Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПРОФЕСОРОТ ШКАРИЌ СО ЛЕКЦИИ ЗА СТУДЕНТОТ АПАСИЕВ (2)

August 4, 2021 Filed Under: Фељтон

Македонскиот парламент дожовеа три циклуси на блоккади. Последната е од периодот 2019 – 2021. Практичлно таа се уште трае

ЛЕКЦИИ Авторитетот на проф.Шкариќ е несомнен

Втората блокада е поврзана со донесување на Законот за бранителите предложен од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во 2013 г. Законот е блокиран од страна на координаторот на пратеничката група на ДУИ со поднесување илјадници амандмани, поради тоа што со предлог-законот не беа опфатени припадниците на ОНА. По десет дена долги говори, читање поезија, молчење на седниците на матичното тело, блокадата успеа да го запре донесувањето на предложениот закон. На овој случај се повикува денешната опозиција, со образложение дека тоа што го прави таа во изминатите две години не е непознато. Го прави тоа што сегашниот претседател на Собранието го сторил порано. Притоа, забораваат дека поранешниот пратеник сега е претседател на Собранието и дека сега, како претседател, има поголема обврска да го штити Уставот и достоинството на Собранието отколку во 2013.

Третата блокада е во тек, со опфат на времето од 2019 до 2021. Оваа блокада тангира над дваесетина закони од областа на здравството, социјалната заштита, даночната политика, јавните финансии, армијата, полицијата, личните документи, прометот на експлозивни материи, следење на комуникациите, складирање и заштита од запаливи течности и гасови, производство и промет на воени стоки, фондот за осигурување депозити, урбанистичкото планирање и користењето претпристапна помош од ЕУ (ИПА). Блокирани се широки области од законодавната дејност на Собранието. Со таков опфат, намерата е Собранието да се претвори во виртуелен орган, изложен на потсмев и срам.

ЗАПИРАЊЕ НА БЛОКАДАТА Блокадата треба итно да се запре од страна на парламентарното мнозинство и од претседателот на Собранието. На тоа ги обврзува Уставот, како повисок правен акт од Деловникот на Собранието. Секој е должен да го почитува Уставот и сите други прописи мора да бидат во согласност со Уставот. А Деловникот на Собранието е пропис и тој мора да биде во функција на Уставот. Деловникот не е цел за себе, туку средство за остварување на целите на Уставот.

Рамнодушниот однос на парламентарното мнозинство кон големиот број амандмани значи негово помирување со блокадата на законодавниот дом, односно согласување Собранието да постои без можност да ја врши законодавната дејност. Недозволиво е молчешкум да толерира нешто што не смее да го толерира – Собранието да биде експроприрано од страна на малцинството. Треба да ги отфрли „празните“ и „мајтап“ амандмани – смешни и за нивните подносители.

ПОСЕБНИ О БВРСКИ ЗА СПИКЕРОТ Предводник на борбата против злоупотреба на правото на поднесување амандмани треба да биде претседателот на Собранието. Врз основа на мислењето на стручните служби, тој има право да изгради свое мислење за прифатливоста на предложените амандмани. Има право и да ги отфрли оние што немаат образложение, потпис на предлагачот или оние со технички грешки. Затоа амандманите му се доставуваат нему, а не на некој друг. Тој има право да ги „појаснува“ (толкува) амандманите. Тоа право му го дава Деловникот на Собранието (чл. 60).

Претседателот треба да преземе и друг чекор што научната јавност од него го очекува подолго време. По судски пат треба да побара надоместок на штетата од оние актери кои со неразумни амандмани енормно го оштетуваат државниот буџет. Таквиот чекор би ги освестил несовесните подносители на амандманите, а Собранието би се претставило во очите на јавноста како одговорен орган., што води сметка за јавните финансии. Пошироката јавност тоа би го поздравила на ист начин како што Европскиот парламент, на 28 јуни 2021, на Самитот на спикери „ЕП-ЗБ“ во Брисел ја поздрави улогата на Собранието во интеграцијата на Западниот Балкан во ЕУ („role model“).

Професорите по Римско право – автори на „мајтап“ амандманите треба да побараат извинување од своите студенти за исмевање на правната техника во законодавниот дом. Да постапат на истиот начин и со истата цел како што постапил Хорациј по победата над Браќата Курјак од Алба (Curiaces). Хорациј од Јупитер, за победата над Браќата, не побарал награда, туку духовно прочистување, односно лустрација (lustrum).

 

Filed Under: Фељтон

КOГА ЈАГНИНАТА ЌЕ СТИВНАТ, ВОЛЦИТЕ ПОБЕДИЛЕ
ФРЧКОСКИ: ВТОРИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ Е ПОДОБАР ОД ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА ВО 2019 ГОДИНА
БЕЗ НИВ СЕ’ ЌЕ СЕ СРУШИ: БРИТАНИЈА И МИГРАНТИТЕ
MАЛА ФОРМА, ГОЛЕМА ПРЕТСТАВА: БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ ЗА МОЌТА НА МОНОДРАМАТА И СИЛАТА НА ЕДЕН АКТЕР
ЗОШТО СИТЕ ПУКААТ ПО ПП-ДБ?

Најново

  • КOГА ЈАГНИНАТА ЌЕ СТИВНАТ, ВОЛЦИТЕ ПОБЕДИЛЕ
  • ФРЧКОСКИ: ВТОРИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ Е ПОДОБАР ОД ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА ВО 2019 ГОДИНА
  • БЕЗ НИВ СЕ’ ЌЕ СЕ СРУШИ: БРИТАНИЈА И МИГРАНТИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet