Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПРОФ. ДАНАИЛОВСКИ: НЕ МОЖАМ ДА ИСТОЛЕРИРАМ ШИРЕЊЕ НЕВИСТИНИ ОД ДОКТОР

May 19, 2020 Filed Under: Македонија

Докторката Дервишова тврди дека и САРС-КоВ-2 отсекогаш постоел!!! Простете, кога доктор покажува незнаење, кажува невистини и со тоа ги минимизира опасностите на ваков начин, тоа е СКАНДАЛОЗНО!

ИМА ДОКТОРИ И ДОКТОРИ Професорот Данаиловски ја критикува заради незнаење лекарката која е водно и претседател на Здружението на матични лекари

,,Д-р Дервишова на својот профил на социјалните мрежи, сподели дека од 7 часот наутро досега имала 55 прегледи на лица полни со стравови предизвикани од коронавирусот и пензионери кои ја молат да им издаде некаква дозвола со која ќе можат да се движат и навечер.

За вирусот Ковид-19 таа вели дека спаѓа во родови вируси кои постоеле и ќе постојат и бара да се укинат сите рестриктивни мерки, бидејќи тоа влијае лошо врз здравјето на луѓето.

Мислам дека веднаш треба да се запре со сите рестриктивни мерки. Од утрово неколку пациентки дојдоа со панични состојби, вртоглавици од страв. Го поулавевте народов. Пензионери ме молат да сум им дала потврда да можат да се движат и вечер, бидејќи не можат да издржат со толку малку движење.

Овие што се оперирани од срце велат нас кардиохирургот ни велеше да се движиме и утро и вечер. Здрави луѓе се ограничуваат да си го живеат животов. Двајца дојдоа со многу јаки болки од заб…

Вратете се во нормала…Здравиве ќе ни умрат од недвижење и сите компликации кои ги носи таквиот живот. Јас имам толку да кажам…55 прегледи досега од 07 часот до сега… – напиша докторката, а пренесе порталот Секој ден.

Оваа статија ја сподели новинарката Ирена Радовановиќ, а коментар имаше нашиот најпознат епидемиолог, Проф. д-р Драган Даниловски:

„Не можев да не интервенирам, зашто никако не може да се истолерира ширење невистини од било кого, а камоли од доктор, кој истовремено е и претседател на Здружението на матични лекари!

Во својот статус на фејсбук, за вирусот Ковид-19 таа вели дека „спаѓа во родови вируси кои постоеле и ќе постојат“.

Е, па, вака стојат работите. Точно е дека отсекогаш коронавирусите постоеле. Тоа е фамилијата коронавируси. Во неа спаѓаат предизвикувачот на болеста САРС (Кина 2002-2003), предизвикувачот на МЕРС (Саудиска Арабија, 2012-2013), новиот коронавирус, со којшто сега се бориме, кој е наречен САРС-КоВ-2, (а не Ковид-19), како и четири нивни „собраќа“, кои предизвикуваат респираторни инфекции со симптоми на обична настинка.

Овие последниве навистина отсекогаш живееле покрај луѓето. Нема некој што не настинал, зарем не?

Меѓутоа, докторката тврди дека и САРС-КоВ-2 отсекогаш постоел!!! Простете, кога доктор покажува незнаење, кажува невистини и со тоа ги минимизира опасностите на ваков начин, тоа е СКАНДАЛОЗНО!

Ја поканувам дотичната докторка да си ги освежи своите знаења од вирусологија, преку многу лесно достапниот сајт на википедија, каде што во детали ќе ја види поделбата на овие вируси, нивната структура итн. (https://en.wikipedia.org/wiki/Coronavirus )

Што се однесува до нејзините искази за проблемите на пациентите со стравови, како и желбите на пензионерите да шетаат и навечер, едноставно немам коментар!

Само ќе потсетам дека овие навистина тешко подносливи рестриктивни мерки сите ние ги трпиме, токму за да ги заштитиме пензионерите од инфекција! Кои, нели, (да потсетам), најлошо поминуваат, ако заболат!”

 

Filed Under: Македонија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet