Овој проект со вградување на подмладени гени треба битно да ја зголеми должината на животот. За луѓе кои би учествувале во експериментите не треба да се грижиме,. Велат генетичарите, ќе има многу доброволци
очекуваната должина на животот на луѓето во светот се зголемила за 21 година во последните шест децени, и сега изнесува 68 години. Очекуваната должина на животот од просечните 47 години во периодот 1950-1955, достигна 68 години во периодот 2005-2010. Порастот на должината на животот, како што пренесуваaт медиумите,, се објаснува со подобра исхрана, подобра хигиена и напредок на науката и медицината, пред се кога се работи за вакцини и лекување на инфективните болести. Во извештајот се истакнува дека во периодот 1950-1955 година стапката на умирање со 60 и повеќе години изнесувала 26 проценти, додека во периодот 2005-2010- таа изнесува 54 отсто.
НИСКИ СТАПКИ НА РАЃАЊЕ Светот како последица на овој феномен старее. Во 2010 година оние кои имале над 65 години сочинувале 7,7 отсто од популацијата. До 2050 година се очекува овој процент да се искачи на 15,8 отсто или за два пати! На ова секако влијае и намалувањето на популацијата заради ниските стапки на раѓање односно намалениот природен прираст на населението.
Луѓето на иднината ќе живеат по 130 години а нивното тело и мозок ќе бидат како во младешките години, сметаат генетичарите, пренесува „Недељник“ од „Њујорк тајмс“ . Претстои развој на една наука која се нарекува – генетска терапија. Научниците од Харвард кои започнале плрелиминарни подготовки со кучињата од марката бигл, тврдат дека можат своите експериментални животни да ги подмладуваат со додавка на одредени ДНК „упатства“ во нмиовните ќелии.
Проектот под наслов „Rejuvenate bio“ веќе претходно покажжал дека уфрлувањето на гени кај поедноставните организми (црви, муви) може да го вдвои нивниот животен век. Научниците веруваат дека тој процес во крајна линија може да биде применлив и на луѓето. Веќе претходно е докажано дека трансфузијата на крв од помлади кон постари глувци ги подобрува маркерите кај старците во било кој степен. „По експериментите со глувците минувме на експерименти со кучињата а потоа следува — човекот“ – вели генетичарот Џорџ Черч.
Тој самиот очекува дека луѓето, ако тестирањата имаат степен на безбедност сами ѓе се јавуиваат. Тој не крие дека нивната цел е дека телото на човекот на иднината треба да има „тело и ум на 20 годишник а искуство на човек од 130 години!“. Черч смета дека „кучињата се посебен пазар“.
Должината на живеењето и во Германија се зголемува. Девојчињата кои сега се раѓаат, според пресметките на Сојузниот завод за статистика, ќе живеат во просек по 83 години и два месеца. Момчињата, според очекувањата, треба да живеат во просек по 78 години и четири месеци. Тоа значи дека проценките за должината на животот за двата пола се зголемени за по два месеца во споредба со претходната пресметка.
Најдолги се очекувањата за животот на новородените во покраината Баден Виртемберг и тука не е ништо променето со години. Во оваа покраина на момчињата кои сега доаѓаат на свет им се предвидуваат во просек по 79 години и шест месеци живот, додека кај девојчињата возраста е 84 години. Најниски животни очекувања за момчињата има во покраината Саксонија Анхалт – 76 години и 4 месеци, додека најниски очекувања за девојчињата има во покраината Сар – 82 години и 3 месеци.
Продолжени се очекувањата за должина на животот и на оние кои сега се стари лица. Оној кој како маж во Германија ќе го достигне прагот од 65 години, статистички погледнато, може да живее уште 17 години и десет месеци, додека една жена која го достигнала прагот од 65 години, според статистиката, може да живее уште 21 години. Зголемувањето кај мажите изнесува два месеца, додека кај жените еден месец.
Но, продолжувањето на векот на старите луѓе и надсвор од експериментите, покажува, сепак, дека е зависен од многу социјални елементи – осаменоста ги убива старците! Во една студија која следела 1.600 лица кои имале околу 71 година, се потврдува токм у ова. Околу 23 отсто од осамените учесници умреле во текот на шест години од траењето на следењето а се жалеле на осаменоста додека бројот на оние кои имале „адекватен социјален живот“ однел 14 отсто од старците.
„Целиот живот ни се нужни луѓе кои не познаваат, засмејуваат и тоа никогаш не минува“ – вели за Њујорк тајмс социјална работничка од Општата болница во Масачусец Барбара Московиц.
Таквите релации на постарите сограѓани многу им значат. Многиу повеќе оптколку на нивните деца или на внуците. Постарите се прилично толерантни кон маните на своите пријатели, многу повеќе отколку помладите лица. Кога сме постари во меѓучовечките односи внесуваме искуство и затоа сме потолерантни. Знаеме за што треба да се бориме а што не е толку важно. Освен што треба старите луѓе да повикуваме во својот дом, треба да го поттикнуваме нивното дружење со други луѓе, пренесугва Телеграм.
Заради тоа постарите млуѓе имаат теенденција да напредуваат во независни и други животни опкружувања. Институциите за сместување на постарите им даваат можност за поврзување, дружење и напредок, тврди студијата.
Проведувањето на време со дедото и бабата, со мајката и таткото им помага ним, но е корисно и за нивните деца. Разговорот за старите луѓе е битен за нивниот живот. Тие сакаат некој да ги чуе нивните приказни а тие нас сакаат да не прегрнат и да имаат чувство на размена на љубов.