Мала група сограѓани минатата недела протестираше пред амбасадата на Украина со класична замена на тези – жртвата на агресијата од страна на „поголемиот брат“ да се прогласи за оправдана цел и сето тоа да биде завиено во некаква измислена идеолошка обланда

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Има ли оправдување за анексијата на дел од една суверена земја како што се случи со практично окупацијата на полуостровот Керим од страна на Путинова Русија? Има ли оправдување за поддршката за постоење на паравоени единици во дел на една суверена земја како што е Донбас, каде државата Украина подолго време нема суверена власт?
Ако ја прашате онаа мала група граѓани кои протестираа пред зградата на амбасадата на Република Украина во Скопје тие секако ќе најдат оправдување. Собирот под наслов „Против глорификацијата на нацизмот во Украина“ се обиде да привлече внимание со еден говор и неколку пароли, очевидно изработени на едно место и до грижливо одбрани „содржини“.
Покрај името на протестот која стоеше на една од тие пароли – „Против
глорификацијата на нацизмот во Украина“, стоеше и она „Против праќањето на нашите деца да војуваат за вас“, па и она „Борете се сами против Русија“ и „Нацистите немаат место во ЕУ“.
Што зборуваат фактите, оние најобилчните и разбирливи и за мали деца? Па дека во 2014 година Русија војнички и административно ја зазеде територијата на полуостровот Крим, што беше составен дел на Украина. Имаше ли некаква идеолошка обланда во тој чин? Не, едноставно користејќи ја својата огромна воена надмоќ, клештите na руската армија се затворија над полуостровот. Имаше меѓународни реакции а оправдувањето беше во тоа дека некогашниот советски лидер Никита Хрушчов (Украинец по народност) ја „подарил“ на Украина, па тие „сега си ја враќаат“. Историјата кажува дека Крим бил населен со население од татарско потекло, кои после Втората светска војан се раселени по Сибир.

Нема никакво оправдување, макар и вака провизорно кога се работи за практично отцепениот дел од Киев (Донбас) само затоа што таму живеат Руси кои сакаатн да се припојат со „матицата“. Во април ќе се наполнат осум години откако на еден голем дел од Украина се стационирани меѓу 9.000 у 12.000 регуларни воници на Русија, потоа меѓу 3.00 и 4.000 руски доброволци и локални жители под оружје кои се спротивставуваат на украинските власти и ги има меѓу 40 и 45 илјади. Тоа е огромна војска и практично со неа се „оверува“ окупација на територија на суверена држава. Во пресметките на украинска страна загинале над 4.700 војници а ранети се 10.000 војници, додека на спротивната страна (сепаратистите) имало над 4.700 убиени и меѓу 12.700 и 13.700 ранети. Дури 1,4 милиони Украинци побегнале во слободниот дел на државата а близу еден милион заминале надвор од границите на својата татковина! За уништените домови, разорена економија и другите штети да не говориме! (https://en.wikipedia.org/wiki/War_in_Donbas)
Нема никакво алиби со кое ќе се оправда стореното во конфликтот. Посебно што до сега видените воени дејствија Русија секој час може да ги продолжи во поголем обем и тоа до толку што може едноставно да ја збрише од картата својата наводно братска земја.
И од паролите на онаа ситна група наши граѓани пред украинската амбасада во Скопје очевидно е дека постои прибегнување кон нешто што е анахроно само по себе. Споменувањето на фшизмот денес и неговото врзување за имињата на народните предавници Степан Бандера и Роман Шухчевич, кои се бореле на страна на нацистите во Втората светска војна е просто идиотски. Има голем број предавници кај секој народ во време на Втората светска војна! Зарем некој треба да ја нападне Норвешка заради тоа што таму живеел познатиот Квинслинг? Или да ја нападне Србија заради Дража Михајлопвиќ и Милан Недиќ, познати предавници и колаборационисти со нацаисите.? Да не говориме за постоењето на НДХ со Анте Павелиќ на чело… Но хрватскиот народ поднесе големи жртв во антифашистичката борба (само во Сплит и околината загинале во редовите на партизаните 40 илјади борци!). Ова го споменуваме заради фактот дека и народот на Украина дал огромни жртви во Втората светска војна (постоела општа мобилизација), земјата е комплетно опожарена и уништена, бидејќи токму на нејзина територија се водени крвавите борби од 1941 – 1944 година! Во Татковинската војна постоеле пет украински фронтови (со редни броеви 1,2,3….) а вкупните загуби се проценуваат на 22 милиони лица. Јасное е дека сразмерно на населението, просторот и воените активности бројот на загуинатите Украинци во антифашистичката борба е огромен.

Оттаму, обвинението на говорникот Владимир Трајковски е конструкција која навредува пријателски народ и тука има место и за јавниот обвинител. Настрана што овој говорник прави и голем временски скок и тоа воопштување од пред 80 години го пренесува и денес, без да даде никаков доказ за „фаашизмот“ кој би заслужил актуелен третман. Уште е понеразумно да се говори за државна политика на „глорификација на фашизмот“! Тоа ли треба да биде покритие за Русија со својата воена машинерија да ја нападне и заземе (или попрецизно – додазезе) Украина? Можеби одговор даваат и самите учесници во протестот кои, како што се гледа на фотографиите ги кријат своите лица пред камерите на присутните медиуми? Ако имаат чист образ нека го покажат јавно!
Постарите читатели, да го додадеме и ова, секако во оваа мала и во основа безначајна група, секако гледаат и репрезенти на т.н. теорија на ограничен суверенитет, која настана во време на ладната војна во СССР и која служеше како изговор за влез на тенковите во Унгарија (1956) или Чехословачка (1948 г.) – и денес руското раководство сонува за тие времиња кога воената моќ не ги познава само сопствените државни граници. И жителите на некогашна Југославија со децении ја чувствуваа сенката на таа теорија во своето секојдневие.