Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПРОМОЦИЈА НА КНИГА НА ЏЕНГИЗ ИБРАХИМ ВО СТАНБОЛ

October 6, 2020 Filed Under: Ревија

Авторот на ова дело  – „Турската народна инструментална традиција на Балканот и во Република Северна Македонија“ – е еден од ретките мајстори кои владее со сите ориентални инструменти во земјава

АВТОРОТ Ибрахим магистрирал музика на Институтот Марко Цепенков

Во Културно информативниот центар на Република Северна Македонија во Истанбул е промовирана книгата „Турската народна инструментална традиција на Балканот и во Република Северна Македонија“ од Џенгиз Ибрахим.

Промоцијата ја организираше турската издавачка куќа „Јени Балкан“, со поддршка на Министерство за култура на Република Северна Македонија.

На промоцијата, меѓу другите, присуствуваа и директорот на Културно-инфирмативниот центар во Истанбул, Рамадан Рамадани, генералениот конзул на земјава во Истанбул Актан Аго и директорот на издавачката куќа „Јени Балкан“, Муртеза Сулооџа.

– Оваа книга, напишана од страна на нашиот ценет уметник Џенгиз Ибрахим, можеме да ја сметаме за една од најважните дела на Турците во Македонија. Би сакал да се заблагодарам на издавачката куќа „Јени Балкан“, која е еден од темелите на турската култура во нашата земја. Сепак, ние сакаме да покажеме дека некои од важните работи направени за културата на турскиот свет се направени во Македонија и сакаме да се гордееме со ова, изјави Рамадани во обраќањето на промозцијата.

ПРОМОЦИЈА Во Истанбуул промоцијата мина во знакот на протоколите за короната

Промоцијата беше спроведена во согласност со здравствените мерки за пандемијата КОВИД-19.

Издавањето на книгата „Турската народна инструментална традиција на Балканот и во Република Северна Македонија“ на Џенгиз Ибрахим беше поддржана од страна на нашето Министерство за култура во 2019 година.

Џенгиз Ибрахим е роден во Скопје. По дипломирањето на Музичкиот факултет се стекнува со звањето дипломиран музичар, теоретичар и педагог. Магистрира на Институтот за фолклористика „Марко Џепенков“ на стари турски музички инструменти и се стекнува со звање магистер на фолклористички науки.

Тој свири на речиси сите источни инструменти. Главен инструмент му се канун, уд и сазот.  Работел како музички уредник и водител на музички емисии во МРТ – турска редакција. Соработува и е член на „Музичарите Без Граници“ од Холандија. Соработувал со музичари и групи како што се Влатко Стефановски, рок групата Мизар, Анастасија и.др. Учествувал на многу бројни музички фестивали во нашата земја  и во странство.

СОЛУНСКИ ПАТРДИИ Музиката за оваа легендарна претстава ја напиша Инрахим

Творештвото на Џенгиз Ибрахим претставува бравурозна, извонредно богата фузија на ренесансата, барокот и современата музика. Тој го реинкарнира румелискиот мелос и  успешно знае на сцена да води дијалог со музичари односно води музички разговор меѓу културите на светот.

Има компонирано музика за театарски претстави, како што се „Женички“, „Баханалии“, „Црн Млив“, „Шехерезат и Шехријар – приказни од 1001 ноќ“, Кабаре „Оркестар‘‘ (Албански театар), „Баханалии“ (театар Војдан Чернодрински-Велес), „Ах љубов моја“ (театар „Комедија“) и за легендарната престава „Солунски Патрдии“ на Драмскиот театар-Скопје во режија на Коле Ангеловски.

Filed Under: Ревија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet