Американскиот претседател Џо Бајден издаде нова извршна наредба за конфискација на имот и забрана за влез во САД на лица кои се закана за безбедноста на Западен Балкан. Во важните акти е и Преспанскиот договор а ова ќе важи и за грчките државјани
Oние што работат против Договорот од Преспа и во држави надвор од Западниот Балкан, вклучувајќи ја и Грција, ќе можат да се најдат на црна листа на САД, изјави за „Гласот на Америка“ портпарол на Стејт департментот, одговарајќи на прашањето дали администрацијата на Бајден планира да ги прошири санкциите и кон лица од други држави, конкретно од Грција, која е потписник на Преспанскиот договор, поради што и подлежи на одредени обврски за негова имплементација.
„Извршната наредба 14033 дозволува санкции против оние што ја потценуваат стабилноста на Западниот Балкан, каде и да се наоѓаат, под услов да ги исполнуваат релевантните критериуми за таргетирање“,
изјавил портпарол на Стејт департментот за „Гласот на Америка“.
Наредбата на Бајден за санкции за лицата кои не го почитуваат Преспанскиот договор беше објавена на почетокот на јуни.
Бајден најави санкции и за непочитување на Преспанскиот договор
Во неа се наведени неколку точки меѓу кои и таа која се однесува на непочитување на договорот помеѓу Северна Македонија и Грција од 2018, како и на Охридскиот рамковен договор од 2001 година, на Резолуцијата на Обединетите нации 1244 или на Меѓународниот механизам за кривични судови за поранешна Југославија. Исто така, санкции САД најавија и за лица вмешани во корупција, односно за лица вклучени во активности или политики што ги поткопуваат демократаките
процеси или институции на Западен Балкан, лица вмешани во загрозување на мирот, безбедноста, стабилноста или територијалниот интегритет на која било област или држава во регионот …
На лицата кои ќе се најдат на црната листа ќе им се забрани влез и ќе им е замрзне имотот што го поседуваат во САД.
Во наредбата се наведени повеќе точки за кои лица се однесуваат санкциите, со објаснување дека целиот имот и средства што ги поседуваат во САД не може да бидат пренесени, платени, извезувани, повлечени
Се посочува и на широко распространета корупција во рамки на различните влади и институции на Западен Балкан, што го спречува напредокот кон ефективно и демократско управување и целосна интеграција во трансатлантските институции
Американскиот претседател Џо Бајден издаде нова извршна наредба за конфискација на имот и забрана за влез во САД на лица кои се закана за безбедноста на Западен Балкан.
Со последната одлука на Бајден, се проширува опфатот на санкциите и врз оние лица или ентитети што ги загрозуваат Преспанскиот договор и Охридскиот рамковен договор.
Во соопштението од Белата куќа не се споменуваат имиња, но се наведува дека одлуката е донесена поради состојбата на територијата на поранешна СФРЈ и во Република Албанија, во текот на изминатите две децении, вклучително и поткопување на повоените договори и институции по распадот на поранешната СФРЈ, како и широко распространетата корупција во рамки на различните влади и институции на Западен Балкан, што го спречува напредокот кон ефективно и демократско управување и целосна интеграција во трансатлантските институции и со тоа претставуваат невообичаена и вонредна закана за националната безбедност и надворешната политика на САД.
Во наредбата се наведени повеќе точки за кои лица се однесуваат санкциите, со објаснување дека целиот имот и средства што ги поседуваат во САД не може да бидат пренесени, платени, извезувани, повлечени. Станува збор за лица кои:
– се одговорни или соучесници, директно или индиректно вклучени во активности или политики што ги загрозуваат мирот, безбедноста, стабилноста или територијалниот интегритет на која било област или држава на Западен Балкан;
– се одговорни или соучесници во или директно или индиректно вклучени во активности или политики што ги поткопуваат демократските процеси или институции на Западен Балкан;
– се одговорни или соучесници во или директно или индиректно вклучени во кршење, или дело што го попречува или загрозува спроведувањето, каква било регионална безбедност, мир, соработка или договор или рамка за меѓусебно признавање или механизам за отчетност поврзан со Западен Балкан, вклучувајќи го и Договорот од Преспа од 2018 година, Охридскиот рамковен договор од 2001 година, Резолуцијата на Обединетите нации 1244 или Меѓународниот механизам за кривични судови за поранешна Југославија..
За овие лица се забранува влезот во САД, освен ако државниот секретар или секретарот за домашна безбедност не проценат дека влезот нема да им наштети на интересите на Соединетите Држави. Со наредбата се забрануваат и донации кои може да ги поткопаат безбедноста и демократскиот напредок на поединечните земји и целиот регион.
Со оваа наредба продолжува да важи националната вонредна состојба прогласена на 26 јуни 2001 година.
Со додавањето на Преспанскиот договор и Меѓународниот механизам за кривични судови, САД го модернизираат режимот на санкции, порача американскиот државен секретар
САД се посветени на обезбедување стабилност и безбедност на Западен Балкан, овозможувајќи државите од регионот да го исполнат својот потенцијал како слободни и просперитетни демократии, порача државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, по наредбата за проширување на санкциите за лица и организации од Западен Балкан. Со додавањето на Преспанскиот договор и Меѓународниот механизам за кривични судови, САД го модернизираат режимот на санкции, потенцира Блинкен во писмената изјава.
„Соединетите Држави препознаваат дека корупцијата ја загрозува економската рамноправност, глобалните напори против сиромаштијата и развојот и самата демократија. Корупцијата предизвикува директна штета на надворешната политика, националната безбедност и економското здравје на САД и на нашите сојузници и партнери. Затоа сме решени да промовираме одговорност и да се бориме против неказнивоста на оние што се вклучени во значителна корупција на Западен Балкан и светот“ наведува Блинкен.
Новите извршни наредби овозможуваат санкции за лица кои со своите активности го дестабилизираат регионот и ги поткопуваат демократските институции и владеењето на правото преку кршење на човековите права.