И во Северна Македонија и во Бугарија има и воски свештеници кои се под руско влијание. Работите дојдоа тажен резултат за двете цркви. Затоа што, замислете бугарско-македонското црковно зближување, ако тоа од денес ќе имаше попозитивно влијание врз билатералните полиртички односи, смета историчарот Горан Благоев
Според бугарскиот историчар и публицист Горан Благоев, неодамна протераниот руски свештеник, архимандритот Васијан (Змеев) прво од Македонија, а потоа и од Бугарија каде 5 години живеел и работел, имал удел во заострувањето на односите меѓу православните цркви на Бугарија и Северна Македонија и долгогодишното непризнавање на МПЦ-ОА како автокефална православна црква.
Во однос на резултатите од работата на Руската православна црква во Бугарија и во Северна Македонија по 2018 година, Горан Благоев за Радио Слободна Европа на бугарски јазик дава пример дека во истата година црквите во двете земји се блиску до заеднички прославување на 1000 години Охридска архиепископија, но тоа не се случи.По потпишувањето на договорот за добрососедство и пријателство меѓу Бугарија и Северна Македонија во 2017 година, односите меѓу двете цркви се затоплуваат.
– Во ноември 2017 година Дветиот синод на МПЦ упати официјално
писмо до бугарската патријаршија , во кео изразува подготвеност да ја признае Бугарската православна црква (БПЦ), да ја признае како мајка црква доколку таа се залага за надминување на расколот и признавање на нејзината афтокефалност . Македонската црква прогласи независност во 1967 година и под раскол и не е призната од другите правиославни цркви. Тоа можеше да се смени во 2018 година, кога БПЦ изрази мнаклонетост и поддршка за каузата за укинување на расколот и подготвеност да помогне во поставување на македонското црковно прашање за нгово решавање во канионски ред. Но БПЏ се премисли по посетата на рускиот патријарх К на Бугариоја за време на државниот празник 3 март 2018 година. Четири дена подоцна подоцна стигна и Васуијан во Софија, вели Благоев..
Тој тврди дека официјално ништо не било решено за македонското прашање, иако целата јавност очекувала да го слушне рускиот став.
– Излезе со теза дека на оваа тема не се разговарало, се присетува Благоев на настаните, но според него, всушност последиците од тоа биле очевидни за натамошниот развој на бугарско-македонските контакти.
Според Благоев, „првично почнале во 2017 година со таков оптимистички потег“, па следната година односите почнале да стивнуваат, за да стигнат до 2019 година, кога „бугарската црква очигледно се откажала од секакви активности“ на оваа тема. Горан Благоев истакна дека Руската црква има свое присуство и во Бугарија и во Северна Македонија.
Таму има и воски свештеници кои се под руско влијание. Работите дојдоа тажен резултат за двете цркви. Затоа што, замислете бугарско-македонското црковно зближување, ако тоа од денес ќе имаше попозитивно влијание врз билатералните полиртички односи, додава тој.
И бугарскиот професор и теолог Калин Јанакиев смета дека причините за протерувањето на Васијан од Северна Македонија јасно покажуваат дека тој се обидувал да го спречи признавањето на Македонската црква, да придонесе за постојан раскол во неа, што влијаело на меѓуцрковните односи на двете земји.
Според неговите зборови, „некако срамен знак за нашите служби е тоа што се чини дека не биле свесни за неговите активности“, па го открија и санкционираа прво во Скопје. Инаку, на 24 мај 2022 година СПЦ ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА, но останува Вселенската патријаршија да го признае автокефален статус на МПЦ, откако претходно на 9 мај таа година Светиот Синод на Вселенската Патријаршија донесе одлука да ја признае како Охридска Архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ.
Незавршениот процес на признавање остава простор за руско влијание во оваа проблематика, а според анализите на бугарските медиуми, токму протераниот архимандрит имал голема улога во тоа.
Кој е протераниот руски архимандрит Васијан?
Според неговата биографија Васијан е член на Одделот за меѓуцрковни односи на Руската патријаршија, неофицијалното Министерство за надворешни работи на институцијата и всушност го претставува рускиот патријарх Кирил (Гундијаев) во Софија.Руските и светските медиуми објавија дека Кирил бил агент на КГБ три децении пред да стане руски патријарх, а се верува дека сè уште е, а службата сега се нарекува Федерална служба за безбедност (ФСБ) .
Практиката на ФСБ да користи црковни службеници како покритие е доказ, покрај случајот Васијан, и со фактот дека Федералното истражно биро на САД моментално го истражува Дмитриј Петровски , вработен во истиот оддел за надворешни црковни односи на Московската патријаршија – под сомнение дека работел за руско разузнавање.
Според бугарските служби, Васјан е протеран од Бугарија бидејќи постоеле податоци за дејствија „поврзани со имплементација на различни елементи од хибридната стратегија на Руската Федерација за намерно влијание врз општествено-политичките процеси во Република Бугарија во корист на руските геополитички интереси“.
Минатата недела МНР на Северна Македонија за персона нон грата прогласи тројца дипломати од руската амбасада во Скопје. МНР не даде официјално образложение за овој потег, а бугарската страна се најде затечена од протерувањето на рускиот свештеник кој со години работел во руската црква во Софија и имал адреса во бугарската престолнина. Претседателот Стево Пендаровски во интервју за Гласот на Америка, вели дека сите протерани руски дипломати од Македонија излегувале надвор од статусот што им бил доделен при доаѓањето и тоа е докажано до последната буква. Иако биле со статус дипломати, тие се занимавале со шпионажа, а според Пендаровски тоа го докажале и македонските безбедносни служби и партнерските служби од НАТО. Тој не го спомена протерувањето на рускиот свештеник, како и МНР претходно.
Треба ли да има одговорност од бугарската безбедносна служба за рускиот свештеник – шпион? Не стивнуваат реакциите и барањата за оставка на Пламен Тончев, првиот човек на бугарската разузнавачка служба ДАНС (Државна агенција за национална безбедност) бидејќи свешетникот дејствувал од 2018 година и ДАНС не презеле навремена акција. Сомневањата дека руската црква ровари во Софија датираат од 2012 година. Вчера сомневања во работата на директорот на ДАНС изрази и Асен Василев, копретседател на партијата „Продолжуваме со промените“. Тој потврди дека иформациите за руски агенти дошле и од партнерските служби.
Асен Василев ќе бара вонредно сослушување на ДАНС (Државната агенција за национална безбедност. Бугарските социјалисти, што важат за пробугарска партија смета дека протерувањето на рускиот свештеник е направено со перитисок од надвор.
„Ако свештениците навистина биле шпиони, наредбата во Бугарија е тие да бидат притворени, истражени и судени, бидејќи немаат дипломатски статус за да бидат протерани“ објаснува социјалистката Нинова.
Остри реакции се појавија и по најавата за затворањето на Руската црква во Софија, но експертите коментираат дека бугарските власти немаат никаква врска со тоа. „Сите имавме впечаток дека амбасадорката на Русија во земјава – Елеонораа Митрофанова ќе го затвори рускиот храм и дека Москва ќе одучува за судбината на таа црква. Но и таа е свесна дека таа црква дејствува спротивно на многу прописи, Утавот на пример или Законот за религии – објаснува бугарскиот теолог д-р Костадин Нушев.