Кандидатот за градоначалник на Вучиќ, Александар Шапиќ, би го избркал Тито од Белград. Уште еднаш покажа дека покрај се’ останато не му е силна страна ниту гледањето на пошироката слика
Александар Шапиќ повторно се кандидира за градоначалник на Белград, па доколку победи најави дека ќе покрене иницијатива за преместување на посмртните останки на Јосип Броз Тито во Кумровец. Одлично е што си ја отвори душата и навремено не само што уште еднаш го покажа степенот на неспособноста да свати некои работи, туку и ја потврди својата политичка позиција.
Јасно е дека спомениците претставуваат симболи. Иако посмртните останки ќе изгниеат под блок мермер колку и под набрзина собран крст, надгробните плочи и погребните места можат да пренесат одредена порака.
А Тито за целиот свет, за Истокот и за Западот, пред се беше симбол на борбата против фашизмот. Кој и да се приклучи во редовите на оние кои се противат на борбата против Хитлер, Мусолини, Хорти, Павелиќ или Љотиќ и нивните сојузници, тој се приклучува на редовите на борците против антифашистите. Што може да биде борец против антифашизмот? Фашист? Неофашист?
Што би сакал да постигне Шапиќ со оваа ексхумација? Да се изврши егзорцизам на Дедиња, да се запали Белград, да се избрка комунистичкиот вампир? Неговата идеја е приближно на тоа ниво, јасна како и многу други.
Сведочам дека во целиот свет за Србите пред се’ се мислело кога за Југославија се зборувало позитивно и со доза на восхит и по Првата светска војна, а особено по Втората светска војна. Не беше фер, Словенците, Хрватите, Црногорците, Македонците и другите народи и подоцна националности кои учествуваа во војните или во кралството или на социјалистичка Југославија беа запоставени, но така беше. Повеќето партизански борци под команда на Тито биле Срби.
Ѓорѓе Петровиќ, кој го нарекуваа Црни (се мисли на Караѓорѓе – н.з.) во предминатиот век век доброволно се пријавил во австриската војска, одлично се претставил и набрзо бил унапреден во чин капар, а потоа во уште повисок чин – гардист. Воените вештини и искуство што ги стекнал во војувањето ги искористил за да го предводи Првото српско востание.
Јосип Броз во минатиот век не се пријавил во австриската војска, туку бил мобилизиран како државјанин на тогашна Австро-Унгарија, а бидејќи бил одличен мечувалец, на еден натпревар освоил сребрен медал, победувајќи многу офицери и бил унапреден во каплар. Воените вештини и искуство што го стекна ги искористи за да ја води Народноослободителната борба во Втората светска војна.
Милош Црњански, несомнено значаен српски патриот, бил офицер во австроунгарската армија и ја делел судбината на Србите кои случајно биле државјани на таа земја.
Куќата на цвеќето, каде што беше погребан Јосип Броз, затоа е симбол на величествената победа и на српските борци против најголемото зло што му се закануваше на човештвото во минатиот век.
Обожавателите на борбата на Тито, идејата за самоуправување и неврзување, ќе останат такви дури и ако не можат да ја посетат Куќата на цвеќето на Дедиње како негов гроб. Не знам дали би брзале во Кумровец, но зошто да не? Не е важно.
За нас е важно кој ќе биде следниот градоначалник на Белград. Според мене, главниот град на Србија не заслужил да биде на чело некој што ги застапува ставовите на Александар Шапиќ.
И, исто така, би сакал да знам дали станува збор за некој негов набрзина и непромислено изнесен бисер на идеи или е и ставот на Српската напредна странка, чиј потпретседател е тој.