Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПРОДОЛЖУВА ТРЕНДОТ НА ТОПЕЊЕ НА КАМАТИТЕ НА ШТЕДЕЊЕ

April 13, 2021 Filed Under: Македонија

Според банкарите, растот на депозитите, и покрај трендот на намалување на каматите, е очекуван тренд во услови на економска криза. Граѓаните се воздржуваат од „непродуктивни“ трошења поради страв кој го носи економската неизвесност

ШТЕДЕЊЕ Воздржано трошење – штедењето во пораст

АНЕТА ДОДЕВСКА

 Продолжува трендот на намалување на каматите за штедење – просечната камата на вкупните депозити се спушти на ниво од 0,92 отсто. Депозитното портфолио на банките е во пораст – но каматите се намалуваат, пишува „Порталб.мк“.  Пад и на каматите и на кредитите. Со почетокот на оваа година и депозитната база и кредитната изложеност достигнаа највисоки вредности, со што вкупните депозити надминаа 7 милијарди евра

Фантастични 7,1 милијарда евра лежат во банките – депозити на сите клиенти. Штедењето е во пораст и со почетокот на оваа економска година. Новите податоци покажуваат дека депозитната база во февруари, на годишно ниво е зголемена за 7,1 отсто.

Вкупни депозити                                         7.093.000.000 евра

Депозити на домаќинства                        4.706.000.000 евра

Депозити на корпоративен сектор         1.953.000 000 евра

Останати                                                      434.000.000 евра

Вкупните депозити на корпоративниот сектор, во февруари, се зголемени за 0,5 отсто на месечно ниво. Анализирано на годишна основа, депозитите на корпоративниот сектор се повисоки за 13,7 отсто, заради растот на депозитните пари и краткорочните и долгорочните депозити во странска валута – наведуваат од Народната банка.

Во однос на депозитите на домаќинствата констатираат:

Кај вкупните депозити на домаќинствата, во февруари, е забележан месечен раст од 1,3 отсто. Во споредба со истиот период претходната година, овие депозити се зголемени за 5,2 отсто, во целост под влијание на повисоките депозитни пари и краткорочни депозити во странска валута.

Според банкарите, растот на депозитите, и покрај трендот на намалување на каматите, е очекуван тренд во услови на економска криза. Граѓаните се воздржуваат од „непродуктивни“ трошења поради страв кој го носи економската неизвесност. Оттука, велат банкарите, иако каматите за штедење веќе се спуштија под 1 отсто – штедењето продолжи, со акцент на краткорочните депозити во странска валута кај населението.

КРЕДИТИ Вкупни кредити во износ од 5,8 милијарди евра

       Депозити на население

   Девизно штедење             2.216.000.000 евра    

Денарско штедење          2.500.000.000 евра

По увид во генезата на движење на каматните стапки за штедење – податоците покажуваат дека од 2011 година, сегашните камати за штедење се на историски најниско ниво.

Каматни стапки на депозити            2021 февруари                      2020 февруари

Вкупни депозити                                           0,92%                                1,19%  

Новопримени депозити                              0,71%                                  0,98%

Пиковите на каматни стапки за штедење оддамна се минато – па така во 2011-та година каматите за денарските депозити биле околу 5 отсто, додека за девизното штедење над 2 проценти. Оттогаш започнува тренд на намалување на каматите за штедење.

Се намалуваат каматите на депозитите – регистриран нов пад и на каматите за кредитите.

Во февруари, просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор, изнесува 3,70 отсто и на месечно ниво е минимално намалена. Кај каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, овој месец, е забележан месечен раст од 0,16 процентни поени и изнесува 3,76 проценти. Нагорната промена се должи на зголемените каматни стапки на денарските кредити. Анализирано на годишна основа, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор е намалена за 0,06 процентни поени – наведуваат од НБРСМ.

На крајот од февруари 2021 година, вкупната кредитна изложеност на банките изнесувала 5,8 милијарди евра, од нив 2,8 милијарди евра се кредити на корпоративниот сектор додека задолженоста на домаќинствата изнесува 3 милијарди евра. Интересно е дека со почетокот на оваа година забележана е зголемена побарувачка на станбени кредити.

Годишниот раст на кредитите на домаќинствата во јануари изнесува 7,4 отсто, при раст и на станбените и на потрошувачките кредити. Во однос на валутната структура, поголем придонес во годишниот кредитен раст имаат кредитите во домашна валута – се наведува во најновиот извештај на НБМ.

Неодамна Народната банка повторно ја намали основната камата со очекување дека банкарите ќе го следат овој сигнал за натамошно намалување на каматите за кредитите, особено сега во економска криза, но пониските камати на кредитите повлекуваат намалување и на каматите на депозитите.

 

Filed Under: Македонија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet