БОРЈАН ЈОВАНОВСКИ
Неодамна имавме ситуација кога при една пар ексаланс манифестација на демократска култура на министерот Димитров. кој од екранот на Сител одговараше во живо на сите граѓани околу сите дилеми поврзани со Преспанскиот договор, универзитетската професорка Тања Каракамишева се обиде свесно да го манипулира јавното мислење, правејќи конструкција за да го дискредитира министерот Димитров
Во отсуство на аргументи, а за лични интереси, главните протагонисти на кампањата #бојкотирам од “интелектуална елита”, во јавноста се почесто истапуваат со манипулации и ширење на лажни вести кои сами по себе ја контаминираат јавната расправа која во случајот е повеќе од нужна, имајќи ги предвид историските димензии на одлуката која треба да ја донесат граѓаните на Македонија.
Ваквото компромитирање на веќе ископромитираната “елита” сместена удобно во универзитетските кабинети, дополнително придонесува за дискредитацијата на високообразовните установи, особено УКИМ, кој не успеа да се пласира на Шангајската листа, со што го интензивира започнатото одвраќање на талентираните ученици и нивно испраќање како капацитети надвор од границите на државата.
Неодамна имавме ситуација кога при една пар ексаланс манифестација на демократска култура на министерот Димитров. кој од екранот на Сител одговараше во живо на сите граѓани околу сите дилеми поврзани со Преспанскиот договор, универзитетската професорка Тања Каракамишева се обиде свесно да го манипулира јавното мислење, правејќи конструкција за да го дискредитира министерот Димитров. Имено, Каракамишева преку социјалните мрежи се обиде да го исмее Димитров соопштувајќи дека тој наводни изјавил дека “ неговата патриотска должност било да го смени името од Република Македонија во Република Северна Македонија”.
Како аргумент за овој нејзин пост на социјалните мрежи Каракамишева приложува линк од весникот Република познат како дистрибутер на лажни вести, инаку основан од фирма во Белизе.
Во обид да и укажам на професорката дека шири лажна вест што е крајно недолично за една универзитетска професорка, на Каракамишева и приложив видео запис од кој многу јасно се слуша и гледа што министерот кажува, а што е сосема поинаку од она што професорката го тврди.
Како одговор добив неколку навреди и Ад Хоминем интервенции, повторно вон етичките рамки, не само на академската титула со која располага, туку и вон рамките на елементарно домашно воспитување.
На моето инсистирање да се изјасни околу вистинитоста на нејзиниот пост и повикувајќи ја на јавна дебата на темата, Каракамишева одговори блокирајќи ме од расправата и пристапот до нејзината твитер сметка.
Каракамишева на ФБ отвори нова страница со наслов “Почитувај ја Македонија” и таму споделува запис од лажен твитер профил “Јана на Ники малата” на која се злоупотребува фотографијата на 19 годишната ќерка на министерот Димитров.
)Нова)