Овој проект за кој договорите се потпишуваа во мај 2022 година а резултат на неспорната проевропска политика на вкладата на СДСМ!
На 1 октомври 2024 година ќе биде пуштен во употреба терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во Александропули, проект во кој претходната Влада предводена од СДСМ, визионерски учествуваше од самиот почеток.
Со овој проект, државата ќе обезбедува 500 милиони кубни метри гас годишно, што ја надминува годишната потрошувачка од 400 милиони кубни метри. Македонија ќе обезбедува повеќе од доволно за да ги задоволи домашните потреби и ќе може да се пласира гас и во соседните земји, како Србија и Косово. Овој проект ќе ѝ обезбеди можност на државата за дополнителни приходи преку извоз на гас во регионот.
Покрај ова, оваа енергетска инфраструктура ја зајакнува енергетска независност и придонесува за зголемена енергетска сигурност на нашите граѓани и економија.
Покрај обезбедувањето на неруски гас, проектот вклучува и изградба на енергетска централа со капацитет од 800 мегавати, која ќе биде завршена во 2024 година.
Кога Владата на СДСМ ја презеде иницијативата за овој проект ВМРО-ДПМНЕ беше против. ВМРО-ДПМНЕ сметаше дека „Најавата на Владата за инвестирање во Грција е штетна од неколку аспекти и тоа: политички, финансиски и економски“.
„Намерата и постапките за инвестирање надвор од Македонија во енергетскиот сектор во овој момент, најблаго речено, се знак или за тотално неразбирање на проблематиката и економската состојба на Македонија, или намерно уништување на енергетскиот сектор“ беше ставот на ВМРО-ДПМНЕ.
Денес се покажува дека СДСМ била во право.
СДСМ е горда на својата улога во обезбедувањето на енергетската иднина на земјата и на значајниот придонес кој го направи за енергетската безбедност и економскиот развој на Северна Македонија. Ова е уште еден доказ дека нашата партија секогаш работи во интерес на граѓаните и на долгорочната иднина на нашата земја.
Инаку балканските лидери и првиот човек на Европскиот совет, Шарл Мишел, во мај 2020 година во Грција го одбележаа почетокот на регионалниот енергетски проект „Александруполи“ со што се отвора можност за енергетска независност, ослободување од рускиот гас, диверзификација на изворите и се отвара пат за Северна Македонија и регионот да станат енергетски независни.
Изградбата на гасниот терминал во Александруполи беше кажано тогаш е историски настан за регионот во областа на енергетиката. Станува збор за проект за долгорочна енергетска независност за стабилно и постојано снабдување со течен гас во едно исклучително кризно време. Премиерите на Северна Македонија, Грција и Бугарија, Димитар Ковачевски, Кирјакос Мицотакис и Кирил Петков, претседателот на Србија, Александар Вучиќ и првиот човек на Европскиот совет, Шарл Мишел, за време на свеченоста порачаа дека проектот за пловечкиот терминал за течен гас не е само енергетски, туку и геополитички проект кој ќе ја промени енергетската карта на целиот регион.
До 2023 година беше планирано да бидат ставени во употреба и гасниот терминал и гасната станица. Република Северна Македонија уште во 2021 година се приклучи кон проектот за изградба на терминал за течен природен гас на 17 километри од Александруполи за складирање и гасификација на течниот природен гас, со капацитет од над 5,5 милијарди кубни метри.
Согласно договорот, земјата учествува со 25 отсто во гасната централа на природен гас во „Александруполи“ која е 800 мегавати, а проценетата инвестиција во оваа електрана е повеќе од 380 милиони евра. Предвидено е земјата да учествува и со 10 проценти од вкупната вредност од 370 милиони евра во инвестицијата во гасниот терминал. Со оваа инвестиција се обезбедува резервирање на капацитети за сигурно снабдување на земјата со гас, без ризици во следните 15 години.
„Сега повеќе од кога било е јасна неопходноста и итноста за диверзификација на изворите на енергија во нашата земја. Нашето учество во изградбата и долгорочното закупување на капацитет во терминалот „Александруполи“ е стратешка одлука која ќе го обезбеди идниното снабдување со гас на нашата земја“,вели вицепремиерот за економски прашања и инвестиции Фатмир Битиќи.
Премиерот Димитар Ковачевски тогаш оцени дека „ова е историски настан за земјите од регионот во делот на енергетиката“ и дека користењето на нови извори на енергија и замената на јагленот со гас се нашите најважни стратешки интереси.
Северна Македонија, во овој проект учествува со договор за резервација за одреден капацитет за течен гас од терминалот во Александруполи. Во тек се и подготовките коишто ќе овозможат и директно вклучување на земјата во изградбата на гасоводот со што таа ќе се поврзе со овој значаен енергетски капацитет.
Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, смета дека новиот терминал нема да помогнеме само во енергетската независност, туку ќе придонесе во долгорочните цели за климатските промени, а овој проект испраќа јасна порака дека „ја земаме судбината во наши раце“. „Не седиме и разговараме за стратешката автономија, туку сме активни, сите заедно, со нашите пријатели од Балканот сакаме да ја изградиме нашата заедничка иднина“, рече Мишел.
За грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, присуството на балканските лидери на манифестацијата е доказ за единството на Балканот, но и дека „полуостровот може да има свое место во стратегијата за енергетска транзиција на целиот континент“.
Заблагодарувајќи се на поддршката од САД за развивањето на новиот енергетски пазар, своевремено тогашниот премиер Заев посочи дека со приклучувањето кон овој енергетски проект, земјата повеќе нема да биде краен корисник на природен гас од само еден извор, туку ќе биде важна транзициска рута за природен гас во цела Југоисточна Европа.
Според вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, ова е историски ден, а со оваа инвестиција се обезбедува резервирање на капацитети за сигурно и стабилно снабдување на земјата со гас, без ризици во следните 15 години.
Извршниот директор на „Копелузос Груп”, Христос Копелузос очекуваше од стартот дека за две и пол години од денес, Македонија да почне да добива енергија од сопствена гасна централа во Александропулос по многу компетитивни цени. Тој додаде: „Заедно ќе развиеме ултра модерна и максинално енергетски ефикасна централа, што ќе ја зголеми енергетската безбедност, ќе ја намали цената на струјата и ќе ја зголеми компетитивноста на бизнисот и граѓаните во вашата земја“.