Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПРОФЕСОР ШКАРИЌ: ПАНДЕМИЈАТА Е ПОВАЖНА ОД УСТАВОТ

October 13, 2020 Filed Under: Македонија

Во Лондон не смеат повеќе од шестмина на улица да се движат. Ни правото ни уставот не можат во вакви вонредни услови да имаат никакво значење

УСТАВ Професорот ги храбри колебливците во однос на „светоста на станот“

Универзитетскиот професор по уставно право доктор Светомир Шкариќ, оценува дека предлогот на Комисијата за заразни болести во домовите да не може да се собираат повеќе од четворица гости е оправдан и дека во услови на пандемија примарно е јавното здравје, а на Уставот треба да се размислува откако државата ќе успее да се справи со кризата која е и глобална.

-Што е Уставот во однос на пандемија? Во Лондон не смеат повеќе од шестмина на улица да се движат. Ни правото ни уставот не можат во вакви вонредни услови да имаат никакво значење. Моне вели дка нужноста ја создава Европа, а не нечија желба. И сега кај нас има нужност. Правото сега треба да молчи. Ние имаме нова околност, загрозување на целата нација. Ако една Америка не може да излезе на крај, што останува за малите народи, ќе исчезнеме како ништо ако не постојат светските усилби да се дојде до вакцината. Ситно е да го толкуваме Уставот сега во вакви услови. Треба да се обединиме и многу проблеми да решаваме без правни средства. Да се види како да се спасиме и да ги почитуваме мерките, изјави Шкариќ за ,,Слободен печат”.

Професорот смета и дека конкретната мерка со која во домовите се предлага освен оние што живеат на истата адреса да не смеат да присуствуваат повеќе од четворица, не се однесува на неповредливоста на домот, туку како што вели, на ограничување на правото на слобода на движење.

-Се е тоа ограничување на слободата на движење и во домот дури. Најчувствителни на такви ограничувања беа британците, а сега мора да го трпат тоа. Ни во паб можат да одат. Во прашање е повисокото добро, животот, и тоа не само на еден човек, туку опасноста што нечие однесување може да биде за другите животи, смета Шкариќ.

Filed Under: Македонија

БРИТАНИЈА ПРЕПЛАВЕНА СО НАЦИОНАЛНИ ЗНАМИЊА
ПОРАНЕШЕН ЈУГО-ПАЗАР НА ТРУДОТ: УСЛОВИ, ВРАБОТЕНОСТ, ПЛАТИ….
КАЛАЈЏИЕВ ЗА ТРИЛИНГ: ВЛАСТА НЕМА ИНТЕРЕС ДА ОБЗНАНИ КОИ КОМУНИКАЦИИ СЕ СЛЕДЕНИ КАЈ МИЦКОВСКИ
ОРБАН СО КОМПЛИКУВАН ИЗБОРЕН СИСТЕМ ПРОТИВ УНГАРЦИТЕ
АЛШАР КАКО РУДНИК ОД КАДЕ СЕ ГЛЕДА СОНЦЕТО

Најново

  • БРИТАНИЈА ПРЕПЛАВЕНА СО НАЦИОНАЛНИ ЗНАМИЊА
  • ПОРАНЕШЕН ЈУГО-ПАЗАР НА ТРУДОТ: УСЛОВИ, ВРАБОТЕНОСТ, ПЛАТИ….
  • КАЛАЈЏИЕВ ЗА ТРИЛИНГ: ВЛАСТА НЕМА ИНТЕРЕС ДА ОБЗНАНИ КОИ КОМУНИКАЦИИ СЕ СЛЕДЕНИ КАЈ МИЦКОВСКИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet