Документот, изготвен на почетокот на февруари, открива сомнежи за шансите на Киев да успее во планираната контраофанзива, наведувајќи дека проблемите во собирањето и одржувањето на доволна воена моќ може да доведат до „скромен напредок“ во освојувањето територии за време на оваа операција, пишува „Вашингтон пост“.
По објавувањето на тајните документи на Пентагон во февруари, во кои се тврдеше дека Вашингтон ги шпионирал пријателските земји, вклучувајќи ги Јужна Кореја и Израел, САД се обидуваат да ја вратат довербата на своите сојузници. Меѓу другото, овој строго доверлив материјал содржи информации за недостигот на муниција на украинската армија и методите на собирање разузнавачки информации од САД кои се користат против Русија.
Фотографиите од доверливите документи првично се појавија на Discord, апликација за пораки и стриминг. Оттогаш тие кружат на интернет, а во овој строго доверлив материјал, меѓу другото, може да се најдат информации за недостигот на муниција на украинската армија и методите на собирање податоци од американските разузнавачки служби кои се користат против Русија.
Претставници на Пентагон изјавија дека документите се веродостојни. Се уште нема информации кој би можел да биде одговорен за нивното ослободување. Ова може да биде најштетното објавување на информации од страна на американската влада од скандалот со Викиликс во 2013 година.
Какви промени носи пролетта во Украина?
Во „строго доверливите“ документи кои дојдоа до јавноста, се наведува дека во следните неколку недели Украина подготвува неколку нови воени бригади за офанзива. Документите детално го прикажуваат количеството тенкови, оклопни возила и оружје испорачано на Украина од западните сојузници.
Една карта ги прикажува условите на теренот низ источна Украина и се менуваат како што пролетта напредува.
Документот, изготвен на почетокот на февруари, открива сомнежи за шансите на Киев да успее во планираната контраофанзива, наведувајќи дека проблемите во собирањето и одржувањето на доволна воена моќ може да доведат до „скромен напредок“ во освојувањето територии за време на оваа операција, пишува „Вашингтон пост“
Документот, кој датира од 23 март, укажува на присуство на мал број западни специјални сили кои моментално дејствуваат во Украина, без да се прецизираат нивните конкретни задачи.
Владите на западните земји генерално се воздржуваат од коментари за вакви чувствителни прашања, но тоа ја мотивираше Москва, која тврди дека покрај Украина се противат и на НАТО алијансата, да ги провери овие податоци.
Тешкотијата на Киев во зачувувањето на клучните делови од неговиот систем за противвоздушна одбрана беше исто така анализирана со предупредувањето издадено кон крајот на февруари дека украинската војска би можела да остане без многу важни ракети.
Во документите е наведен и бројот на жртвите. Еден од нив открива дека 223.000 руски војници биле убиени или ранети, додека украинските жртви биле 131.000.
Официјални лица во Украина ги отфрлија податоците како погрешни, тврдејќи дека тоа е производ на руска кампања за дезинформација.
Треба помалку да размислуваме за „протекување“ и повеќе за оружје со долг дострел за да ја завршиме војната како што треба“, напиша на Твитер советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак.
Едно од протечените информации што привлече големо внимание е дека Египет планирал тајно да и доставува на Русија проектили и друга муниција, иако се вели дека САД веруваат дека планот никогаш не бил спроведен, пишува Вашингтон пост.
Во извештајот од средината на февруари се наведува дека Египет тајно планира да произведува 40.000 ракети секој месец за руската војска. Египетскиот претседател Абдул Фатах ал Сиси им наредил на официјалните лица да ги чуваат пратките во тајност за „да се избегнат проблеми со Западот“, се додава во извештајот.
Пријавена е и изјавата на функционер, кој тврди дека „ќе им нареди на своите луѓе да работат во смени, доколку е потребно и дека тоа е најмалку што може да направи Египет за да и се оддолжи на Русија за претходната помош“.
Ројтерс во јануари објави дека увозот на пченица од Русија во Египет се зголемил во текот на 2022 година, алудирајќи на единственото можно објаснување.
Неименуван функционер, цитиран од египетските телевизиски станици, ги опиша тврдењата во документите како „крајно неосновани“ и додаде дека Каиро не зазел страна во војната.
Кремљ ги опиша наводите како „уште една лажна вест“.
Јужна Кореја на две столчиња
Еден од документите што ги виделе новинарите на Би-Би-Си открива дека Сеул е загрижен дека артилериските гранати насочени кон САД би можеле да го најдат патот до Украина.
Можноста дека јужнокорејското оружје може да го користи Украина би била длабоко проблематична за нивниот претседател Јун Сук-Јол, бидејќи тоа би ја прекршило долгогодишната политика на земјата, поддржана од повеќето гласачи, да не се извезува оружје во земјите во војна.
Еден од советниците предложи оружјето да се испрати во Полска за да не се остави впечаток дека и е дадено на Америка.
Како дел од минатогодишниот договор за нова рунда на вооружување на Украина, Сеул инсистираше Америка да не му пренесува оружје на Киев. Во Јужна Кореја се двоумеле да и помогнат на Украина од страв да не ги налутат Русите.
Протекувањето на документите предизвика загриженост за безбедноста во Сеул, при што опозициските политичари се прашуваат како Американците успеале да добијат пристап до такви комуникации на високо ниво.
Врвот на ледениот брег
Аналитичарите ширум светот сугерираат дека протекувањето на повеќе од 100 високо доверливи американски документи за одбрана може да биде само „врвот на ледениот брег“, предупредувајќи дека САД може да очекуваат влошување на нивниот углед и слабеење на односите со сојузниците.
Американските власти тврдат дека индициите оставени на интернет можат да им помогнат на истражителите релативно брзо да ја намалат листата на можни осомничени.
Одговорите на многу прашања зависат од насоката на понатамошната истрага, не само кој ги зел документите и ги ставил на Интернет, каква штета предизвикала објавувањето на материјалот, туку и каква намера се крие зад се.
И истрагата можеби го откри виновникот – тоа е гардистот Тешеира на националната воздухопловна гарда на Масачусетс, кој е обвинет за протекување на високо доверливи воени документи се појави пред судот во петокот.
Меѓу откритијата се: дека платформата Дискорд дала информации кои помогнале да ФБИ да дојде до Џек Тешеира и дека Тешеира го користел својот владин компјутер во пребарување на зборот „протекување“ на денот минатата недела кога медиумите открија дека доверливи документи биле неправилно обелоденети.
Претседателот Џо Бајден рече дека владата работи на утврдување на „валидноста“ на објавените документи. Во меѓувреме, тој во изјавата од Белата куќа рече: „Ја упатив нашата војска и разузнавачка заедница да преземе чекори за понатамошно обезбедување и ограничување на дистрибуцијата на чувствителни информации, а нашиот тим за национална безбедност тесно се координира со нашите партнери и сојузници“.
Одделот за правда соопшти дека истрагата продолжува, а Пентагон, кој претходно оваа недела го нарече сериозно нарушување на националната безбедност, рече дека ќе спроведе сопствен преглед на пристапот до чувствителните разузнавачки информации за да спречи слично протекување во иднина.
Тешеира се појави пред федералниот суд во Бостон за да се соочи со обвиненијата со кој се терети, според Законот за шпионажа, за неовластено задржување и пренесување на доверливи информации за националната одбрана. Тој не кажал ништо пред судот, но федералниот судија му наредил затвор до сослушувањето за притвор следната недела.
Појавувањето на судот дојде помалку од 24 часа откако Тешеира беше уапсен од тактичките агенти во четвртокот по еднонеделната кривична истрага за откривањето на владините досиеја, прекршување што на светот му ги изложи тајните проценки за војната во Украина, способностите и геополитичките интереси на другите народи и други прашања од националната безбедност.