Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПРОПУШТЕНА ПРИЛИКА – НИЗ ЗЕМЈАВА ПОМИНА ВОЗ И ТОА ЕКСЛУЗИВЕН

August 8, 2022 Filed Under: Ревија

Ако немате дилема дали треба да купите нов автомобил, тогаш купете билет за еден од последните и повремени луксузни возови. Еден таков мина низ земјава а ќе се врати на 10 октомври

ЕДЕН МНОГУ ДОЛГ ВОЗ „Дунав експорес“ не го собира во целата должина на перонмите во многу станици

Деновиве дознаваме дека во станицата во Велес пристигнал екслузивниот воз на релација Венеција – Истанбул – Венеција. На станицата останал само 10 минути а бил толку долг што не го собирале на просторот предвиден за застанување на композиции. Истиот не бил забележан од скопските новинари, бидејќи претходно пристигнал на главната станица, каде патниците преноќиле, во вагоните предвидени за списење а следната станица каде патницигте би преспале бил – Солун.

Од рекламите на овој воз на интернет порталите дознаваме дека се работи за екслузивна и повремена релација, која се организира еднаш до два пати годишно а возот кој бил кај нас со 14 „дневни вагони“, плус со  вагон – ресторан и вагони за преспивање се вика „Златен орел – Дунав експрес“ (GOLDEN EAGLE DANUBE EXPRESS). Турите, со друго име, се организират на пругите на Азија, Африка и Северна Америка последните 30 години. Композицијата која минала низ Македонија, со две застанувања ,минува и низ Унгарија, Словенија, Хрватска, Србија, од кај нас оди за Солун а потоа заминува за Софија и Пловдив, за да заврши во Истанбул. Од таму е предвидено врааќање по истата релација а низ земјава возот би минал назад на 10 август. Убаво е да се види истиот од оние кои се близу до пругата – во октомври ќе има „репете“.

ЛУКСУЗЕН ОБЕД За парите кои ги дале патниците обедот секако мора да е нешто специјално!

„„Golden Eagle Danube Express е вашиот луксузен хотел на тркала. Распакувајте се само еднаш и сместете се во вашата добро наместена и удобна кабина додека го започнувате ова животно патување. Вашиот кабински придружник ќе биде при рака да се грижи за сите ваши потреби“, се вели во објавата за ова патување кое во еден правец трае 12 дена..Цената не е мала, се подразбира – престојот во кабини за двајца е 21.500 евра, а за еден е 14.400 евра. За супер делукс кабини за двајца е 18.000 евра, а за еден е 30.000 евра.

Секако дека сите обиди да се одржуваат вакви линии се само своевидна имитација на некогашниот Ориент експрес, познат и од романот на Агата Кристи. Но низ Скопје минуваа по пет експресни возови од правец на Грција, во 69-тите, 70-тите и добар дел од 80-тите. Потоа се се сведе на два воза од Скопје кон Белград, ноќен, со спални вагони, кој рано наутро пристигнуваше на некогашната железничка станица во главниот град на Србија и еден дневен – деловен кој тргнуваше околу 14 часот а стигнуважер на целта околу 22 часот.

ДНЕВЕН БОРАВОК Пaтниците не се затворени по купеата, туку имаат активен општествен живот во текот на денот

Иако државите од Европа имаат обврска да одржуваат меѓународен жлезниќчки сопобраќај, тоа не се правеше долго време од страна на Грција  Едно време патниците од Солун одеа до Гевгелија со автобус (!) па влегуваа во вагони на МЖ а потоа Белград остана без железничка станица во буквална смисла на зборот!

Filed Under: Ревија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet