воведен минатата година.

Filed Under: Македонија

СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ: ОДИМЕ КОН ДРЖАВИ КОИ НЕ СЕ ДЕМОКРАТСКИ
ДИРЕКТОРОТ НА ФЗО СМЕТА ДЕКА НИЕ БАРАМЕ ЗДРАВСТВО КАКО ДА ИМАМЕ ШВЕДСКИ БУЏЕТ – ЗНАЧИ ЛИ ТОА ПОКАЖУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСОТ ЗА ЗДРАВСТВО?
ДАЛИ МИЦКОСКИ СЕ СОГЛАСУВА СО ОРБАН ДЕКА БРИСЕЛ Е НЕПРИЈАТЕЛ?
(НE)ОЧЕКУВАНО СЦЕНАРИО
ПСИХОЛОГИЈАТА И ВОСПИТУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА: КАКО ДА БИДЕТЕ ВИСОКО ЧУВСТВИТЕЛЕН РОДИТЕЛ

Најново

  • СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ: ОДИМЕ КОН ДРЖАВИ КОИ НЕ СЕ ДЕМОКРАТСКИ
  • ДИРЕКТОРОТ НА ФЗО СМЕТА ДЕКА НИЕ БАРАМЕ ЗДРАВСТВО КАКО ДА ИМАМЕ ШВЕДСКИ БУЏЕТ – ЗНАЧИ ЛИ ТОА ПОКАЖУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСОТ ЗА ЗДРАВСТВО?
  • ДАЛИ МИЦКОСКИ СЕ СОГЛАСУВА СО ОРБАН ДЕКА БРИСЕЛ Е НЕПРИЈАТЕЛ?

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet