БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Кога јас би решавал, Русе би можел да остане директор ако има идеи и капацитети за промени, а не ако е толку добар што промени да не ни требаат. Или, уште полошо: да се плашиме од нив.
Истото важи и за Бени Шакири.
И за сите други кандидати.
„Идејата за промени не смее да почива само на лошите или катастрофални резултати, туку на самата себе, како двигател на новото. Може да се случи промените да тргнат и на лошо, но тој ризик не смее сам по себе да ја суспендира идејата за промени.”
Ова максима е принципиелен двигател на историјата и на цивиизацијата. Дури и на еволуцијата која, како што е познато, ги достигна своите врвови во Русе, Румена и, на едно пониско скалило, сепак, во типот што се римува со Бричковски.
Хахаха!
„Од каде оваа дрскост, оваа бесрамност да се застанува зад вакви нелогични, навредливи за интелигенцијата ставови.”
Како овие од почетокот на текстот што ги потпишала римата на Бричкивски?
Се прашува Румена.
Да била отфрлана, како што денеска ја отфрла Бужаровска, човекот би останал да живее во пештера, затоа што немало кој да му гарантира дека при првата промена, при првото излегување, работите нема да тргнат на лошо, односно дека пештерецот нема да заврши во устата на некој месождер. Да се раководел светот така како што сугерира Румена, човекот никогаш не би пролетал или не би измислил машини за печатење на раскази. Кој би ги мрднал монасите со перцата од гуски, кој би ја нарушил таа идилична и успешна манастирска идила на препишувачите?! Гугенберг не бил Бени, односно Бени не е Гутенберг, но Гути не би бил можен во вака румено културолошко окружување какво што владее околу МКЦ.
Како е можно на Румена да и недостига ингелектуална моќ да совлада еден ваков постулат. Или се работи за тоа моќта што ја има да и е заматена од преголемата острастеност.
Да ги оставиме во оваа прилика настрана причините за нејзиниот хендикеп. Ако може така да се каже. На сите ни се случува да сме неразумни или невнимателни или неспособни да разбереме нешто очигледно во некој момент.
Во текстот „Лоша одбрана на МКЦ” тој принцип е наведен како елемент против ставовите во петицијата кои се против промените затоа што ситуацијата е добра!
Кога јас би решавал, Русе би можел да остане директор ако има идеи и капацитети за промени, а не ако е толку добар што промени да не ни требаат. Или, уште полошо: да се плашиме од нив.
Истото важи и за Бени Шакири.
И за сите други кандидати.
Дали се разбираме, Румена?!
Мислев да речам, убава дамо, ти која се римуваш само со самата себе, но, по бесрамните трактати против Бени и во колумната во “Независен”, морам да се воздржам.