Метеж и групирање на протестите на опозицијата организирани како поддршка на насилството во парламентот од 27 април, 2017 година, со целосно отфрлање на основните постулати на државната политика и враќање во ровивте од пред пет години. Критики кај довчерашните сопартијци – ВМРО ДПМНЕ не ниту демократска, а сега ни христијанска партија!
Сериозните аналитичари во понеделникот, ден после протестот на ВМРО ДПМНЕ јасно воочија дека оваа партија од демохриастијанска (декларирана) се претвори во носител на крајно десни промисли кои немаат врска со било каква одредница „демократски“. Дали е тоа само обид да се зголеми бројноста на протестите, бидејќи некој некаде им рекол на раководителите на партијата дека мора да го вратат стариот лепак за да привлечат поранешни „муштерии“, најчесто од редот на лумпен пролетеријатот. Одзивот одново не беше ниту малку импресивен, иако во оние утрински тв плукалници во понеделникот имаше обиди од хроничните држачи на телефонски слушалки да тврдат во б ројните Хајд парк емисии дека имало 30,40 и се лицитираше за околу 80 илјади присутни протестанти. Јасно, може да се лицитира дали беа илјада или некоја стотина повеќе, но поважно е што и не беа многу бидејжи и вака тоа е сериозен кластер за идни заболувања.
Медиумните, пораснати под шинелот на Груевски, некои со јасни врски со Орбан и Јанша, за два пратнеика во скафандер во Парламентот направија повеќе десеттина специјални емисии и кој знае колку други прилози, но сега можете на прсти да изброите колку од нив ја отворија темата за санитарната страна на протест кој ни малку не се совпаѓа со епидемиолошката ситуација во земјата!
Фотографиите кои се појавуваат на медиумите и социјалните мрежи покажуваат дека демонстрантите на опозицијата едноставно не ги почитуваат здравствените протоколи за заштита на јавното здравје. Видливи беа големи групирања, многумина не носат заштитни маски, не се почитуваа мерката за дистанца… Па така, ВМРО ДПМНЕ, која постојано критикува дека владините мерки за заштита од корона вирусот не се ефикасни, дека не се навремени, во континуитет ги крши протоколите и придонесува за ширење на Ковид-19. Истото се случуваше на протестите на опозицијата пред Министерството за здравство, а на 25 април уште повидливо демонстрантите се однесуваа како воопшто да нема пандемија. Впрочем ставовите кои доаѓаат од Палачинката и онака наликуваат на вртелешка на која истите по исти прашање се менуваат секој час.
Впрочем, од онаа прокламација со која оваа партија си се нарекува демохристијанска, не само што отпадна она „демократска“, туку, според членовите на самата партија, сегашни и некогашни, ја нема и онаа „христијанска“..
„Пандемијата не му пречеше вчера да повика на протест во поддршка на обвинетите и осудените за терористичкиот напар во Собранието на 27 Април 2017 година. Денеска вурусот не го спречи да ги собира граѓаните во толпа, а и тој самиот да влезе среде нив и да се слика. Оваа не е прв пат, ВМРО-ДПМНЕ и нивниот претседател, Христијан Мицкоски да излезат против нивните ставови и да се демаскираат јавно. Само помрачени умови болни за власт, организираат протести на ваков ден како Цветници“, вака лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески го коментира протестот пред Владата. „Денес е Цветници. Секој христијанин прославува низ молитва и причест воскресение Лазарово, најголемото чудо на Господа и влез негов во Светиот град! Само помрачени умови болни за власт, злоставуваат народ на ваков Божји ден, за да го спасат бегалецот од апсење! Срам! Срам! Срам!“, објави Богојески. Очевидно овој политички лидер почувствува дека МИцковски му отвори широк простор на дејствување врз гласдачите, чувствителни кон религиските манири.
Она што друго беше воочливо е фактот дека лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и пратеникот Александар Николовски се фотографираа под транспарентот кој повикува на слобода за Игор Југ, еден од осудените на затвор за упадот во Парламентот. Тој инаку стана централна фигура на упадот во Парламентот од пред четири годин и како човекот кој носел оружје за време на инцидентите, лесно можел некој да настрада. Дополнително, за него Јавното обвинителство имаше обезбедено материјални докази за учевство во насилството и обидот за ликвидација на пратеници. Неговата пресуда од 11 години беше потврдена и од Апелацискиот суд.
Така раководството на ВМРО ДПМНЕ покажува солидарност кон Игор Југ со што испраќа порака дека го штити криминалот и застанува во одбрана на насилството, на загрозувањето на уставниот поредок, на државноста и на животот на пратениците и новинарите. Тогаш, да се потсетиме, по враќањето од егзилот во Виена, Груевски фрлаше дрва и камења врз оние кои ги кршат законите и делуваат против основните правила на демократијата (во говорот во три наутро на скопскиот аеродром) ама денес се’ се менугва, особено со последното отворање на картите на Мицковски, па и на Груевски, со неговиот последен ферман од Будим.
Има и такви кои ценат дека по доаѓањето на вакцините во поголем број и со регионалното вакцинирање се слабее реторилчката офанзива против Филипче, една од основните задачи на вмроовските портпароли. Со таа мисла тие легнуваат и стануваат од постела. Можеби има вистина во оној третман на овој настан, во кој се вели дека можеби се оди кон намерно поставување на кластер од кој одново ќе се влоши статистиката со пандмеијата.
Мицковски велеше дека состојбата е лоша и партијата практично даде налог да не се примаат попишувачите дома! Во исто време создаде толпа во која голем број присутни не носеа маски и не држеа растојание. Тој самиот ги менува ставовите по сите прашања што е типичен начин да се гледаат работите надвор од секоја идеологија. Нема идеологија – има само демагогија, една желатинска маса која се лепи на сликите од секојдневието.